Ковачевски – Бун: Француската Република е со Северна Македонија и во следните етапи за остварување на европската цел

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, се сретна со државна секретарка за Европа на Француската Република, Лоранс Бун, по што е одржана и заедничка прес-конференција.

На прес-конференцијата, како и на средбата е испратена пораката дека денешната посета на државната секретарка за Европа Лоранс Бун, е за да се покаже доследност во пријателството помеѓу Француската Република и Северна Македонија, по европскиот договор, со што се отворени европските перспективи за нашата држава и да се манифестира јасна поддршка за европските перспективи на нашата држава.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за големото и искрено пријателство помеѓу Северна Македонија и Француската Република, значајно за демократскиот и европскиот развој на нашата држава.

Премиерот Ковачевски на прес-конференцијата оцени дека „Француското претседателство во ЕУ беше клучно на нашиот европски пат“ и дека Република Северна Македонија продолжува да работи на остварувањето на оваа државна стратешка цел.

Во продолжение Ви го пренесуваме во целост обраќањето на премиерот Ковачевски на прес-конференцијата:

„Драго ми е што денес, со г-ѓа Бун, разговаравме за нашата европска иднина, за отпочнатите преговори, отпочнатиот скрининг, за напредокот, за потпишаниот Договор со ФРОНТЕКС, за конкретни реформи, а не зборуваме дека сето ова треба да се случи во иднина.
Разликата е огромна и видлива.

На 19 јули ги отпочнавме преговорите со ЕУ ја одржавме првата меѓувладина конференција.
На 15 септември започна скрининг процесот.

На 26 октомври го потпишавме договорот за ФРОНТЕКС кој е прв документ на кој имаме ставено потпис заедно со сите останати 27 земји членки на ЕУ, на македонски јазик, без никакви додавки, ѕвездички и фусноти.

Ова се три датуми кои остануваат врежани во македонската историја како денови кога ние добивме целосна потврда за нашите заложби за европска иднина и кога добивме потврда дека македонскиот јазик е заштитен и е на исто рамниште со останатите јазици на Европската Унија.

Започнато е ново поглавје во нашиот европски пат, на кој треба да се случат и понатамошните реформи и трансформацијата на општеството со што ќе ја оствариме нашата стратешка цел – а тоа е полноправното членство во ЕУ.

Оваа Влада, донесе многу тешки одлуки, но со тоа покажа визија, лидерство и храброст. Отворањето на преговорите реално значи можност за подобра, побогата иднина, подобар животен стандард за граѓаните, можност, идните генерации да живеат во земја членка на ЕУ, но тоа наместо да биде во некоја друга земја, да биде тука, дома, во Северна Македонија.
Процесот на преговори беше мачен и тежок, знаете и самите, но фактот дека ние од тој процес излеговме како земја која успеала да се избори за своите позиции и да остане доследна на она кое го има зацртано, она на кое нѐ обврзаа граѓаните преку Собранието, ме прави навистина горд.

Успеавме да се избориме за заштита на македонскиот јазик, на македонскиот идентитет, се изборивме за историските прашања да разговараат експерти, а не политичари и успеавме да ги одблокираме сите процеси кои нѐ кочеа толку долго време. Успеавме конечно да започнеме со реалната трансформација на општеството преку скрининг процесот, на кој сме навистина посветени да го завршиме во рокот кој го зададовме на почетокот. Македонскиот тим е подготвен, има експертиза, знаење, и ќе го заврши скринингот во планираниот период од 14 месеци.

И ние и ЕУ ги исполнуваме нашите ветувања.

Останува следниот чекор, уставните измени, кои ќе се најдат пред македонското Собрание и нашите 120 пратеници.

Знам дека нивната одлука нема да е лесна, но очекувам дека ќе покажат државничко однесување и ќе овозможат земјата да се движи забрзано по европскиот пат.

Секако дека тие имаат избор да остават да биде се така како што било и да ја остават земјата во стагнација и неизвесност, но верувам, уверен сум, дека тие ќе бидат на ниво на задачата и ќе донесат одлука со која ќе се овозможи подобра иднина, за идните генерации, за нас, за нашите деца.

Пратениците се сепак и пред сѐ претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат да живеат во земја членка на ЕУ. Сакаат да сме полноправна членка. Но не затоа само заради членството само по себе, туку заради подобар животен стандард, заради подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, заради економски напредок, социјална правда, и владеење на демократија.

Заради подобар живот по европски стандарди. Затоа што сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината.

Полноправното членство во ЕУ е нашата цел и ние немаме друга алтернатива.

Патот до ЕУ нема да е лесен, но мора да се изоди. Затоа што на крајот на тој пат е големата награда, полноправното членство во ЕУ. Нашите граѓани, идните генерации ќе живеат во ЕУ, горди што се Македонци, со крената глава, со македонски јазик, со македонски идентитет, но она што е најважно, побогати и со подобар стандард од тоа што го имаат сега.

За тоа се доказ сите земји членки кои пред многу години биле во нашата ситуација, а кои по членството во ЕУ доживеале сериозен раст и развој и денес нивните граѓани ја имаат шансата да живеат во земји со подобар стандард, да се побогати, да ги остваруваат сопствените потенцијали целосно, да живеат европски и слободно.

Дали ќе бидеме и ние таму, сега зависи само и единствено од нас.

Овие подадени раце на поддршка од нашите пријатели, оваа шанса која ја имаме, не смееме да ја пропуштиме.

Европската Унија во овој процес се покажа како партнер од доверба и ги исполни и своите ветувања. Ние последно, добивме поддршка во форма на грант од 80 милиони евра кои Северна Македонија ќе ги искористи за справување со економско енергетската криза.

Оваа поддршка доаѓа затоа што ЕУ препозна дека ние сме одговорна влада која одговорно менаџира со буџетот. Токму со тој пристап ние изминатиов период можевме ги вратиме парите на граѓаните кога е тоа најмногу потребно и да обезбедиме два пакети антикризните мерки заштита на најранливите граѓани и за заштита на компаниите во вредност од над 760 милиони евра.

Токму затоа можевме да обезбедиме и ликвидност на компаниите со што ги заштитивме работните места, а и континуирано да обезбедуваме 80% субвенционирана струја како и евтина струја за да има непречено функционирање на виталните функции на државата.

Со последните мерки за обезбедување евтина струја за прехранбената индустрија, очекуваме и да се намалат цените на лебот, млекото, брашното и другите основни прехранбени продукти за најмалку 10% и да го заштитиме стандардот на граѓаните.

Токму со такво одговорно однесување, изминатиов период обезбедивме и зголемување на минималната плата на 18.000 денари, зголемување на пензиите, на платите во образование, во полиција, во здравството, да обезбедиме континуирано зголемување на просечната плата.

Со истиот овој одговорен пристап но и со визија за иднината ние пристапуваме и кон енергетската трансформација која ни е толку многу потребна особено во ова време на недостаток на енергенси.

ЕУ и тука ја нуди својата поддршка и ќе е партнер од доверба, обезбедувајќи можност за развој на проекти во енергетскиот сектор.

Јас често зборувам за големите стратешки енергетски проекти, кои што во моментов се преговараат во Владата со стратешки партнери од странство и еден од најголемите од нив доаѓа токму од Франција, АКУО кој е заинтересиран за изградба на голема фотоволтаична централа од 400МВ во регионот на Штип.

Со правилна поддршка и правилно менаџирање, јас сум уверен дека можеме да ја трансформираме нашата прекрасна татковина во хаб на зелената енергија и да обезбедиме и енергетска независност, но и да го снабдуваме регионот со струја од обновливи избори.

Ова е иднината, и не е недостижна. Ние веќе ги преземаме првите чекори и уверен сум дека ќе ја оствариме нашата визија и ќе обезбедиме вложување во индустриите на иднината кои ќе ни донесат повеќе работни места, подобро платени работни места, ќе ни донесат подобра заедничка иднина.

Ви благодарам и уште еднаш упатувам благодарност и до Франција и француското претседателство со ЕУ во текот на оваа година и до државниот секретар, г-ѓа Бун“.

Државната секретарка за Европа на Француската Република, Бун, на прес-конференцијата, како и на билатералната средба, порача дека Република Северна Македонија заслужува да биде дел од Европската Унија.

„Работевме заедно за европските перспективи затоа што тоа го заслужувате. Сакаме да останеме со вас и во следните етапи, за постигнување на оваа цел“, рече државната секретарка за Европа, Бун, на прес-конференцијата.

Таа оцени дека Република Северна Македонија е столб на стабилноста во регионот. Исто така го нагласи значењето на договорот со ФРОНКЕТС, потпишан и на македонски јазик, за што на средбата е констатирано дека е силно признание од страна на ЕУ.

На средбата е исто така констатирано дека Франција секогаш била присутна во клучните историски моменти во нашата држава, дека е воспоставена соработка во рамки на одбраната со којшто ќе се зголемат капацитетите на одбраната на нашата држава, дека односите меѓу двете држави се продлабочени на историско ниво и со лично заложување на претседателот Макрон и дека Француската Република е определена за продлабочување на односите со Република Северна Македонија и на политички и на економски план.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
„Само се шегувавме“: Уапсени во Босна и Херцеговина поради тврдења за исчезната Данка донесена во полиција

Тројцата кои беа уапсени кај Хаџиќ бидејќи тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ, за што барале пари, во полиција изјавиле дека „само се шегувале“. Федералната полициска управа вечерва уапси три лица на локации кај Илиџа и Хаџиќ кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации Прочитај повеќе...

Полицијата ја опколи куќата во која исчезна Данка – возила со ротација забележани вечерва

Неколку автомобили на српското МВР во ротација поминале во правец на куќата пред која исчезнала малата Данка, пренесува Телеграф. Црно возило го следеше колоната под ротација. На стадионот во Бор слета и хеликоптер на српското МВР. Засега не се знае дали багерите, кои го расчистуваа теренот, привремено го прекинаа копањето Прочитај повеќе...

Ковачевски: Со државната поддршка за македонските комапнии создадовме нови 5.000 работни места

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше и дискутираше на панел дискусија „Креираме развој преку поддршка на инвестиции“ во организација на ТИРЗ и Кабинет на ЗПВ Битиќи. Денешната трибина, ја посочи претседателот Ковачевски, како добра можност да се сублимираат досегашните преземени мерки и резултатите во делот на Прочитај повеќе...

Унијата на Ромите дел од Европскиот фронт, Ахмети: Не’ очекува голема победа

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПA на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ДЕП на Аријан Хоџа и Демократска партија на Турците (ТДП), претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети одржа конференција за медиумите, каде што беше потпишан коалицискиот договор со Фатма Османоска, претседател Прочитај повеќе...

Сонце и температури над 28 степени – Метеоцентар со детална прогноза за претстојниот викенд

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата. Прогноза за 30.03.2024 Минимална температура: Прочитај повеќе...

Нова револуционерна мерка од 2025 година: Седумчасовно работно време за одредени дејсности и сектори

Нова револуционерна мерка во делот на работните односи. Веќе од почетокот на следната година, одредени дејсности и сектори ќе имаат седумчасовно работно време. Веќе од 2025 година во одредени сектори ќе се воспостави работен ден од седум часа, односно работна недела од 35 часа наместо 40 часовна работна недела, но притоа платите нема да се […] Прочитај повеќе...

Битиќи и Деспотовски: Kреираме развој со поддршка на инвестиции на домашни и странски компании

Можностите за инвестиции и поддршка од државата особено за домашните компании, идни мерки како и презентација на примери на македонски компании кои со поддршката од државата градат успешни приказни беше во фокусот на денешната панел дискусија посветена на економијата и инвестициите. Настанот го организираа заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за […] Прочитај повеќе...

Јавното обвинителство се координира со останатите институции за обезбедување фер и демократски изборен процес

Координација на активностите за успешно спроведување на претстојните избори, со поддршка од сите институции кои се дел од овој процес, беше тема на денешниот состанок на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Талат Џафери. На средбата присуствуваше и јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата […] Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот Регион

Министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Охрид оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО која е составена од членови на Центарот за светско наследство, Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата. Средбатата се одржа во Завод и […] Прочитај повеќе...

Просечна плата од 1.100 а по влезот на Македонија во ЕУ, 1.300 евра, најавува Битиќи

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за Слободен печат истакна дека СДСМ во новата програма предвидува просечна плата од 1.100 евра до крајот на 2028 година и дека според него тоа е сосем остварливо. „Велиме дека просечната плата во државата во 2028 година ќе биде 1.100 евра и тоа се истите анализи и метрики […] Прочитај повеќе...

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Групацијата Нелт продолжува забрзано да се развива, со синергија на организациски промени, инвестиции во дигитална трансформација и развој на африканските пазари. На третата годишна конференција „Accelerate 2025“, посветена на актуелната деловна стратегија, присуствуваа повеќе од 200 менаџери на компаниите кои се дел од Групацијата. Милош Јелиќ, првиот извршен директор на... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Прва регионална конференција на професионални сметководители во РСМ:  Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Неопходни се одлучни чекори, јасна институционална поддршка и соработка помеѓу сите засегнати страни и партнери во процесот, како и искористување на искуствата на земјите од регионот, за да се овозможи натамошен развој на сметководствената дејност и унапредување на статусот на професионалните сметководители во нашата земја. Ова се дел од препораките... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Собранието го донесе новиот закон за вино – Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Собранието на Република Северна Македонија, на денешната седница, со 64 гласа ЗА го донесе новиот закон за вино, предложен од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Исполнивме уште еден даден збор пред лозарите. Новиот закон за вино во целост е усогласен со одредбите на европското законодавство, во делот на воведувањето... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Пуштена во употреба високонапонска трафостаница во Штип

Со пуштање во употреба на новата трафостаница „Штип 1“ се поттикнува локалниот развој во штипскиот регион. На официјалниот старт со работа на трафостаницата присуствуваа претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер и градоначалникот на општина Штип, г-дин Иван Јорданов. „Задоволувањето на потребите на нашите корисници и сигурноста... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Поголемата финансиска инклузија на жените претприемачи преку развивање вештини, знаења, изработката и следењето на соодветните податоци и пристапот до финансиски средства се основните цели на пилот-проектот со кој ќе раководи Народната банка со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Ова беше истакнато на денешниот настан на кој... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

ЖЕНИТЕ ВО ПРЕДНОСТ: Научниците открија максимален број години колку луѓето можат да живеат

Ако сте загрижени за брзината со која се приближувате до следниот „голем“ роденден, тогаш имаме добри вести за вас. Се разбира, да наполните 25, 30 или 40 години изгледа страшно, но научниците тврдат дека ја откриле максималната возраст до која човек може да живее, а ве чекаат уште убави години. Заклучоците доаѓаат од студијата спроведена... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Пари ќе “паѓаат од небо”: Најдобриот руски астролог вели дека овие два знака во март ќе пливаат ВО ПАРИ

Познатиот руски астролог Павел Глоба тврди дека двата знака од Зодијакот во март ќе имаат повеќе среќа од сите други кога се во прашање финансиите и парите. Имено, тој истакнува дека материјалниот аспект од нивниот живот ќе биде многу нагласен, а во позитивна смисла, во текот на првиот пролетен месец и дека може да очекуваат... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ОГАН ВО КРЕВЕТ: Топ 10 работи кои откриваат голем љубовник

Можеби мислите дека ви е жешко во кревет, но можеби не ви оди баш најдобро. Што го прави добар љубовник? 10 карактеристики на личност која може самоуверено да каже дека е добра во кревет. Доколку се пронајдете во овие 10 работи, немате причина за грижа, пишува Крстарица. 1. Сакате да учите нови работи 2. Разигран... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Трите хороскопски знаци кои најмногу изневеруваат на ергенски и момински забави

Жените често се повозбудени од мажите за денот на нивната венчавка. Тие му придаваат важност на секој детал, дури и на чиновите што доаѓаат пред самиот ден на свадбата. При нивното организирање се одлучува дали тоа ќе биде помирна опција или на пример одење во клуб, изнајмување простор и слично, а често на овие прослави... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Четири хороскопски знаци кои ќе пливаат во пари овој март!

Еве четири хороскопски знаци со оптимистички финансиски изгледи за март 2024 година: Бик: Поединците Бик може да најдат профитабилни можности во стабилни инвестиции или потфати со недвижнини во текот на март 2024 година. Нивната практична природа и решителност може да доведат до значителни финансиски придобивки. Лав: Лавовите може силно да блеснат во нивните кариери во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...