Ковачевски: На 9 Мај гордо ги славиме победата над фашизмот и големата идеја за Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски се обрати на свеченоста по повод 9 Мај – Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа, што се одржа во дворот на Владата.

Пригодната свеченост по повод 9 Мај, започна со положување венци свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ за чествувањето на празниците – Ден на победата над фашизмот и Денот на Европа, како два историски настани кои се вградени во битието на Република Северна Македонија и кои граѓаните на нашата земја, заедно со народите на нашите сојузнички и партнерски држави во НАТО и ЕУ ги славиме како заеднички вредности.

На свеченоста пред Владата свои обраќања имаа и претседателот на Сојузот на Борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна на Македонија д-р Никола Стојановски, амбасадорката на Соединетите Американски Држави  Кејт Мери Брнз и амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир.

Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски во целост.

„Денеска одбележуваме и славиме голем ден – 9 Мај, како Ден на победата над фашизмот и како Ден на Европа.

9 Мај е еден датум за два големи настани во историјата на Европа и на нашата земја.

Денешниот ден е запишан со златни букви во историјата на напредна Европа и на Европејците.

Ова е ден кога ги чествуваме и се поклонуваме пред големото дело на припадниците на партизанските единици од Народно ослободителната војна кои со двете заседанија на АСНОМ ја заокружија вековната борба и стремеж на македонскиот народ за своја самостојна држава.

Дело кое денес го славиме како наша заедничка победа со сојузничките сили над фашизмот и со прогресивните народи на Европа и на Соединетите Американски држави.

Втората светска војна на територијата на Македонија заврши со околу 25.000 загинати борци и други жртви.

Нашите сограѓани од тоа време, припадници на сите етнички заедници, ги дадоа своите животи затоа што избраа да застанат на страната на сојузничките, антифашистички сили, кои решија да се обединат и да им застанат на патот на фашистичките окупатори.

Од денешен аспект, од огромно историско значење е што создавањето на македонската држава се оствари и низ учеството на партизанските единици на страната на антифашистичкиот сојуз. Тоа учество беше и останува вистинската страна на историјата и единствениот и вистински избор.

Изборот на македонскиот народ, заедно со сите други народи беше македонската држава да биде создадена како дом на слободата. Дом на слободата за сите нејзини граѓани без исклучок. Држава на сите и за сите.

Дом каков што е денеска Европската Унија, како што е напредна и прогресивна Европа.

Затоа денеска имаме силни, големи причини да славиме и да бидеме дел од прославите ширум Европа.

Да ја славиме победата над фашизмот и да ја славиме големата идеја за Европа.

Затоа 9 Мај е ден кога чествуваме и еден друг историски настан вграден во темелите на повоената историја на Европа.

Денеска одбележуваме 72 години од денот кога на 9-ти мај 1950 година, после двете катастрофални светски војни што ја фрлија Европа на колена и фашизмот кој го згрози човештвото, францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман, повика да започне изградбата на нова Европа.

Чувствувајќи одговорност за важноста каква иднина ќе им обезбедат на своите граѓани, европските земји коишто го прифатија овој повик, прифатија и дека споделуваат заедничка историја и влегоа во решавање на разликите меѓу себе.

Седум години подоцна, шест европски земји ја основаа Европската економска заедница со Договорот од Рим и го отпочнаа процесот на европската интеграција кој ќе биде крунисан со она што денеска претставува Европската Унија.

Европа денес не е само географија. ЕУ не се само институциите во Брисел и Стразбур. Европа и Европската Унија се концепт кој е заснован на заедничките основни верувања и убедувања за слободата, за демократијата и човековите права, за пазарна економија, како и за остварување на фер економски можности врз темелите на солидарноста.

Обединети и единствени околу овие вредности можеме да се соочиме со предизвиците на нашето време. Да покажеме заеднички дека сме подготвени да го направиме историскиот исчекор и да започнеме со преговорите за проширување на ЕУ со земјите на Западен Балкан.

Со новите граници, Европската Унија ќе стане уште поголем економски и политички играч на светската сцена зашто Европа научи дека стабилноста на континентот е во стабилноста на неговата целост.

Ние, граѓаните на Република Северна Македонија ја избравме Европа и Европската Унија зашто се изградени на вредностите во кои веруваме и ги практикуваме и ние.

Оттаму, кога велиме дека ЕУ е избор на граѓаните на Северна Македонија, велиме и дека тоа е избор за економски посилна Европа. Избор за поправедна и побезбедна Европа која ни припаѓа на нас, на сите нас.

Затоа сме горди и на овој избор. Ја избравме иднината. Иднината на Европската Унија – иднина што му припаѓа на секој европски граѓанин.

Почитувани,

Со идејата за Европската Унија лидерите на европските земји избраа дека сите разлики ќе ги решаваат на масата, а не на воените боишта. Затоа и сметавме дека нема да има војна повторно на европско тло. Но денес за жал сме сведоци дека правото секоја земја да го чува својот суверенитет и правото слободно да ја избира својата надворешнополитичка ориентација и сопствените безбедносни политики е повредено.

Затоа, заедно со нашите сојузници во НАТО стоиме цврсто на позициите за превенирање на безбедносните кризи кои ги загрозуваат мирот, стабилноста и просперитетот во светот. Ги следиме и се спротивставуваме на операциите кои целат да предизвикаат безбедносна криза која ќе влијае на стабилноста и просперитетот и да создадат дилема околу стратешката улога на НАТО и ЕУ во нашиот регион.

Во таа насока, нашето сојузништво со Соединетите Американски Држави продолжува и понатаму да ја гради нашата успешна приказна на заедништво и на споделување на вредностите на кои е изграден најмоќниот воено-безбедносен сојуз, НАТО.

Со нашето заедничко учество во мисиите на НАТО и со поддршката на другите активности на Алијансата, заедно се справуваме со гео-политичките предизвици и даваме придонес кон намалување на ризиците и заканите кои потенцијално би можеле да донесат нестабилност во нашиот регион или во Северна Македонија.

Во изминатите пет години, после сите премрежија и искушенија, презедовме крупни, храбри чекори да направиме од нашата држава европски дом за сите зашто Северна Македонија била и секогаш ќе биде Европа.

Тоа е нашиот избор за посигурна, безбедна и просперитетна иднина за нашите млади и за сите наши идни генерации.

Обединети и единствени во овој избор околу европските вредности, можеме да се соочиме со предизвиците на нашето време.

Денеска тоа е нашиот патриотизам.

Со такво чувство и со таков пристап, денеска можеме гордо да си ги честитаме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Нека ни е честит – 9 Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа!“.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Новородено бебе самo си ја држи главата, цел свет зборува за неверојатното видео

Познато е дека бебињата не можат самостојно да ја држат главата нагоре. За тоа им треба време и вежбање. Бебињата имаат целосна контрола врз држењето на главата од шест месеци, па не е чудно што вистинското изненадување е новороденото момче кое може целосно самостојно да ја држи главата. Неговата мајка... Прочитај повеќе...

Дали е можно: Стаорци обвинети дека изеле половина тон марихуана

Стаорците во северна Индија се „обвинети“ дека изеле стотици килограми марихуана складирана во полициските магацини, јавува Си-Ен-Ен. Стаорците се мали животни и не се плашат од полицијата, изјави судот во Матура, Утар Прадеш, откако им беше кажано дека локалната полиција не пронашла речиси 200 килограми запленет канабис што требаше да... Прочитај повеќе...

Драма во Англија: Автомобил влета во толпа каде имало 800 луѓе ФОТО

Автомобил управуван од непознат возач влетал во толпа од 800 луѓе во англискиот град Конглтон, на улицата каде што се одржува божиќниот пазар. Според соопштението на локалната полиција, уапсени се три лица, а автомобилот подоцна бил пронајден напуштен. Стив Браун, сопственик на продавницата на Хај Стрит, рече дека штотуку се... Прочитај повеќе...

Сообрќајка на Новоселски пат  – Судир на три возила, има повреден

Едно лице е повредено во сообраќајка која што се случила на Новоселски пат во Скопје во саботата нешто пред 15 часот. Според информациите на Центар.мк во несреќата учествувале три возила и тоа два автомобили марка форд и тешко товарно возило марка рено, сите со скопски таблички. Во несреќата едно лице... Прочитај повеќе...

Спасовски: И во Пробиштип СДСМ е силно и одлучно

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ: И во Пробиштип #СДСМ е силно и одлучно – заедно со граѓаните на трибина ги потврдивме заедничките заложби што како Влада ги исполнуваме во континуитет. Ветив реконструкција на Одделение за внатрешни работи Пробиштип, денес тоа е реалност. Од 2021 полицијата во Пробиштип... Прочитај повеќе...

Спасовски: И во Пробиштип СДСМ е силно и одлучно

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ: И во Пробиштип #СДСМ е силно и одлучно – заедно со граѓаните на трибина ги потврдивме заедничките заложби што како Влада ги исполнуваме во континуитет. Ветив реконструкција на Одделение за внатрешни работи Пробиштип, денес тоа е реалност. Од 2021 полицијата во Пробиштип... Прочитај повеќе...

Ковачевски од Штип: Текстилците знаат што значи двојно зголемена минимална плата

„Минималната плата ја покачивме двојно, од 8.000 денари во време на ВМРО-ДПМНЕ, на 18.000 денари. Штип е работнички град. Ние парите ги насочуваме кон работниците, а ВМРО-ДПМНЕ ги смешате за евтина работна рака која треба да се искористи. Знам дека работниците по македонските конфекции најдобро знаат што значи оваа разлика,... Прочитај повеќе...

Ковачевски од Штип: Владата на СДСМ ги обнови речиси сите патни врски во источниот регион

„Штип и македонскиот исток многу добро знаат колку е значајно инвестирањето во патната инфраструктура. Речиси и да нема патна врска која не е обновена во источниот регион благодарение на развојните политики на СДСМ“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Штип. Тој додаде дека е... Прочитај повеќе...

Ковачевски од Штип: По 10 месеци ја спасивме економијата и ги поддржавме граѓаните и компаниите

„Резултатот од изминатите 10 месеци ми дава полно право да ви кажам дека следната година ќе биде подобро. По само 10 месеци можеме да кажеме дека ја спасивме македонската економија со антикризни мерки вредни 760 милиони евра и економски политики. Го поддржавме стандардот на граѓаните, компаниите, ранливите граѓани кога беше... Прочитај повеќе...

Ковачевски дочекан спектакуларно во Штип: Премиер – 2024-2028 (ФОТО)

– Димитар Ковачевски во Штип дочекан спектакуларно, со преполна сала. А и транспарентот е погоден!, објавува фан страницата “Криминалите на ВМРО ДПМНЕ”: Прочитај повеќе...

Илон Маск: Ако Apple го отстрани Twitter од App Store, ќе изградам нов телефон

Илон Маск одговори на шпекулациите дека Твитер би можел да биде отстранет од Apple Store поради „безбедносни“ грижи, сугерирајќи дека може да направи „алтернативен паметен телефон“ доколку тоа се случи. Како и секогаш со најбогатиот човек на светот, не е јасно дали се шегува или е сериозен. На крајот на краиштата, ова е човекот кој […] The post Илон Маск: Ако Apple го отстрани Twitter од App Store, ќе изградам нов телефон appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Германските компании очајно бараат ИТ експерти, платите високи

Криминалците сè повеќе ги напаѓаат компјутерските системи на германските компании, а тие се очајни да ангажираат експерти и да се заштитат. Мнозинството не успева, соопшти во петокот Федералното биро за статистика, како што пренесе агенцијата ДПА. Имено, минатата година се интензивираа проблемите со регрутирањето на специјалисти. Повеќе од три четвртини од компаниите кои барале таканаречени […] The post Германските компании очајно бараат ИТ експерти, платите високи appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

СЛЕДУВА ЦЕНОВЕН ШОК: Германија ја поскапува струјата до 130% од 1 јануари

Германската влада донесе одлука за ограничување на цената на струјата и гасот, која ќе важи од јануари 2023 година до април 2024 година, пишува Дојче Веле. Претходно над 7 милиони домаќинства беа информирани за огромни поскапувања на струјата од Нова година. Германците и онака имаат најскапа струја во ЕУ. А деновиве милиони домаќинства добија известување […] The post СЛЕДУВА ЦЕНОВЕН ШОК: Германија ја поскапува струјата до 130% од 1 јануари appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Новини во платежната сфера од 01 јануари – Советот на Народната банка донесе 12 подзаконски акти

Народната банка ги усвои подзаконските акти кои овозможуваат ефикасна примена на новините во платежната сфера Советот на Народната банка усвои сет подзаконски акти со кои се операционализира новата правна рамка во платежната сфера која ја поставува Законот за платежни услуги и платни системи, чија примена ќе започне од 1 јануари 2023 година. Примената на новата […] The post Новини во платежната сфера од 01 јануари – Советот на Народната банка донесе 12 подзаконски акти appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Изминатите 24 часа произведени 10.489 MWh електрична енергија

А.Д. ЕСМ на 25.11.2022 година произведе 10.489 MWh електрична енергија. Во Термоелектраните произведени се 7.881 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.608 MWh. Во изминатото деноноќие ЕСМ набави 4.580 MWh електрична енергија. * Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 25.11.2022 година. The post Изминатите 24 часа произведени 10.489 MWh електрична енергија appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy