Костадиновска-Стојчевска: Четиринаест милиони евра за квалитет, иновативност и креативност во проектите од национален интерес за културата во 2024

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната прес-конференција по повод резултатите од Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година, истакна дека оваа година за таа цел се издвоени милион и пол евра повеќе од ланскиот буџет.

„Вкупните средства наменети за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година изнесуваат 867 милиони и 600 илјади денари или 14 милиони евра“, информираше министерката Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура соопшти дека годинава се пристигнати 3 132 пријави, од кои 313 се одбиени по административната проверка поради пријавување во несоодветна дејност, непотполна документација, а во некои случаи наместо документ бил приложен и празен лист. Од тие причини, таа ја поздрави секоја одлука на членовите на комисиите кои, како што рече, без двоумење поддржаа проекти што ги оценија како креативен блесок.

Костадиновска-Стојчевска информираше дека квалитетот, иновативноста и креативноста се врвни приоритети за секоја дејност во културата за 2024 година, и дека оваа година проектите од креативните индустрии се дел од Годишната програма, за што е отворена и нова буџетска линија.

„Во поголемиот дел од 26 пријавени проекти во оваа програма, комисијата препозна проекти за кои велат дека ги поместуваат границите и нудат поразлични перспективи во креативните индустрии“, рече министерката за култура.

Осврнувајќи се на резултатите во Годишната програма, министерката рече дека ја радува поддршката на млади автори, драматурзи, режисери, на нови, но и на докажани авторски имиња, како и поддршката на проекти кои одат во насока на деметрополизација на културата.

Министерството за култура во континуитет се грижи за одржување на темелните вредности на македонската култура и затоа и во 2024 година, во рамките на Годишната програма се поддржани значајни јубилеи и годишнини, како: 100 години од формирањето на првиот Археолошки музеј, 80 години од основањето на НУБ „Свети Климент Охридски“, 80 години Филхармонија, 75 години „Танец“, 20 години од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски. Ќе ги чествуваме и спомените на големите: Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Томо Владимирски, Вангел Коџоман, Вангел Наумовски…

Заштитата на културното наследство останува во приоритетите на културните политики на Министерството за култура и Костадиновска-Стојчевска наброја некои од капиталните проекти од оваа област.

„Продолжува непосредната заштита на скопскиот Аквадукт и на црквата Света Богородица во Лешочкиот манастир; конзервацијата на Свети Ѓорги во Курбиново и на Сарајот на Нијази-бег во Ресен; непосредната заштита и реализација на проектот за конзервација и реставрација и препокривање на црквата Успение на Пресвета Богородица во Матејче; проектот за состојбата на црквата Успение на Пресвета Богородица во манастирот Трескавец; адаптација на Старото училиште во Љубојно во Центар за промоција на македонскиот јазик, како и заштитата и конзервацијата на културното наследство на Лазар Личеноски“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Во делот на инвестициите, продолжува финансирањето на: Турски теaтар, Теaтар и библиотека во Тетово, Теaтар Куманово, реконструкција на Музејот на Северна Македонија, реконструкција, санација и адаптација на објектот на поранешното кино „Партизан“ при НУ Народен театар Битола во мултифункционален центар, реконструкција со надградба и доградба на објектот Универзална сала.

Во однос, пак, на меѓународната афирмација на македонската култура, поддржани се проекти од повеќе дејности, автори и уметници со потврдена репутација, како и млади талентирани уметници. Костадиновска-Стојчевска во претставувањето на програмата спомна некои од приоритетите во меѓународната дејност, како што се: проектите за реализација во земјите претседавачи со Европската Унија, во градови – европски престолнини на културата; проекти кои се во функција на унапредување на Стратегискиот дијалог со САД; проекти за продлабочување на соработката со дијаспората; проекти за регионална соработка и поврзување.

На крајот од своето обраќање, Костадиновска-Стојчевска посака успешна реализација на проектите од Годишната програма за 2024 година.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Приведен криминалец од радовишко, осуден на казна затвор од осум години и два месеци

Денеска (28.02.2024) во 06.00 во село Дамјан, радовишко, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода А.П.(37) од село Дамјан. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Куманово поради бегство од установата. А.П. бил осуден на казна Прочитај повеќе...

Уставниот суд го укина делот националност во матичните книги: „Се работи за приватно и внатрешно чувство на човекот“

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука со која се укинува делот националност во три члена од матичната книга на родените, венчаните и матичната книга на умрените. Портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска образложи на прес-конференција дека Уставниот суд оценил дека овој податок од граѓаните е во спротивност со вредноста Прочитај повеќе...

Навални бил малтретиран по неговата смрт? Вдовицата на рускиот опозициски лидер со шокантни тврдења

Јулија Навални денеска изјави дека телото на нејзиниот покоен сопруг Алексеј Навални било злоставувано и дека не е сигурна дали неговиот погреб во петок ќе биде мирен настан или полицијата ќе мора да реагира. Вдовицата на Алексеј Навални пред Европскиот парламент изјави дека телото на нејзиниот сопруг било злоставувано по Прочитај повеќе...

Арсовска го промовира новото биокомпостиште: решение за справување со органскиот отпад

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од скопските јавните претпријатија го промовира новото биокомпостиште за ефикасно компостирање органскиот отпад. Kомпостиштето е дел од системските решенија за третирање на биоразградливот отпад и произведување природно ѓубриво за зелените површини во градот. Истовремено, со биокомпостиштето се овозможува ефикасно решение за Прочитај повеќе...

Четири експлозии одекнаа во Амстердам во текот на ноќта

Во Амстердам во текот на ноќта одекнаа експлозии во четири згради, на најмалку две од нив бил испишан зборот „војна“, а полицијата уапсила двајца осомничени, јави локалната телевизија АТ5. Првата експлозија се случила околу 23 часот и 45 минути во станбениот комплекс и неколку прозорци се искршени, а полицијата набрзо Прочитај повеќе...

„Емоцијата има своја боја“ – нов проект на Халкбанк за едукација на најмладите

Халкбанк започнува нова активност за поддршка, едукација и забава на најмладите. „Емоцијата има своја боја“ е проект во кој преку видео приказни ќе се едуцираат децата како да ги препознаваат и изразуваат емоциите и да ги поврзуваат со одредени бои. Станува збор за серија видеа во кои покрај штедливото слонче Халки, главен лик ќе биде […] Прочитај повеќе...

Пензиите ќе пораснат за 5 проценти, нова корекција ќе има во септември

За 5 проценти ќе пораснат пензиите, а притоа ќе тече и помошта до 3000 денари со новата методологија според која пензиите се корегираат два пати годишно. Корекцијата се врши еднаш во март и другиот пат во септември системски согласно просечната плата, инфлацијата и други параметри. Прочитај повеќе...

АЛКАЛОИД со рекорден извоз од 183,9 милиони евра, инвестиции од 28,3 милиони евра и со 232 нови вработувања во земјава за 2023

АЛКАЛОИД со рекорден извоз од 183,9 милиони евра, инвестиции од 28,3 милиони евра и со 232 нови вработувања во земјава во периодот јануари – декември 2023 г. Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2023 година продажбите достигнуваат 12.261.902.275 денари, што е за 16 % повеќе во споредба со […] Прочитај повеќе...

Галеника: Стратешко проширување ма портфолиото и раст на меѓународното деловно работење

Компанијата Галеника во текот на 2023 година забележа значително проширување на портфолиото на производи, раст на бројот на меѓународни сертификати за квалитет и натамошна интернационализација на работењето. Во текот на претходната година, во Србија и на регионалните пазари каде што работи, Галеника регистрираше 129 производи, а 77 беа пуштени во оптек. Компанијата го зголеми бројот […] Прочитај повеќе...

47 санкции за недавање првенство на минување

Во текот на вчерашниот ден (27.02.2024) во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола за санкционирање на возила кои не даваат првенство на минување на крстосница на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 47 возачи. Од нив, 14 на територијата на СВР Тетово, по седум на […] Прочитај повеќе...

Министрите за финансии на ЕУ ги поддржуваат амбициозната стратегија за надградба на силните страни на Групацијата ЕИБ, фокусирањето на осумте приоритети

Претседателката на Европската инвестициска банка Надја Калвињо сподели минатата недела со министрите за финансии на ЕУ амбициозна стратегија за надградба на силните страни на Групацијата ЕИБ, фокусирање на осум основни политички приоритети и искористување на целосниот потенцијал на институцијата за зајакнување на растот и општествената и територијалната кохезија и поддршка... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

„Емоцијата има своја боја“ – нов проект на Халкбанк за едукација на најмладите

Халкбанк започнува нова активност за поддршка, едукација и забава на најмладите. „Емоцијата има своја боја“ е проект во кој преку видео приказни ќе се едуцираат децата како да ги препознаваат и изразуваат емоциите и да ги поврзуваат со одредени бои. Станува збор за серија видеа во кои покрај штедливото слонче... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Ново покачување на пензиите за 5 проценти од март!

Пензиите ќе пораснат за 5 проценти, нова корекција ќе има во септември. За 5 проценти ќе пораснат пензиите, а притоа ќе тече и помошта до 3000 денари со новата методологија според која пензиите се корегираат два пати годишно. Корекцијата се врши еднаш во март и другиот пат во септември системски... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

АЛКАЛОИД со рекорден извоз од 183,9 милиони евра, инвестиции од 28,3 милиони евра и со 232 нови вработувања во земјава за 2023

АЛКАЛОИД со рекорден извоз од 183,9 милиони евра, инвестиции од 28,3 милиони евра и со 232 нови вработувања во земјава во периодот јануари – декември 2023 г. Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2023 година продажбите достигнуваат 12.261.902.275 денари, што е за 16... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Галеника: Стратешко проширување ма портфолиото и раст на меѓународното деловно работење

Компанијата Галеника во текот на 2023 година забележа значително проширување на портфолиото на производи, раст на бројот на меѓународни сертификати за квалитет и натамошна интернационализација на работењето. Во текот на претходната година, во Србија и на регионалните пазари каде што работи, Галеника регистрираше 129 производи, а 77 беа пуштени во... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

ЖЕНИТЕ ВО ПРЕДНОСТ: Научниците открија максимален број години колку луѓето можат да живеат

Ако сте загрижени за брзината со која се приближувате до следниот „голем“ роденден, тогаш имаме добри вести за вас. Се разбира, да наполните 25, 30 или 40 години изгледа страшно, но научниците тврдат дека ја откриле максималната возраст до која човек може да живее, а ве чекаат уште убави години. Заклучоците доаѓаат од студијата спроведена... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Пари ќе “паѓаат од небо”: Најдобриот руски астролог вели дека овие два знака во март ќе пливаат ВО ПАРИ

Познатиот руски астролог Павел Глоба тврди дека двата знака од Зодијакот во март ќе имаат повеќе среќа од сите други кога се во прашање финансиите и парите. Имено, тој истакнува дека материјалниот аспект од нивниот живот ќе биде многу нагласен, а во позитивна смисла, во текот на првиот пролетен месец и дека може да очекуваат... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ОГАН ВО КРЕВЕТ: Топ 10 работи кои откриваат голем љубовник

Можеби мислите дека ви е жешко во кревет, но можеби не ви оди баш најдобро. Што го прави добар љубовник? 10 карактеристики на личност која може самоуверено да каже дека е добра во кревет. Доколку се пронајдете во овие 10 работи, немате причина за грижа, пишува Крстарица. 1. Сакате да учите нови работи 2. Разигран... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Трите хороскопски знаци кои најмногу изневеруваат на ергенски и момински забави

Жените често се повозбудени од мажите за денот на нивната венчавка. Тие му придаваат важност на секој детал, дури и на чиновите што доаѓаат пред самиот ден на свадбата. При нивното организирање се одлучува дали тоа ќе биде помирна опција или на пример одење во клуб, изнајмување простор и слично, а често на овие прослави... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Четири хороскопски знаци кои ќе пливаат во пари овој март!

Еве четири хороскопски знаци со оптимистички финансиски изгледи за март 2024 година: Бик: Поединците Бик може да најдат профитабилни можности во стабилни инвестиции или потфати со недвижнини во текот на март 2024 година. Нивната практична природа и решителност може да доведат до значителни финансиски придобивки. Лав: Лавовите може силно да блеснат во нивните кариери во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...