Ковачевски: Ја јакнеме родовата еднаквост за општество во кое жените се сигурни и економски независни

Премиерот Димитар Ковачевски денеска учествуваше и говореше на Форум за родова еднаквост во организација на Министерството за труд и социјална политика и Фондацијата Фридрих Еберт.

Овој настан е во рамките на одбележувањето на 16 дена активизам против родово насилство.

Во продолжение е целосното обраќање на премиерот Ковачевски:

„Чест ми е што сум на овој регионален настан на кој се говори за родово базирано насилство.
За родово базираното насилство говориме низ целата година. Говориме што правиме и што ќе правиме за време на 16-те дена активизам против родово насилство секој ноември. Говориме секој пат кога ќе прочитаме полициски билтен или новинарски напис. Говориме секогаш кога ќе чуеме дека тоа се случило на некој нам близок. Но она што сметам дека е најважно, е дека оваа Влада не работи само на говорењето за проблемите. Иако токму тоа говорење е најважно за подигнување на свеста и надминување на состојбите во кои се табуизира насилството врз жените и девојчињата, јас како прв во извршната власт, заедно со мојата Влада имам одговорност да направам што е можно повеќе системски измени во насока на спречување на насилството.
Нашите родови политики се прогресивни политики, и тие во овие пет години се гледаат од најразлични аспекти. Било да разговараме за новиот Закон за спречување на дискриминација, новиот Закон со кој се остварува правото на жената за безбеден прекин на бременоста и укинување на административните бариери кои го одолговлекуваа или пак за родовото буџетирање, сите тие се насочени кон обезбедување на безбедна и сигурна средина за жената во која може без притисок да донесе сопствена одлука.

Но, враќајќи се назад кон темата за родово насилство, важно е да кажеме дека ние сме една од првите земји кои ја ратификуваа и постапуваат по Истанбулската конвенција, но не запревме тука кога е во прашање основниот чекор односно усогласување на потребната легислатива која ќе овозможи мерки за справување со родовото насилство кое корелира со реалноста. Подготвивме и донесовме целосно нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство. Во овој закон целосно ги имплементираме одредбите од Истанбулската конвенција.

Нашиот фокус од сега и во иднина ќе биде на практичната примена на легислативата, бидејќи на сите во просторијава ни е јасно дека клучот за успешното справување со родовото насилство лежи во примената и механизмите кои ќе се унапредат во пракса.

Законот за родова еднаквост треба да ја зајакне положбата и статусот во општеството и да обезбеди еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општеството. Тој предвидува формирање на секретаријат чија основна намена е следење на мерките за родова еднаквост.

Случаите како „Јавна соба“ ни ги покажаа слабостите на системот но исто така ни покажаа дека санкционирањето и превенирањето се најважните алки во справувањето со родово базирано насилство. Пресудите на обвинетите во случајот „Јавна соба“ обесхрабруваат други повторни појави на вакви случаи, кон што придонесуваат и измените и воведувањето на дело „Демнење“ се предвидуваат строги санкции за вознемирување преку интернет.
Тоа значи дека секој што неовластено ќе следи, прогонува или ќе се меша во личниот живот на друго лице (вклучително и да воспостави несакан контакт) може да се казни со казна до три години затвор, и тоа верувам дека ќе направи пресвртница во слободата која досега ја чувствуваа оние кои без одговорност ги загорчуваа животите на многу жени и девојки, некои поради професијата, некои поради политичкиот или граѓанскиот активизам, и слично.

Но, како и секое горливо општествено прашање, и ова бара заеднички општествени напори. Ние како Влада мора да обезбедиме политики и механизми, но тука мора да делуваме координирано со граѓанските организации, со академската фела, со медиумите. На овој фронт мора да се здружиме, затоа што без едукација и образование, подигнување на свест и новите алатки за заедничко дејствување нема да има резултат.

Не е доволна решителност или делување само на Владата, потребна е пошироко консолидирано дејствување кое ќе предизвика широки, општествени промени. Со овие промени ја враќаме довербата во институциите, односно обезбедуваме сигурност на оние кои се жртви на секаков вид насилство. Секоја жена, секоја жртва која трпи насилство треба да знае дека не е сама, државата, институциите се тука за да ги заштитат но и соодветно да ги казнат сите оние кои сториле каков било вид на насилство.

