Колумна на министерот за финансии Фатмир Бесими -ЕВРОПА – ДА, ЕВРОПА – СЕГА

Ми претставува големо задоволство што во оваа колумна имам можност на јавноста да ѝ ја најавам третата годишна конференција на Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ). СЕФФ е иницијатива на Министерството за финансии за воспоставување на платформа за дебата на јавните политики на теми релевантни за нашата земја и поширокиот регион. Оваа платформа е резултат на нашата заложба како институција за транспарентност и инклузивен дијалог со сите општествени чинители, имајќи предвид дека инклузивноста е суштинска за носење на одржливи решенија. Обединувањето и дебатата на креаторите на политиките, политичките претставници, меѓународните партнери за развој, граѓанското општество, академската јавност, бизнис-секторот и другите експерти, имаат за цел креирање на синергија на идеи и иницијативи за економско закрепнување и инклузивен, забрзан и зелен раст.

Во предзорите на подобро, европско утре за нашата земја, во кое пред нашите граѓани се отвораат бројни нови можности за повисок стандард, понапредни услови, сигурност и перспектива, темата на овогодинешната дискусија на конференцијата не можеше да биде ништо друго освен ЕУ. „Европа – ДА, Европа – СЕГА“, односно „Европската интеграција и економскиот просперитет“ е темата на која ќе се одвиваат дискусиите на третата годишна конференција на СЕФФ, која ќе се одржи на 15 септември. Дебатите ќе бидат поврзани со забрзувањето на европската и регионалната интеграција, унапредување на окружувањето за обезбедување економски просперитет, геополитика и политики, како и глобални трендови и можности за стопанството. На конференцијата ќе говорат високи претставници на Европската комисија, европските банки – Европската инвестициска банка, Советот на Европска развојна банка и Европската банка за обнова и развој, меѓународни финансиски институции како Светската банка и ММФ, УСАИД, претставници од владите во регионот, дипломати, бизнис сектор, академска јавност итн.

Овие денови, кога наративот за евроинтеграциите има главно политичка димензија, добро е повторно да се отвори дискусијата за сите аспекти – економски, социјални, геостратешки, за да сите ние како граѓани ја имаме целосната слика. Несомнено, во изминатите две децении се соочивме со многу премрежиња, што ја поколеба вербата кај дел од јавноста дека еден ден ќе се реализира европската агенда. Но, има изрека дека ноќта е најтемна пред зората. На пример, во случајот на Хрватска, непосредно пред пристапувањето во Унијата се забележуваше амбивалентност на јавноста во однос на евроинтегративниот процес. Лично, очекувам дека кај нас евроскептицизмот забрзано ќе се намалува во следниот период, но треба да се стигнеме до таа точка. Во оваа колумна ќе дадам свои размислувања зошто треба да се каже „ДА“ за Европа и зошто е вистинскиот момент „СЕГА“, како една увертира на мојата дискусија на СЕФФ.

Зошто “ДА” за Европа?

Европската унија, како мировен политички проект, во својата основа ја има економската унија. Од Европската заедница за јаглен и челик, па се до креирањето на монетарната унија со единствена валута, мотивите за поврзување на државите на европска почва биле главно водени од економски интереси. Секако, сите овие земји ги делат и заедничките вредности, поривот за мир, демократија, сигурност и човекови права. Сумарно, денес 27-те земји-членки претставуваат хетероген збир на култура, јазици и историја, обединети со цел обезбедување на подобри услови за живот на граѓаните.

Економистите наоѓаат непресушен извор на инспирација за истражувања, анализи, трудови, посветени на Унијата и нејзината трансформациска моќ врз општеството и економијата. Теоријата на компаративни предности, постигнувањето на економија на обем, теориите за финансиска и економска интеграција и за ендоген раст, се применливи во случајот на ЕУ. Единствениот пазар, фискалната и финансиска интеграција, институционалното поврзување и усогласувањето со европското законодавство, и севкупно, грубо кажано – симбиозата со поразвиените и понапредните, придонесува за забрзување на растот и развојот на економиите кои стануваат дел од Унијата.

Најдобро мерило за трансформациската моќ на Унијата е животниот стандард. Согласно спроведени студии и анализи на подолги временски серии на ефектот на ЕУ се проценува на дополнителни 12%-20% од БДП по жител. Ефектите од единствениот европски пазар врз трговијата и врз БДП, одредени студии ги квантифицираат на околу 10% од БДП на ЕУ во просек. Кај новите земји членки, се забележува и подобрување на климата за водење на бизнис, како и напредок во структурните реформи. Грубо, кога би сумирале придобивките би биле следните:

 

Трговска интеграција. Единствениот пазар е платформа за слободна трговија за членките, без царински и нецарински бариери. Како што кажав и погоре, тој стимулира специјализација, раст и конвергенција кај земјите членки. Ќе ги земам за пример, проширувањата во 2004 и 2007 година, пред кои трговијата помеѓу старите и новите земји-членки порасна речиси трикратно за помалку од 10 години и петкратно меѓу самите нови членки. Придобивките се како од аспект на поголема конкурентност на стопанството, така и од страна на граѓаните кои имаат пристап по поголем квантитет и квалитет на производи и услуги, по помали трошоци. На пример, интернет и телефонските услуги низ ЕУ имаат ист трошок, како резултат на укинувањето на роамингот. Тука вреди да се спомне и заштитата на правата на потрошувачите, која во Унијата се на високо ниво.

 

Економија од обем. Преку единствениот пазар од половина милијарда потрошувачи, од микроекономски аспект, многу е полесно да се постигне економија од обем, што би значело намалување на трошоците преку поголемиот обем на производството.  Исто така, ЕУ е најголемиот трговски блок во светот, најголемиот извозник на произведени стоки и услуги, како и најголемиот увозен пазар. ЕУ зафаќа околу 15% од светската трговија. Благодарение на заедничкиот настап, заедничката трговска стратегија, се етаблира високо на светската трговска сцена, додека билатералните трговски договори отвораат нови можности за фирмите од Унијата за настапи на нови пазари.

Единствена валута и слободно движење. Согласно повеќе студии, усвојувањето на заедничка валута, како и укинувањето на внатрешните граници во Унијата е во насока на понатамошно олеснување на трговијата, а со тоа и поттикнување на економскиот раст и развој на одделните економии. Преку 340 милиони граѓани на ЕУ го користат еврото, со што се заштитени од курсни разлики и девизни шпекулации, додека тоа оди во прилог и на зајакнувањето на единствениот пазар. Слободното движење се однесува како на бизнисите, кои се заштитени од ризиците на глобализацијата преку правилата на ЕУ за поддршка на малите бизниси, така и на луѓето, кои можат да се едуцираат, пактикуваат, волонтираат и работат во Унијата.

Финансиска интеграција. Европската интеграција значи и финансиска отвореност, со поголемо ниво на либерализација на капиталната сметка. Економската литература упатува и на ефектот на „прелевање“ на странските директни инвестиции, како резултат на интеграцијата, што значи нови вложувања, работни места, пренос на технологија и знаења, до развој на економијата. Проширувањето од 2004 покажува дека приливите на странски директни инвестиции од ЕУ-15 кон новите членки сочинуваа 30% од БДП од новите земји членки во следните две години (ЕК 2006).

Солидарност и заеднички фондови. Европската унија обезбедува структурни и инвестициони фондови за новите земји членки, но и развојни средства за земјите кандидати преку Претпристапните фондови (ИПА). Овие средства играат значајна улога во регионалниот рамномерен развој, развој на инфраструктурата и поттикнување на економскиот раст.

 

Институционална интеграција. Подобрување во владеењето на правото, политичката стабилност, регулаторниот квалитет, борбата против корупцијата, отчетноста, ефективност во јавниот сектор и услуги – ова се придобивките од транспонирањето на европската наднационална легислатива во националното законодавство. Особено е голем напредокот во претпристапниот период, кога реформската енергија дава импресивни резултати во подигнувањето на институционалните капацитети.

Некои други придобивки се интегрираниот пристап во решавање на некои суштински прашања од глобално значење, како на пример заштитата на животната околина и соочувањето со климатските промени. Исто така, меѓународната дипломатија, каде гласот на сите земји од Унијата, има значително посилен ефект и тежина во меѓународни рамки, отколку ако настапуваат поединечно. Врзано со ова е прашањето и на безбедност, како и на човекови права, кои се уредени и со наднационалното законодавство.

 

Над дваесет пати повеќе ЕУ фондови по глава на жител по влезот во ЕУ

Како што земјата се приближува до Унијата, така се отклучуваат повеќе фондови, достапни за користење, развојни и структурни. Членките пак, имаат на располагање фондови кои се повеќекратно повисоки во однос на кандидатите за членство. Ќе дадам една споредба помеѓу Кохезиониот фонд и ИПА претпристапните фондови на ЕУ.

Кохезиониот фонд е наменет за поддршка на земјите-членки на ЕУ, кои имаат бруто национален доход (Gross National Income) понизок од 90% од ЕУ-27 просекот. Целта на овој фонд е да ги зајакне економски помалку развиените земји-членки, а со крајна цел, економска и социјална кохезија во ЕУ. Со средствата од Кохезиониот фонд се поддржуваат проекти во областа на животната средина, како и трансевропските мрежи во областа на транспортната инфраструктура. За периодот од 2021-2027 година, земји кои се кориснички на Кохезиониот фонд се Бугарија, Чешка, Естонија, Грција, Хрватска, Кипар, Латвија, Литванија, Унгарија, Малта, Полска, Португалија, Романија, Словачка и Словенија или околу 128 милиони жители на Унијата. За периодот од 2021-2027 година, преку овој фонд, на овие земји им се достапни 392 милијарди евра, или според груби пресметки околу 3.000 евра по глава на жител кај овие земји (со вкупно население од 128 милиони жители).

За истиот период на земјите кои се кандидати или потенцијални кандидати за членство во Унијата им е достапен претпристапниот фонд – ИПА III (2021-2027), во вкупен износ од 14,2 милијарди евра. Целта на овој фонд втемелен на принципот на солидарност е да ги поддржи земјите аспиранти за членство да ги имплементираат политичките, институционалните, правните, административните, социјалните и економските реформи, коишто се бараат од нив за да се ускладат со правилата, стандардите, политиките и праксите на Европската Унија, за на тој начин да се осигура понатаму нејзината стабилност, сигурност и просперитет. Според груби пресметки, со ИПА III се обезбедуваат по околу 140 евра по глава на жител за граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Турција (со вкупно население од 103 милиони жители).

Сумарно, разликата од чекалната на ЕУ – до внатре во Унијата е 2.868 евра по глава на жител, односно 21,8 пати повеќе (3.006/138=21,8). Тоа значи, дека според грубите пресметки, членството во Унијата ќе донесе дополнителни 2.868 евра по глава на секој жител во земјава, односно дополнителни 5,2 милијарди евра за пет години, што е на исто ниво колку што колку што е буџетот на нашата земја за 2023 година. Ова се средства со кои ќе можеме да имаме подобра инфраструктура, подобри услови за живот, повеќе средства за работа на нашите претпријатија и подобар животен стандард за нашите работници. Ќе напомнам дека ова е само груба пресметка, додека придобивките од членството се многукратно поголеми и на повеќе фронтови, како што пишав и погоре. Се разбира, постојат и трошоци поврзани со адаптацијата на производството и почитувањето на ригорозните еколошки стандарди, кои и онака неминовно мора да се спроведуваат во насока на зголемена конкурентност и отпорност на нашето стопанство, кое сака да се интегрира во европскиот и глобалниот синџир на создавање вредност.

Во една од минатите колумни посветени на ЕУ (ќе нагласам уште еднаш и како вицепремиер за европски прашања и како министер за финансии, ЕУ е моја постојана инспирација за анализи и осврти), пишував за буџетот на ЕУ, кој за периодот 2021-2027 година е проценет на околу 2.000 милијарди евра, средства насочени кон поддршка на областите: Климатска и дигитална интеграција; Заеднички пазар и иновации; Кохезија, отпорност и заеднички вредности; Природни ресурси и околина; Миграција и управување со граничниот простор; Соседство и свет и Европска јавна администрација. Ова е само во насока читателската публика да добие поширока претстава за сите фондови кои стојат на располагање и за кандидатите, но многу повеќе за членките на ЕУ.

 

Зошто Европа „СЕГА“?

По започнувањето на војната во Украина, се повеќе се нагласува дека сега е вистинскиот момент за проширување на Европа, како и дека сега е вистинското време за Западен Балкан за приближување и интеграција кон Унијата. Со приближување на изборите за Европскиот Парламент, кои треба да се одржат во 2024 година, се поверојатно е дека понатамошното проширување ќе се најде високо на агендата. Се поприсутни се изјавите и оние кои се заложуваат за понатамошни интеграции и проширувања на Унијата.

 

Пред околу еден месец претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лeјен, го објави новиот план за доближување на земјите од Западен Балкан до Европската Унија и нивна економска поддршка. И овој план може да се сфати како подадена рака кон Западен Балкан. Како што посочи претседателката, новиот пристап на ЕУ не е само да бара од партнерите да направат чекор кон ЕУ, туку и ЕУ да направи голем исчекор кон нив, а заедничка цел е забрзување на процесот. Не треба многу да се чита меѓу редови за оваа јасна порака која Фон дер Лeјен ја упати до лидерите, но и граѓаните. Ова е навистина голема можност, која треба да се искористи и охрабрувачка порака, особено во еден специфичен период кога оптимизмот за влез во ЕУ варира.

По неколкуте глобални економски кризи со кои се соочивме во изминатите три години, ова се добри вести, кои треба да знаеме да ги препознаеме и искористиме. Пред се да го фатиме историскиот момент и максимално да го искористиме за спроведување на потребните реформи и како што често кажувам, да ја донесеме „Европа дома“ уште пред да станеме членка на ЕУ. Второ, да ги поставиме пред нас сите предности и предизвици и да донесеме рационална одлука, која ќе биде во корист на нашите граѓани, нивната сегашност и нивната иднина во земјава, а не надвор од неа.

Се надевам дека дадов одговор зошто „ДА“ и зошто „СЕГА“ ЕУ. Дебата е отворена и ве очекувам да дискутираме и заедно да ја донесеме најдобрата одлука за нас и за нашите деца, внуци, за подобро денес и уште подобро утре, за сите нас, тука, како дел од Европа, на која и припаѓаме.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Николоски фатен во нова лага – тврдеше дека Груевски „збор нема кажано“ за „францускиот предлог“

Во гостување на 360 на 25.09.2023 потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изјави дека во објавите на Никола Груевски немало збор за францускиот предлог до обзнанувањето на тоа што се случува зад сцената од актуелниот претседател на партијата Христијан Мицкоски: „Некој нека направи анализа, затоа што тој извади дури и книга... Прочитај повеќе...

Груевски за ВМРО-ДПМНЕ: Треба да смислат квалитетна програма, а не ако СДСМ вика А ние да викаме Б

Со внатрепартиски препукувања не може да се привлечат независни гласачи, тие се привлекуваат со квалитетна понуда на проекти, порача екс премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во вечерашното вклучување во живо. „Треба многу конкретна понуда, многу квалитетна понуда, не како досега ако СДСМ вика А ние да викаме Б.... Прочитај повеќе...

Груевски: Ако им одговорам на Мицкоски и Николовски ќе се чудат што ги снашло

„Се трудам да се воздржам да не кажам некои работи што ќе им направат голема штета. Јас иммам многу информации но сум незадоволен од многу работи“ – рече Никола Груевски во вонредното вклучување во емисија во живо на порталот Инфомакс. „Јас со многу нивните политики не се согласував и сега... Прочитај повеќе...

Невреме во Македонија

Променливо облачно и посвежо, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени. Времето... Прочитај повеќе...

Шаховското дерби на Алкалоид и САД со многу заплети до нерешен резултат

Светското екипно првенство за шахисти над 50 годишна возраст во Струга веќе во третото коло го донесе дерби мечот на највисоко рангираната екипа, репрезентацијата на САД, со шахистите на Алкалоид кои се четврти носители на турнирот. Мечот заврши нерешено, 2:2, но самите партии ни оддалеку не беа мирољубиви. Шахистите на... Прочитај повеќе...

Николоски фатен во нова лага – тврдеше дека Груевски „збор нема кажано“ за „францускиот предлог“

Во гостување на ТВ21 на 25.09.2023 потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изјави дека во објавите на Никола Груевски немало збор за францускиот предлог до обзнанувањето на тоа што се случува зад сцената од актуелниот претседател на партијата Христијан Мицкоски: „Некој нека направи анализа, затоа што тој извади дури и книга од фејсбук-статуси, дали од објавувањето […] Прочитај повеќе...

Груевски за ВМРО-ДПМНЕ: Треба да смислат квалитетна програма, а не ако СДСМ вика А ние да викаме Б

Со внатрепартиски препукувања не може да се привлечат независни гласачи, тие се привлекуваат со квалитетна понуда на проекти, порача екс премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во вечерашното вклучување во живо. „Треба многу конкретна понуда, многу квалитетна понуда, не како досега ако СДСМ вика А ние да викаме Б. Треба обмислени проекти, со пресметка. […] Прочитај повеќе...

Шаховското дерби на Алкалоид и САД со многу заплети до нерешен резултат

Светското екипно првенство за шахисти над 50 годишна возраст во Струга веќе во третото коло го донесе дерби мечот на највисоко рангираната екипа, репрезентацијата на САД, со шахистите на Алкалоид кои се четврти носители на турнирот. Мечот заврши нерешено, 2:2, но самите партии ни оддалеку не беа мирољубиви. Шахистите на Алкалоид влегоа во мечот со […] Прочитај повеќе...

БОНУС ОД МИЛИОН И ПОЛ ДЕНАРИ ВО СПОРТ ЛАЈФ

  Нов милионски тикет во „Sport Life” – Струмица, со помош на големиот Фибоначи бонус на добивката од 610% . Ова шесткратно зголемување на добивката, редовниот играч на „Sport Life“ го остварил со уплатени 50 денари, а освоил неверојатни 1.795.145 денари. Дури 1,5 милион денари се од бонусот на добивката, која инаку би изнесувала 300.000 […] Прочитај повеќе...

Спасовски за Фронтлајн и Цивил Медиа: СДСМ е стожер на проевропскиот фронт, за мене е важно тој проевропски фронт да ја добие довербата на граѓаните

Во интервјуто за Фронтлајн и Цивил медиа, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски запрашан за приклучувањето на СДСМ на проевропскиот фронт, рече: „Еднаш и засекогаш мора да се одвојат прогресивните сили во државата визави сите оние кои што ја влечат државата назад, оние ретроградни сили, оние сили коишто не ѝ помагаат на државата да напредува. […] Прочитај повеќе...

Мексико ја престигна Кина

Кина повеќе не е најважниот надворешно трговски партнер на Америка, туку Мексико е, според американските статистичари. Трговската размена меѓу двете земји достигна 263 милијарди долари во првите четири месеци од оваа година, што претставува 15,4 отсто од надворешната трговија на САД. Кога Кина се приклучи на Светската трговска организација во... The post Мексико ја престигна Кина appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Ново значително поскапување на дел од горивата и денеска во Македонија – Цената на нафтата на светските берзи “беснее” и е на највисока точка оваа година

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 92,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР... The post Ново значително поскапување на дел од горивата и денеска во Македонија – Цената на нафтата на светските берзи “беснее” и е на највисока точка оваа година appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска се во пораст и суровата нафта „брент“ првпат од почетокот на годинава достигна цена од 93 долари за барел. Меѓународната агенција за енергија (МААЕ) објави дека доброволното продолжување на дневните ограничувања за производство на нафта од страна на Саудиска Арабија и Русија ќе... The post Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Го преплавија српскиот пазар: Русите основаа околу 7.000 компании

Руските граѓани имаат основано 6.976 компании во Србија од почетокот на војната во Украина. И покрај оваа бројка, под знак прашалник е дали сите овие компании ќе придонесат за растот на српската економија или се само начин руските граѓани да добијат дозвола за постојан престој во Србија со која дополнително... The post Го преплавија српскиот пазар: Русите основаа околу 7.000 компании appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Борба против инфлацијата: Европската централна банка по 10-ти пат ја зголеми каматната стапка

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ја зголеми каматната стапка 10-ти пат по ред во борбата против постојаната и висока инфлација која ги мачи потрошувачите, иако расте стравот дека повисоките трошоци за задолжување можат да придонесат економијата да влезе во рецесија . Зголемувањето на стапката за четврт процентен поен доаѓа додека... The post Борба против инфлацијата: Европската централна банка по 10-ти пат ја зголеми каматната стапка appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy