Ковачевски: Нова инвестиција од 20 милиони евра на турската компанија „Текнопанел“, нови вработувања во услови на енергетска криза

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на настан по повод новата инвестиција на турската компанија „Текнопанел“ во ТИРЗ Скопје 1. Станува збор за високотехнолошката компанија која ќе инвестира 20 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет за производство на иновативни т.н. „сендвич“ кровни панели кои истовремено нудат топлинска, хидро и звучна изолација, а отпорни се и на пожар, и особено се користат за покривни површини на индустриски згради. Производството ќе започне од следната година, а ќе се отворат 120 нови работни места, со просечна нето плата за вработените од околу 600 евра. Согласно инвестицискиот план, платите континуирано се очекува да растат.

Во своето обраќање премиерот Ковачевски истакна дека задоволството е уште поголемо што инвестиции и нови вработувања се случуваат во услови на најголемата светска енергетска криза.

„ТЕКНОПАНЕЛ одбраа да ја донесат својата инвестиција токму тука и ова секако не е случајно. Ние како Влада обезбедуваме можности и предности за инвестирање во Северна Македонија. Најпрво, ова е земја членка на НАТО, со почнати преговори за членство во ЕУ, затоа и е стабилен партнер. Поддршката која ја добиваат компаниите од државата во смисла креирање поволни услови за работа, исто така е важен предуслов за растот на инвестиции. И секако, ние тука имаме квалитетни, трудољубиви работници и затоа наш клучен услов се одржливи и добро платени работни места за нашите граѓани. Во ова кризно време, а со цел да се справиме посеопфатно со последиците, по моја насока ние активно делуваме по две линии. Реков дека никој нема да е оставен сам и затоа како одговорна Влада изминатиов период обезбедивме два пакети антикризни мерки за заштита на најранливите граѓани и компаниите во вредност од над 760 милиони евра. Затоа континуирано обезбедуваме 80% субвенционирана струја како и евтина струја за непречено функционирање на виталните функции на државата. Со последните мерки за евтина струја за прехранбената индустрија, очекуваме и да се намалат цените на лебот, млекото, месото и останатите основни производи и да го заштитиме стандардот на граѓаните. Од друга страна пак, многу важно е да имаме јасна стратегија за економски развој и долгорочна стабилност на земјата. Ние таа насока ја имаме. Мора да мислиме на иднината. И во овие тешки кризни времиња, наша задача е да обезбедуваме услови за креирање нови работни места, но секако и на подобро платени работни места за да се справиме со растечките трошоци за живот. И денес, тука сме, затоа што овој план за справување со кризата се исполнува, дава резултат. Покрај поддршката за најранливите и за компаниите, во Северна Македонија инвестираат глобални компании, и се отвораат нови и подобро платени работни места“, рече Ковачевски и додаде дека во следните два месеци до крајот на годината ќе бидат презентирани уште четири инвестиции.

Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ, рече дека од еден скромен и отворен разговор во Истанбул со сопственикот на „Текнопанел“, Орхан Кахвеџи денес стигнавме до реална инвестиција од 20 милиони евра и 120 нови работни места со плати над државниот просек.

„Ова е последна од инвестициите кои ги презентиравме периодов и кои веќе надминуваат 620 милиони евра. Истите предвидуваат отворање на 5.000 добро платени работни места за наши сограѓани.

Тоа е резултатот од новиот концепт на ТИРЗ и Владата за привлекување инвестиции. Отворени сме, искрени и чесни. Тоа е стратегијата за која прашуваат од ВМРО ДПМНЕ. Нашата стратегија не е ЌЕ туку СЕГА – реални инвестиции и реални работни места. Тоа е она што не прави различни и успешни”, рече Деспотовски.

Орхан Кахвеџи, сопственик на компанијата „Текнопанел“ рече дека оваа нова инвестиција е петти производствен капацитет, а воедно и првата фабрика за производство надвор од Турција.

„Новата инвестиција ќе даде додадена вредност на економијата во Северна Македонија. Како прво, ова е центарот на Европа, од каде ќе се извезува производството. Со помош на соработка со компаниите од регионот, квалификувани луѓе, верувам дека ова ќе биде уште една наша успешна приказна. Поддршката и стимулациите на Владата, за нас се исто така многу вредни“, рече Кахвеџи.

На настанот свое обраќање имаше и Хасан Мехмет Секизкок, амбасадор на Република Турција во Скопје кој ја истакна важноста на билатералната соработка меѓу двете земји, со посебен фокус на подобрување на економските релации и инвестиции.

Во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000. Ова е зголемување за 16% за една година. Само во октомври се отворени речиси 500 нови работни места. Во моментов ТИРЗ има помеѓу 30-35 активни клиенти. Во фаза на изградба се пет фабрики коишто имаат потпишано договор. Со новиот концепт на ТИРЗ и Владата за привлекување инвестиции само во изминатите 18 месеци се постигнати договори од 620 милиони евра што е речиси две третини од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
ИСТОРИСКИ РЕКОРД: Просечната нето плата достигна речиси 40.000 денари!

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 116.4. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално Прочитај повеќе...

Ахмети: Со Османи за претседател напред, не за Русија, да за Европа

Во продолжение говорот на претседателот на ДУИ Али Ахмети: Почитувани сестри и браќа, почитувани граѓани, Не често Ви се на овој начин, од оваа говорница, со толкава најава и со големо насочено внимание. Долго размислував дали треба да ја споледам со Вас мојата загриженост, само поради една причина, да не Прочитај повеќе...

ЈУРОП ХАУС КРИВА ПАЛАНКА И СТРУМИЦА, ПРЕКУ МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ, ПРОСЛАВИЈА ТРИ ГОДИНИ ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ

На почетокот на оваа недела Крива Паланка и Струмица станаа епицентри на младинскиот активизам и иновативност, прославувајќи три години од постоењето на Јуроп хаус во овие градови. Овие настани не само што ја одбележаа посветеноста на Јуроп хаус во аспирациите и креативноста на младите туку и ја потврдија нивната улога Прочитај повеќе...

СИГУРНОСНИОТ ПОЈАС СПАСУВА ЖИВОТ

Користењето на сигурносен појас е наменето исклучиво за лична безбедност и заштита на возачот, односно патникот, во случај на ненадејно запирање на возилото или сообраќајна незгода. Според Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, сигурносниот појас е склоп од ремени со сигурносно копче, уред за приспособување и приклучоци кои што Прочитај повеќе...

Трамп: Имаме оружје што со еден удар би ги уништило Њујорк и Јужна Каролина

Коментарите на Доналд Трамп за опасноста од нуклеарно оружје што „би можело да ги уништи и Њујорк и Јужна Каролина“ предизвикаа бројни реакции во САД. За време на интервјуто со водителката на „Фокс Њуз“, Лора Инграхам, Трамп рече дека е загрижен за безбедноста на неговите поддржувачи. „Загрижен сум за нивната Прочитај повеќе...

ИСТОРИСКИ РЕКОРД: Просечната нето плата достигна речиси 40.000 денари!

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 116.4. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со […] Прочитај повеќе...

Ахмети: Со Османи за претседател напред, не за Русија, да за Европа

Во продолжение говорот на претседателот на ДУИ Али Ахмети: Почитувани сестри и браќа, почитувани граѓани, Не често Ви се на овој начин, од оваа говорница, со толкава најава и со големо насочено внимание. Долго размислував дали треба да ја споледам со Вас мојата загриженост, само поради една причина, да не ве вознемирам, и секако немаше […] Прочитај повеќе...

ЈУРОП ХАУС КРИВА ПАЛАНКА И СТРУМИЦА, ПРЕКУ МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ, ПРОСЛАВИЈА ТРИ ГОДИНИ ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ

На почетокот на оваа недела Крива Паланка и Струмица станаа епицентри на младинскиот активизам и иновативност, прославувајќи три години од постоењето на Јуроп хаус во овие градови. Овие настани не само што ја одбележаа посветеноста на Јуроп хаус во аспирациите и креативноста на младите туку и ја потврдија нивната улога како катализатор за општествена трансформација. […] Прочитај повеќе...

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Вчера во 21.40 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода К.А.(38) и 20 – годишната Д.О., двајцата од Штип. При претрес во домот на К.А., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага. Притоа, полициските службеници […] Прочитај повеќе...

Приведено лице од тетовско поради мачење животни

Полициски службеници на СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, вчера (21 февруари) околу 12 часот и 40 минути во тетовско Лавце го лишиле од слобода 19-годишнот момче. од ова село поради сомнение дека заедно со уште две други лица бил инволвиран во кривично дело „мачење животни“. Тој минатата недела […] Прочитај повеќе...

Над 60.000 денари скокна просечната бруто плата во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 116.8. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

ГОЛЕМ РАСТ: Просечната плата достигна рекордни 39.998 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 116.4. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Превезени патници со автобуси, четврто тримесечје од 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 11 166 илјади во четвртото тримесечје од 2023 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 12.5 %. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Индекси на цените во земјоделството, јануари 2024 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јануари 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 5.1 %, а кај аутпутот се бележи намалување од 5.2 %. Во јануари 2024 година, во споредба со јануари 2023 година,... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Пепко затвора 73 продавници: Побарувачката во оваа европска земја не одговараше на нивните планови

Европската дисконтна компанија Пепко Груп одлучи да го напушти австрискиот пазар, велејќи дека не очекува соодветен принос во земјата. – Групацијата денеска заклучи дека ќе престане со работа во Австрија, бидејќи не предвидува дека австрискиот пазар ќе го достигне соодветното ниво на очекувани приноси – беше наведено во регулаторното поднесување... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Подгответе се: Доаѓаат пари за ЧЕТИРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ во декември! Дали сте еден од нив?

Бик (20 април – 20 мај): Поединците Бикови често се поврзуваат со финансиска стабилност и практичност. Вашиот фокус и одлучност може да доведат до поволни финансиски резултати или можности за зголемен приход. Јарец (22 декември – 19 јануари): Јарците се познати по силната работна етика и амбициозност. Во декември, вашата напорна работа и стратешки пристап... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ИЗБЕГНЕТЕ ЛОША СРЕЌА: Откриено потеклото на традицијата на бакнување на полноќ на новогодишната ноќ

Иако точното потекло на прославувањето на вториот почеток на новата година е непознато, обичајот често се следи на два зимски фестивали: Сатурналија во антички Рим и Хогманај, викиншка традиција која сè уште се слави на Нова година во Шкотска. Сатурналија се одржуваше секоја година за време на зимската краткоденица, а бидејќи беше најголемата забава во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Задолжително на лекар – 6 знаци на недостаток на железо

Ниското ниво на железо е најчестото и најраспространето нарушување во исхраната во светот, особено во западните земји, соопшти Светската здравствена организација. Тие веруваат дека дури две милијарди луѓе, што е над 30 отсто од светската популација, страдаат од одреден степен на недостаток на железо, што е особено честа појава кај жените. Ова се најчестите знаци:... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Ова се сите придобивки од кефирот: од протеини до пробиотици

Кефирот е култивиран, ферментиран пијалок кој потсетува на јогурт. Одредени извори наведуваат дека овој пијалок е стар повеќе од 1000 години и потекнува од Кавказ. Наводно, локалните мештани, познати по своето здравје и долговечност, случајно го откриле додека носеле свежо млеко во нивните кожени чанти. Некогаш малку познат надвор од Кавказ, денес кефирот е особено... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Домашна купка за испукани пети, поефикасна од крема – Потребни се само 2 состојки

Испуканите пети се проблем со кој многумина од нас се соочуваат секојдневно. Отстранетиот калузен епидермис се враќа како бумеранг, а нашите стапала постојано не изгледаат како што би сакале. Оваа купка за потпетици со домашни состојки може да ви помогне да ги трансформирате стапалата пред да влезете во пролетни чевли. Што ви е потребно за... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...