За крај, сакам да го заокружам ова мое обраќање со основната причина зошто го правиме сето ова како Влада. Затоа што ние мора да излеземе од конзервативните сфаќања кои не уназадуваат како општество. Затоа што е редно да се едначиме со економски успешните земји кои и статистички и научно се економски силни затоа што имаат обезбедено општества кои се родово еднакви и кои создаваат економски независни жени. И за да ја постигнеме таа цел, го очекуваме партнерството на сите прогресивни сили.“

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Киднапирано 2-годишно дете на улица во Австралија

Во тек е масовна потрага во Австралија по двегодишно момче кое било киднапирано на улица. Полицијата на Нов Јужен Велс издаде итна тревога до јавноста откако Џекс Вилсон бил киднапиран во пристаништето Кофс кратко по 14 часот по локално време. Полицијата соопшти дека го однеле маж и жена. „Тие тргнаа... Прочитај повеќе...

Германците не се задоволни од Шолц, покажува анкета

Германците покритички од кога било гледаат на работата на владејачката коалиција. Угледот на канцеларот Олаф Шолц падна на рекордно ниско ниво. Германскиот АРД спроведе истражување кое покажа дека само 17 отсто од Германците се задоволни од работата на германската влада. Ова особено влијае на канцеларот Шолц. Само 20 отсто од... Прочитај повеќе...

Израелската армија пронашла оружје и тунел под универзитетот во Газа

Израелската армија денеска соопшти дека пронашла оружје и тунел под Универзитетот Ал Азар во Газа. Наведено е дека тунелот, од зградата на универзитетот до блиското училиште, е долг еден километар. Армијата тврди дека пронашла контролна соба на палестинската организација Хамас, со камери, телефони и оружје, во близина на болница во... Прочитај повеќе...

Пешак се здоби со тешки повреди по удар од автомобил во Гостивар

Возило управувано од 70-годишник удруи во малолетен пешак од селото Речане. Според информациите од полицијата, несреќата се случила денес во 11 часот на улицата ЈНА во Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар . Извршен бил увид. Прочитај повеќе...

Пензионерка нападната во Автокоманда по расправија

Р.С.(78) од Скопје пријавила во полицијата дека вчера околу 17.00 часот на подрачјето на Автокоманда била физички нападната од женско лице. Според пријавеното, на нападот претходна расправија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, извести МВР во дневниот билтен. Прочитај повеќе...

Македонец за претседател на Собранието, пропадна мантрата на ДПМНЕ за наводната албанизација

Како што е случај со ВМРО ДПМНЕ, со години шират само лажни информации, правејќи неболуозни изјави со цел да створат омраза помеѓу граѓаните а притоа градат поени на криминал, шпекулации и невистини. ДПМНЕ со години ја трасира мантрата за албанизација којашто предизвикува само недоразбирање помеѓу граѓаните но за жал повеќе и од очигледно е дека […] Прочитај повеќе...

Чупеска: Мицкоски во кратки црти да раскаже каква заедничка платформа договараа со Палчо

Мицковски имал информации и докази, што точно ќе овозможат да се открие вистината за трагичните настани кои се случија во земјава каде се убиени две лица?! И сеуште ќути и не ги споделува со релевантните служби кои се задолжени за спроведување на истрагата, а ќе ги обелоденел за неколку месеци?!? Невероватно што се чоеков може […] Прочитај повеќе...

Во 2028 година Македонија ќе биде членка на ЕУ?

Македонија ќе стане членка на Европската униија во 2028 година. Ова го изјави вчера премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „360 степени“ на МРТ1. Ковачевски рече дека во следниот мандат ќе биед влезот во ЕУ, односно до 2028 година. Тој е убеден дека победник на изборите ќе биде СДСМ и коалицијата. -На претседателските избори на […] Прочитај повеќе...

Оваа идеја ги надминува сите очекувања: Швеѓаните сфатија како бесплатно да ги загреваат куќите

Екологијата се повеќе го стекнува своето заслужено место, а земјите од Скандинавија секако се водечки. Затоа, не треба да чуди што Шведска наскоро би можела да стане број еден еколошка земја. Имено, нивните идеи се иновативни, а нивните трикови за конзервација надминуваат се. Грејната сезона трае долго, некои користат дрва, некои гас, а некои верувале […] Прочитај повеќе...

„Прекумерниот девизен курс ги поскапи швајцарските стоки и услуги во странство“ Франкот најсилен во однос на еврото од 2015 година

Еврото падна на најниско ниво во однос на швајцарскиот франк во повеќе од осум години, бидејќи играчите на пазарот очекуваат Европската централна банка (ЕЦБ) брзо да ги намали каматните стапки по налудничавите коментари на нејзините официјални лица и поповолните економски податоци. Еврото падна на 0,9404 франци, што е најниско ниво откако швајцарската народна банка ја […] Прочитај повеќе...

Годишната стапка на инфлација во Германија во ноември беше потврдена на 3,2 отсто

Годишната стапка на инфлација во Германија падна на 3,2 отсто во ноември од 3,8 отсто во октомври, во согласност со претходната проценка. Ова денеска го потврди германската федерална статистичка служба Дестатис. Инфлацијата во Германија во ноември беше најниска од јуни 2021 година. „Стапката на инфлација ослабе петти месец по ред“,... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Рускиот приход се зголеми

Приходите на рускиот буџет од јануари до ноември, според прелиминарните проценки, се зголемени за 4,8 отсто на годишно ниво на 25,96 трилиони рубљи. Ова денеска го соопшти Министерството за финансии на Русија. Приходите од нафта и гас за првите 11 месеци од оваа година се намалени за 22,8 отсто на... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Централната банка на Индија ја задржа референтната каматна стапка

Централната банка на Индија (РБИ) денеска објави дека одлучила да ја задржи референтната каматна стапка на 6,5 отсто, петти пат по ред. Глобалниот раст забавува, но индиската економија покажува отпорност на светските настани бидејќи економијата на земјата порасна за 7,6 отсто на годишно ниво во вториот квартал од фискалната 2023/24... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Во октомври значително зголемување: Зголемена вредноста на увозот на руска стока во Америка

САД во октомври увезле стоки од Русија во вредност од 274,4 милиони долари, што е значително зголемување од 252,3 милиони долари во септември, покажуваат податоците на американското биро за попис, кое собира податоци за населението и економијата на САД. Во извештајот се наведува дека извозот на американски стоки во Русија... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

„Прекумерниот девизен курс ги поскапи швајцарските стоки и услуги во странство“ Франкот најсилен во однос на еврото од 2015 година

Еврото падна на најниско ниво во однос на швајцарскиот франк во повеќе од осум години, бидејќи играчите на пазарот очекуваат Европската централна банка (ЕЦБ) брзо да ги намали каматните стапки по налудничавите коментари на нејзините официјални лица и поповолните економски податоци. Еврото падна на 0,9404 франци, што е најниско ниво... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Подгответе се: Доаѓаат пари за ЧЕТИРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ во декември! Дали сте еден од нив?

Бик (20 април – 20 мај): Поединците Бикови често се поврзуваат со финансиска стабилност и практичност. Вашиот фокус и одлучност може да доведат до поволни финансиски резултати или можности за зголемен приход. Јарец (22 декември – 19 јануари): Јарците се познати по силната работна етика и амбициозност. Во декември, вашата напорна работа и стратешки пристап... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ИЗБЕГНЕТЕ ЛОША СРЕЌА: Откриено потеклото на традицијата на бакнување на полноќ на новогодишната ноќ

Иако точното потекло на прославувањето на вториот почеток на новата година е непознато, обичајот често се следи на два зимски фестивали: Сатурналија во антички Рим и Хогманај, викиншка традиција која сè уште се слави на Нова година во Шкотска. Сатурналија се одржуваше секоја година за време на зимската краткоденица, а бидејќи беше најголемата забава во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Задолжително на лекар – 6 знаци на недостаток на железо

Ниското ниво на железо е најчестото и најраспространето нарушување во исхраната во светот, особено во западните земји, соопшти Светската здравствена организација. Тие веруваат дека дури две милијарди луѓе, што е над 30 отсто од светската популација, страдаат од одреден степен на недостаток на железо, што е особено честа појава кај жените. Ова се најчестите знаци:... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Ова се сите придобивки од кефирот: од протеини до пробиотици

Кефирот е култивиран, ферментиран пијалок кој потсетува на јогурт. Одредени извори наведуваат дека овој пијалок е стар повеќе од 1000 години и потекнува од Кавказ. Наводно, локалните мештани, познати по своето здравје и долговечност, случајно го откриле додека носеле свежо млеко во нивните кожени чанти. Некогаш малку познат надвор од Кавказ, денес кефирот е особено... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Домашна купка за испукани пети, поефикасна од крема – Потребни се само 2 состојки

Испуканите пети се проблем со кој многумина од нас се соочуваат секојдневно. Отстранетиот калузен епидермис се враќа како бумеранг, а нашите стапала постојано не изгледаат како што би сакале. Оваа купка за потпетици со домашни состојки може да ви помогне да ги трансформирате стапалата пред да влезете во пролетни чевли. Што ви е потребно за... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy