Ковачевски: Предвреме исполнето ветување за просечна плата над 34.000 денари, над 430 милиони евра нови инвестиции

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, на седницата за пратенички прашања во Парламентот се осврна и на најновата информација од Државниот завод за статистика, според којашто се бележи нов раст на просечната плата во државава и најави тренд на покачување на платите и пензиите.

„Се потврди она што постојано го зборуваме, дека имаме континуиран раст на платите во државата. Ветувањето кое го дадовме, дека во 2024 година ќе имаме над 34.000 денари просечна плата, речиси една година порано го исполнивме. Благодарение на соодветните мерки и политики коишто ги креира Владата и на нашата посветена работа и грижа за граѓаните, просечната нето-плата во месец декември 2022 година достигна 34.364 денари. Тоа е зголемување за 4.400 денари или 14.8 проценти од истиот месец во 2021 година, кога изнесувала 29.900 денари. Ваквото зголемување пред сè се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: преработувачка индустрија (20.4%), уметност, забава и административни и помошни услужни дејности. Растот на просечната нето-плата е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата“, оцени премиерот Ковачевски.

На среден рок, посочи премиерот Ковачевски, во периодот 2024-2027 година, се очекува номиналниот раст на просечната плата да изнесува 6,1 процент годишно, односно: во 2023 година – 7,3 проценти, во 2024 година – 6,4 проценти, во 2025 година – 6,1 процент, во 2026 година – 6,1 процент и во 2027 година – 5,8 проценти.

„Како социјалдемократска Влада продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал и подобар стандард на секој вработен во државата, со континуиран раст на минималната, на просечната плата и на пензиите“, најави премиерот Ковачевски.

„Нема подобра потврда дека земјата се движи во вистинска насока, од отворањето нови работни места, капитални инвестиции, зголемување плати, пензии, пакети за помош и поддршка на граѓаните, пензионерите, компаниите, субвенции за земјоделците нови странски инвестиции“, оцени премиерот Ковачевски и најави нова инвестиција.

„Овде од оваа говорница денеска сакам да најавам реализација на уште една нова странска инвестиција којашто утре ќе започне со градба на нов производствен капацитет. Станува збор за германската компанија „Гересхајмер“, којашто пред околу четири години направи смел чекор, инвестирајќи во изградба на фабрика за медицинска пластика, токму овде, во технолошко-индустриската развојна зона 2, во Скопје. Оваа компанија повторно ја избра Северна Македонија за нова инвестиција за втора фабрика во оваа зона“, соопшти премиерот Ковачевски.
Владата, порача премиерот, создава безбедно место за инвестирање.

„Наша цел е да создадеме услови по светски терк неопходни за непречено функционирање на компаниите без разлика дали тоа се странски инвеститори или домашни. 2023 година ја започнавме со нова инвестиција „Магна мекатроникс“ од 40 милиони евра, којашто во првата фаза ќе донесе 600 нови работни места. Просечната плата во зоните е над државниот просек што исто така расте и согласно последните податоци на статистика е над 34.000 денари“, рече премиерот Ковачевски.

Во време на најголема енергетска криза, како што посочи премиерот, ја имаме најдобрата година досега од постоењето на технолошко-индустриските развојни зони, 2022 година, согласно поддршката на компаниите од Планот за економскиот раст, а вработените имаат достоинствени плати.

„Во овој контекст би истакнал дека 2022 ја завршивме со 2.300 нови работни места, над 430 милиони евра нови инвестиции и во октомври минатата година ја надминавме и највисоката граница на извоз од три милијарди евра, што беше претходен највисок резултат постигнат во 2021 година. 16.300 наши граѓани работат во компаниите во индустриските зони.

Исто така за поздравување е фактот што Владата успеа да ја промени перцепцијата на странските инвеститори за нашите зони како дестинација за евтина работна сила, којашто ја наметна претходната власт. Сега странските инвеститори одлучуваат да вложуваат во Северна Македонија, не поради ниските плати на вработените, туку поради другите поволни услови за бизнис што ги нудиме како земја. Овде секако влегува и квалитетот на работниот потенцијал што го имаме, но и финансиската поддршка што ја нудиме согласно новиот концепт“, рече премиерот Ковачевски.

Покрај успешните резултати во ТИРЗ-овите, во 2022 година, како што посочи премиерот, се исплатени рекордни 23 милиони евра кон 410 компании по Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

„Само споредено со минатата година, оваа година имаме зголемување од 79 проценти на исплатена финансиска поддршка од 12,9 милиони на 23 милиони евра. Вака ги поддржуваме компаниите за зголемување на нивната конкурентност, преку воведување нови технологии, нови производствени процеси и целокупен развој и секако креирање на нови и подобро платени работни места. Овие компании во 2021 година имаат отворено нови 2.000 работни места, а вкупно вработуваат 27.500 вработени во државата. И оваа година поддршката ќе продолжи“, најави премиерот Ковачевски, на седницата за пратенички прашања во Собранието на Република Северна Македонија.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Хорор во Лисабон: Напад со нож во муслимански центар, убиени две лица

Најмалку две лица загинаа во напад на Исмаилискиот центар во Лисабон, соопшти португалската полиција, без да даде повеќе детали. Си-Ен-Ен Португалија објави дека осомничениот за тој напад е наводно авганистански државјанин, кој нападот го извршил со голем нож, а потоа бил застрелан и приведен. „Главната цел на исмаилиските центри е... Прочитај повеќе...

Продолжуваат протестите во Франција поради пензиските реформи, блокирана е железницата

Во Франција денеска се обновени протестите и штрајковите против пензиските реформи, со зголемено полициско обезбедување поради ризикот од насилство. Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманен изјави дека 13.000 полицајци се распоредени на улиците, од кои речиси половина во главниот град. Протестите започнаа мирно. Во Париз, железничарите со запалени факели и... Прочитај повеќе...

Се подготвува алатка за мерење на перформансите на јавните обвинителства​

Јавниот обвинител, Љубомир Јовески денеска се обрати на конференцијата „Подобрување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на Јавното обвинителство“ на која беше презентирана алатката во изработка за мерење на перформансите на јавните обвинителства. Во своето обраќање, Јовески потенцираше дека јавните обвинители не бегаат од отчетност и одговорност за својата работа, но... Прочитај повеќе...

Претепал жена со стол во Србија, па се заканил дека ќе ја разнесе куќата

Основното јавно обвинителство во Панчево го лиши од слобода З. Р. поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство и кривично дело загрозување на сигурноста. З. Р. во алкохолизирана состојба на 25 март дошол во куќата на оштетената Ѓ. Р., физички ја нападнал, ја влечел за ушите,... Прочитај повеќе...

Белорусија: САД, ЕУ и НАТО нè притискаат со години, затоа ќе имаме нуклеарно оружје

Белорусија соопшти дека одлучила да го прифати руското тактичко нуклеарно оружје по долгогодишен притисок од Соединетите американски држави и нивните сојузници со цел промена на нејзината политичка и геополитичка насока. Рускиот претседател Владимир Путин во саботата изјави дека Москва во иднина ќе се обиде да распореди тактичко нуклеарно оружје во... Прочитај повеќе...

Приведени крадци во Скопје

На 27.03.2023 во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје се лишени од слобода Н.М.(18) и М.М.(19), двајцата од Скопје. Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, постапувајќи по пријава според која во 11.58 часот од спортска обложувалница на подрачјето на Кисела Вода... Прочитај повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски во општина Аеродром во постојано ја докажуваат сопствената неспособност, обвини Баварчиќ

Изјава за медиуми, Драган Баварчиќ, секретар на ОО СДСМ Аеродром Тимчо Муцунски во континуитет продолжува со негрижата за општината, а урбаниот хаос, негрижата за отпадот и уништувањето на зеленилото стануваат секојдневие за граѓаните од Општина Аеродром. Лицемерието на Муцунски по кој знае кој пат се потврдува и со изградбата на... Прочитај повеќе...

Средба на министерот Спасовски со амбасадорите Гарсија и Гир: РС Македонија да биде домаќин на годинешниот Министерски форум ЕУ – Западен Балкан

Денеска (28.03.2023), министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со државниот секретар г-ѓа Магдалена Несторовска одржаа работна средба со амбасадорите на Кралството на Шпанија и на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија и Н.Е. Дејвид Гир. На средбата двајцата амбасадори ги поздравија искрените напори... Прочитај повеќе...

298 санкции за сообраќајни прекршоци, 17 возила упатени на вонреден технички преглед

Во текот на вчерашниот ден (27.03.2023) во периодот од 10.00 до 14.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 298... Прочитај повеќе...

Приведени пет крадци во Штип, расчистени 4 кривични дела „тешка кражба“

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Штип и Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија 4 кривични дела „тешка кражба“, од кои една „тешка кражба“ извршена на 13/14.03.2023 од обложувалница во Штип, од каде биле одземени предмети, а осомничени и приведени биле двајца соизвршители, Е.Џ.(20)... Прочитај повеќе...

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни услуги и знаење, грижата за клиентите и на стабилноста на Банката. Со оваа престижна награда, која ѝ се доделува на Банката по 12-ти пат, Комерцијална […] The post Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз […] The post Замрзнати цените на јајцата и оризот appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец февруари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: • За пензии […] The post МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy