Ковачевски на Балканскиот стоматолошки конгрес: Се поврзуваме преку науката и отвораме нови перспективи за развој на стоматологијата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на вечерашното отворање на 26-от Балкански стоматолошки конгрес, што се одржува од денеска до 14 мај, во Скопје.

Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:

„Задоволство и чест ми е, што нашата држава е домаќин на 26-от Конгрес на Балканско стоматолошко друштво, на кој учествуваат повеќе од 500-тини учесници од областа на стоматологијата и еминентни предавачи од целиот свет.

Оправдани се очекувањата дека презентациите на најновите наоди од истражувањата, што се најавени за следните неколку денови, ќе отворат и можност, учесниците на овој Конгрес да се запознаат со новите современи клинички методи во стоматологијата.

Тоа што Конгресот важи за најголем и најпосетен настан од областа на стоматологијата во нашата држава и пошироко, зборува за важноста, на едно место да се спојат и да споделат искуства научници од Балканот, Европа и светот, но и професори и студенти кои што тука присуствуваат.

Јас бев професор пред да ја прифатам оваа одговорна премиерска функција, и знам дека размената на искуства и знаења е клучна во професионалното унапредување на личен план, но и како придонес во професионалноста на фелата за која и да се работи.

Грижата за здравјето на граѓаните е секако посебно одговорна работа.

И добро е да се слушне дека соработката и на ова поле, помеѓу Северна Македонија, Србија, Грција, Албанија, Босна и Херцеговина, Кипар, Турција, Црна Гора, Бугарија, Романија, воспоставена уште од 1996-та година, е корисна и применлива во подобрувањето на стоматолошките здравствени услуги, истражувањата за денталната медицина, унапредувањето на знаењата и вештините на професионалците во стоматологијата.

Дополнително, изложбата на реномираните компании во стоматологијата, дава можност и за запознавање со најновите достигнувања во стоматолошката технологија.

Овој конгрес се одржува по трет пат во нашата држава, од осамостојувањето на државата и секоја година во една од 10-те држави членки на Балканското стоматолошко друштво. Тоа говори дека науката одамна е над границите и над политиката. И така и треба да биде!

Но, денес и политичките раководства на државите од Западен Балкан се поблиски од кога било, а доказ за тоа е конкретната соработка, преку иницијативата Отворен Балкан, или во рамки на Берлинскиот процес, како одраз на заедничките определби за европски квалитет на живот дома и иднина на нашите држави во Европската Унија.

Последниот самит на Берлинскиот процес беше историски затоа од него произлегоа конкретни резултати кои ја зајакнаа регионалната соработка во сите сфери и на него ги склучивме трите меѓународни договори, кои претставуваат отскочна даска кон единствениот пазар на Европската Унија.

Претходно споменатите меѓународни договори за кои ние ја имаме честа да бидеме земја депозитар се Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан, Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан. За Вас од особена важност е Договорот за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите во контекст на договорот за слободна трговија, а кои Собранието неодамна ги ратификуваше.

Согласно овој Договор, важно е да се напомене дека во рамките на ЕУ уредени се начините и условите под кои се врши автоматско признавање, не само на стекнатото образование за овие професии, туку и начинот и условите под кои автоматски се признава професионалното искуство. Ваквото регулирање дозволува мобилност со олеснети административни бариери, односно без нострификација на диплома и доставување на барања во безброј институции.

Договорот за признавање на професионалните квалификации во сите овие области во контекст на договорот за слободна трговија, се заснова на принципот на автоматско признавање согласно Директивата на ЕУ 2005/36/ЕЗ за признавање на професионални квалификации и е во насока на постигнување успешна и целосна имплементација на одредбите за внатрешен пазар на ЕУ.

Го посочувам ова, за сите да сме свесни дека тоа што Западен Балкан има прогресивни раководства е дополнителен ветар во грб и на науката, во овој случај и на стоматологијата – во функција на напредокот, што отвора перспективи и за професионалците и за државата и за сите граѓани.

Во таа насока, на крајот од ова мое обраќање, Ве охрабрувам, споделувајте искуства и знаења на овој конгрес, затоа што придобивките се заеднички и за доброто на сите граѓани. Но, градете и нови пријателства и зацврстувајте ги постоечките, затоа што кохезивните, интегративните определби, поставуваат трајни мостови меѓу сите нас.

Благодарам за вниманието и Ви посакувам успешен Конгрес и сакам да им честитам на организирате проф. Миновска и Георгиевска во напорот што го вложиле да направат ваков Конгрес.“

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија во студиска посета на Република Хрватска

Петчлена делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија беше дел од студиска посета на Република Хрватска со цел запознавање и размена на најдобрите искуства од уставно-судската пракса на хрватскиот Уставен суд. Во текот на посетата се организираше работилница со фокус на запознавање со хрватскиот модел на уставна жалба, од... Прочитај повеќе...

МАСВА и МЖСПП со меморандум за соработка ќе работат на унапредување на управувањето со отпадот во земјата

Со потпишување на меморандумот за соработка меѓу денес Македонската асоцијација за цврст отпад (МАСВА) и Министерството за животна срдина за просторно планирање, започна годишната конференција на МАСВА, посветена на „Имплементација на кружната економија во управување со цврст отпад“. – Се надевам дека денешната конференција ќе придонесе да се зајакне секторот... Прочитај повеќе...

Ковачевски му ја честита победата на Ердоган: Продолжуваме да го развиваме традиционалното пријателство

Честитки до Реџеп Таип Ердоган за новиот претседателски мандат упати премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи. „Големото и традиционално пријателство помеѓу Северна Македонија и Турција продолжуваме да го развиваме на билатерален економски план и во рамките на партнерството во НАТО. Пред нас се предизвиците на глобален план и уверен сум... Прочитај повеќе...

Нема продолжување на замрзнатите цени по 31 мај, ако има поскапувања, Бектеши ќе преземе мерки

Од четврток нема да има производи со замрзнати цени. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека нема да ја продолжи мерката, чија важност завршува в среда, 31 мај. „Нема да продолжи мерката во делот на земјоделските производи имајќи предвид дека во согласност со податоците што ги имаме како Министерство за... Прочитај повеќе...

Ердоган ќе продолжи со телефонската дипломатија со Русија и Украина по победата на изборите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја продолжи телефонската дипломатија со Русија и Украина по победата на изборите и ќе повика на прекин на огнот, изјави извор од неговата администрација. Турската изборна комисија вчера соопшти дека актуелниот претседател победил во вториот круг од претседателските избори со 52,14 отсто од гласовите.... Прочитај повеќе...

Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија во студиска посета на Република Хрватска

Петчлена делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија беше дел од студиска посета на Република Хрватска со цел запознавање и размена на најдобрите искуства од уставно-судската пракса на хрватскиот Уставен суд. Во текот на посетата се организираше работилница со фокус на запознавање со хрватскиот модел на уставна жалба, од... Прочитај повеќе...

Проверете ги сметките: Тргна предвремената исплата на пензиите

Според препораките на Владата кон македонските банки парите за пензии со висина до 11.000 денари,ќе легнат денеС. Парите за пензии со висина 11.001-14.000 денари ќе бидат исплатени утре односно на 30.05.2023 година . Во среда исплата следува на пензии со висина 14.001-18.000 денари За пензии со висина над 18.001 денари,... Прочитај повеќе...

Земјотрес ја погоди Албанија, беше почувствуван во Косово и Црна Гора

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Кукеш во Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на 26 километри од Кукеш и 56 километри од Призрен во Албанија, на длабочина од 3 километри. Црногорскиот Завод за хидрометеорологија и сеизмологија денеска... Прочитај повеќе...

ЦУК – ПОВРЕДЕН 45-ГОДИШЕН ТУРИСТ ОД ПОЛСКА ОД ПОМАЛ ОДРОН НА ПАТОТ КАЈ МАТКА ПОСЛЕ БРАНАТА

Денеска преку линијата за итни случи 112 во ЦУК од пладне (12.55) па до 14.28 часот, по пријавата за одрон на патот кај Матка после браната, од Секторот за операции и координација на ЦУК, беше спроведена координација за згрижување повреден турист од Полска и за преземање мерки за безбедност, бидејќи... Прочитај повеќе...

Поскапуваат горивата – Ова се новите цени

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува... Прочитај повеќе...

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители […] The post Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за Centar.mk. За овие случаи до ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 […] The post Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на градежните материјали. Со најава дека цените на становите во Македонија ќе паднат неодамна излезе […] The post Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република Северна Македонија – НАТТА на која се избраа органите и формите на делување. На седницата согласно Правилата за работа на Асоцијацијата, усвоен е предлогот за […] The post Оддржана констутивна седница на НАТТА appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС кон сите мрежи и 2 GB интернет со важност од 30 дена или xtraNEТ S со 3 GB интернет со важност од 7 дена. Промотивниот […] The post Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy