Еве колку информации може да собере човечкиот мозок

Американските научници кои го проучувале мозокот тврдат дека мозокот може да собере информации колку и во 4,7 милијарди книги.

Истражувачите од американскиот иститут за биолошки студии „Salk“ го пресметале капацитетот на меморија на човечкиот мозок така што го анализирале потенцијалот на синапсите, местото на контакт помеѓу два неврони, одговорни за бележење податоци.

Тим научници кој го предводел Тери Сејновски открил дека доколку секоја синапса би била во состојба да забележи 4,7 бита информации, човечкиот мозок би можел да складира 1.000.000.000.000.000 бајти податоци, односно еден петабајт.

Еден петабајт податоци е еднаков на 13,3 години телевизиски ХД снимки, 4,7 милијарди книги или 670 милиони интернет страници.

Нагласено е дека станува збор за теоретска способност за меморирање, бидејќи мозочните „архиви“ се всушност многу помали.