Ковачевски: Пратениците да покажат одговорност за европската иднина на државата

Според премиерот Димитар Ковачевски Скопје и Тирана имаат иста цел – полноправно членство и на Северна Македонија и на Албанија во Европската Унија.

На меѓувладината седница со албанскиот колега, Ковачевски кажа дека како прогресивни премиери и прогресивни влади, бил вложен многу труд и било покажано дека само со соработка има напредок.

-Денес, кога неочекувано за 21-от век, се соочивме со војна на европскиот континент, најдобро можеме да ја согледаме вредноста на меѓудржавната и регионалната соработка што ја воспоставивме и веќе неколку години успешно ја развиваме. Северна Македонија и Албанија се вистински пример за тоа како се градат добрососедски односи. За да има поврзување, потребна е инфраструктура, но пред сѐ е потребно добро разбирање. Ако добро се разбираме, ако меѓусебно се почитуваме – ние веќе сме поставиле цврсти столбови и за автопатиштата и железниците што физички ги поврзуваат нашите земји и народи, рече Ковачевски.

Според него, владите на двете држави знаат дека кога кога нешто оди потешко, тоа значи дека е по вистинскиот пат.

-Со одлучност го зацврстивме нашето пријателство. И со цврстата верба во европските вредности, денес Северна Македонија и Албанија се заедно на европскиот пат. Република Северна Македонија се постави јасно и 100-процентно на линија на надворешната политика на ЕУ во однос на војната во Украина. Знам дека тоа го направи и Република Албанија. Заедно стоиме на страната на светскиот мир и ја одржуваме стабилноста во регионот. Од заеднички интерес ни е да ги спречиме обидите од трети страни, за нивни цели, да ги вовлечат нашите држави и целиот Западен Балкан во непосакувани сценарија. Сценарија кои ќе ги загрозат демократските продобивки на кои толку долго работевме за да ги обновиме, сценарија кои ќе ги блокираат можностите за економскиот развој на државите и ќе го вовлечат регионот во нови изолации и тензии кои Балканот едвај ги надмина, истакна Ковачевски.

Премиерот додаде дека Северна Македонија и Албанија, преку заедничката работа на конкретни решенија, вложуваат во сигурна иднина за целиот балкански регион и тоа е веќе јасно за сите. Како демократски влади, додаде Ковачевски, знаеме дека евроатлантските интеграции се од стратешки интерес за стабилноста и безбедноста, за економијата, и животниот стандард, на целиот Западен Балкан.

-И Европската Унија конечно сфати дека и нејзин стратешки и безбедносен интерес е Западен Балкан да биде дел од Европа. Дека државите од Западен Балкан имаат демократски прогресивни раководства и дека сега е моментот да се осигура заокружувањето на европското семејство. Овој моментум на подадени раце од нашите партнери и пријатели не смееме да го пропуштиме. И ние ЕУ и ние досега ги исполнивме сите ветувања и така и ќе продолжиме. Отворањето на преговорите и започнувањето на скринингот е огромен успех за сите нас. Процесот е конечно започнат и сега, со целосно заштитен индентитет и национални интереси, признаени и потврдени од Европа, напредуваме во реформите, за да обезбедиме европски стандарди и принципи, потенцира Ковачевски.

Премиерот нагласи дека за нас, за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик, признанието од Европа било многу важно.

-Преговорите беа мачни и тешки, но успеавме да ги задржиме нашите позиции и да го постигнеме она за кое се боревме, а тоа е да си го зачуваме македонскиот јазик и да го издигнеме на исто рамниште со останатите јазици на Европската Унија. Македонскиот идентитет ќе продолжи да се развива како дел од комплексниот европски идентитет. Доказ за нашиот напор и исполнетото ветување пред граѓаните беше потпишувањето на Договорот за ФРОНТЕКС, како прв ваков договор на кој сме ставиле потпис заедно со сите останати 27 земји членки, на македонски јазик, без какви било додавки или фусноти. Ова, заедно со признанието дека сме успешна, мултиетничка функционална демократија на рамноправи граѓани: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други кои тука живеат, држава којашто суштински придонесува во мирот и стабилноста, нам ни отвора простор, да пристапиме и кон другите потребни чекори, додаде Ковачевски.

Во своето обраќање на меѓувладината седница тој уште кажа дека неопходните чекори следуваат во Парламентот, со цел во еден динамичен процес да се заокружат пристапните преговори со ЕУ.

-Нема простор повеќе за оправдувања коишто би го закочиле процесот на европските интеграции на нашата држава. Сега сѐ е во наши раце. Очекувам пратениците да покажат одговорност и во Парламентот, со цел да продолжиме брзо да се движиме кон ЕУ. Како што заедно ги почнавме преговорите, Северна Македонија и Албанија ја имаат можноста и заедно и да ги завршат. Со членството во ЕУ ќе обезбедиме квалитетен живот за нашите граѓани, според европски стандарди, а младите ќе ни живеат во Европа, но тоа ќе биде во родната земја, дома, истакна Ковачевски.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Владата го решава деценскиот проблем со лицата без документи

Со донесувањето на измените на законите за престојувалиште и живеалиште и за лична карта со отвора патот за целосно решавање на бездржавјанството во Република Северна Македонија. Овие лица поради непоседувањето на имот и неможноста да обезбедат докази за сопственоста на имотот или договор за закуп практично остануваа без пријавена адреса... Прочитај повеќе...

Каевски: Станува Мицкоски сабајле и вели што ќе блокираме денеска, така функционира ДПМНЕ

Станува Мицкоски сабајле и вели ајде денеска што ќе блокираме и тоа е став на опозицијата, што го гледаме во континуитет, така функционира ДПМНЕ, истакна пратеникот на СДСМ Дарко Каевски за „Студио 10“ на телевизија 24. Каевски нагласи дека законското решение на законот за амнестија има за цел да се... Прочитај повеќе...

МФ: Нов закон за решавање банки за зајакнување на финансиската стабилност

Собранието на РС Македонија го усвои Законот за решавање банки, предложен од Министерството за финансии, а со кој земјава воспоставува регулаторна рамка за зајакнување на финансиската стабилност во земјава и навремена интервенција во кредитна инститиуија која е во проблем. Станува збор за сосема нов закон кој има за цел воспоставување... Прочитај повеќе...

Мисија за директен контакт помеѓу Комитетот за примена на стандардите на МОТ и претставници од Министерството за труд и социјална политика

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претставници од министерството денеска се сретнаа со тим експерти на Меѓународната организација на трудот и експерт за слобода на здружување кои се во неколку дневна посета на земјава со цел реализација на Мисија за директен контакт помеѓу Комитетот за примена на... Прочитај повеќе...

Грковска на јавна расправа за нацрт Стратегијата за транспарентност 2023-2026: Целиме кон уште повисоко ниво на транспарентност и одржлива свест за нејзината важност

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, се обрати на втората јавна расправа за нацрт Стратегијата за транспарентност 2023-2026, која денеска се одржува во Велес, организирана од Кабинетот за политики за добро владеење, во соработка со Фондацијата Метаморфозис. „Ако корупцијата е болест, транспарентноста е... Прочитај повеќе...

Владата го решава деценскиот проблем со лицата без документи

Со донесувањето на измените на законите за престојувалиште и живеалиште и за лична карта со отвора патот за целосно решавање на бездржавјанството во Република Северна Македонија. Овие лица поради непоседувањето на имот и неможноста да обезбедат докази за сопственоста на имотот или договор за закуп практично остануваа без пријавена адреса за живеење а со тоа […] Прочитај повеќе...

Каевски: Станува Мицкоски сабајле и вели што ќе блокираме денеска, така функционира ДПМНЕ

Станува Мицкоски сабајле и вели ајде денеска што ќе блокираме и тоа е став на опозицијата, што го гледаме во континуитет, така функционира ДПМНЕ, истакна пратеникот на СДСМ Дарко Каевски за „Студио 10“ на телевизија 24. Каевски нагласи дека законското решение на законот за амнестија има за цел да се растеретат затворите, во него нема […] Прочитај повеќе...

МФ: Нов закон за решавање банки за зајакнување на финансиската стабилност

Собранието на РС Македонија го усвои Законот за решавање банки, предложен од Министерството за финансии, а со кој земјава воспоставува регулаторна рамка за зајакнување на финансиската стабилност во земјава и навремена интервенција во кредитна инститиуија која е во проблем. Станува збор за сосема нов закон кој има за цел воспоставување инструменти за ефикасно решавање на […] Прочитај повеќе...

Мисија за директен контакт помеѓу Комитетот за примена на стандардите на МОТ и претставници од Министерството за труд и социјална политика

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претставници од министерството денеска се сретнаа со тим експерти на Меѓународната организација на трудот и експерт за слобода на здружување кои се во неколку дневна посета на земјава со цел реализација на Мисија за директен контакт помеѓу Комитетот за примена на стандардите на Меѓународната конференција на […] Прочитај повеќе...

Грковска на јавна расправа за нацрт Стратегијата за транспарентност 2023-2026: Целиме кон уште повисоко ниво на транспарентност и одржлива свест за нејзината важност

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, се обрати на втората јавна расправа за нацрт Стратегијата за транспарентност 2023-2026, која денеска се одржува во Велес, организирана од Кабинетот за политики за добро владеење, во соработка со Фондацијата Метаморфозис. „Ако корупцијата е болест, транспарентноста е централен дел во нејзиното лекување“. […] Прочитај повеќе...

5,8 отсто повисоки пензии – Парите легнаа на сметките на пензионерите

Повисоката септемвриска пензија беше исплатена во редовниот рок. Некои банки веќе ја ставија пензијата на располагање и предвремено. Начинот на исплата на пензијата се врати редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот. The post 5,8 отсто повисоки пензии – Парите легнаа на сметките на пензионерите appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нови цени на горивата во Македонија

Од денес горивата се точат по следните цени: моторен бензин „евросупер БС-95“ – 86,00 (денари/литар) моторен бензин „евросупер БС-98“ – 88,50 (денари/литар) дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 86,00 (денари/литар) масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 85,00 (денари/литар) „мазут М-1 НС“ – 48,660 (денари/килограм) The post Нови цени на горивата во Македонија appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Мексико ја престигна Кина

Кина повеќе не е најважниот надворешно трговски партнер на Америка, туку Мексико е, според американските статистичари. Трговската размена меѓу двете земји достигна 263 милијарди долари во првите четири месеци од оваа година, што претставува 15,4 отсто од надворешната трговија на САД. Кога Кина се приклучи на Светската трговска организација во... The post Мексико ја престигна Кина appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Ново значително поскапување на дел од горивата и денеска во Македонија – Цената на нафтата на светските берзи “беснее” и е на највисока точка оваа година

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 92,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР... The post Ново значително поскапување на дел од горивата и денеска во Македонија – Цената на нафтата на светските берзи “беснее” и е на највисока точка оваа година appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска се во пораст и суровата нафта „брент“ првпат од почетокот на годинава достигна цена од 93 долари за барел. Меѓународната агенција за енергија (МААЕ) објави дека доброволното продолжување на дневните ограничувања за производство на нафта од страна на Саудиска Арабија и Русија ќе... The post Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy