Ковачевски препорача договор за национално единство за ЕУ и очекува одговорност од сите

„Конечно после 17 години гордо можеме да кажеме дека сме земја која ги започна преговорите со ЕУ. Вложивме многу труд за да стигнеме до оваа фаза. Имавме многу предизвици, требаше да се носат тешки одлуки. Но, истовремено знаевме која е целта – НАТО И ЕУ, две стратешки цели кои сме должни да ги исполниме“, рече премиерот Димитар Ковачевски по средбата со претседателите на парламентарните партии.

Тој додаде дека земјава последните пет години направи крупни чекори и успеа да се докаже како достоен НАТО и ЕУ партнер.

-Еден од тие чекори беше и Европскиот предлог кој го добивме летово, за време на француското претседателство. Свесни за сите негови предности и слабости го препознавме како можност за деблокирање на процесот и придвижување напред. И самите бевте сведоци, го усвоивме во Собранието во атмосфера на тешка седница, тензии и недоверба, рече Ковачевски.

Премиерот по лидерската средба додаде дека заклучоците донесени во Собранието гарантираат почеток на преговорите со ЕУ и скрининг процесот со гарантиран јазик и идентитет и гаранција дека историските прашања се надвор од преговарачката рамка.

-Отворањето на преговорите е огромен успех за сите нас. Процесот е конечно започнат и сега е важно да напредуваме во реформите, заради граѓаните и заради градење на европски институции кои ќе работат по европски стандарди и принципи. Низ преговорите ќе ни се отвараат повеќе фондови, а на долг рок – бенефитот ќе го имаат нашите граѓани, уверува Ковачевски.

Тој исто така кажа дека државата доби позитивен Извештај од Европската комисија, прв после отворањето на преговорите.

-Оценката за вкупната подготвеност на земјата за 2022 година е цитирам ‘добро ниво на подготвеност’. Во околу 90 отсто од областите имаме делумна или добра подготвеност, изјави Ковачевски по средбата.

Според него отворањето на преговорите е огромен успех за сите и важно е да се напредува во реформите, поради граѓаните и градењето на европски институции кои ќе работат по европски стандарди и принципи.

Премиерот Ковачевски истакна дека со првата меѓувладина конференција со која започнаа преговорите, со почетокот на скринингот и потпишувањето на Договорот со Фронтекс на македонски јазик без никакви додавки, ѕвездички и фусноти сме добиле потврда за заложбите за европска иднина.

-Сите ние добивме потврда дека македонскиот јазик е заштитен и е на исто рамниште со останатите јазици во Европа. Фронтекс договорот е првиот и единствен договор кој е одобрен од сите 27 земји, договор на кој сме ставиле потпис, а на кој стојат имињата на сите јазици на ЕУ. Овој договор беше блокиран од страна на Бугарија токму заради македонскиот јазик, но, со отпочнувањето на преговорите, ЕУ исто како и ние се докажа како партнер од доверба кој ги исполнува ветувањата, рече Ковачевски.

Во својот говор, тој порача дека мора да покажеме зрелост како држава, мора да покажеме демократски капацитет и да останеме на европскиот пат низ годините пред нас. Ковачевски потенцира дека треба да се почне нова приказна во која Северна Македонија станува европска земја, земја со закон, ред, систем, иднина, подобар живот.

-Како што посочив и на средбата, СДСМ е посветен на таа приказна. Исто така посочив дека сега е исклучително важно е да се постават приоритетите правилно. Првиот приоритет е она што е од интерес на државата и сите граѓани, а тоа е продолжувањето по европскиот пат. Потоа следат интересите на политичките партии. И тој е редоследот и концептот – на прво место е и секогаш ќе биде интересот на државата, И тука нема дилема, вели Ковачевски.

Премиерот истакна дека членството во ЕУ е врвен национален интерес и така треба и да се третира.

-Очекувам во наредниот период, сите да сме на ниво на задачата, да дадеме сѐ од себе и да ги приоритетизираме работите по вистинскиот редослед и концепт, и максимално да дадеме свој придонес. Нашата единствена алтернатива е ЕУ. Треба да го искористиме поволниот период кој го имаме пред нас, да ја искористиме поддршката која ја добиваме во моментов, и да обезбедиме за граѓаните, за сегашните, за идните генерации, европска и побогата иднина, изјави Ковачевски.

Како што нагласи, граѓаните треба да знаат дека процесот на европеизација не е проект на една поединечна политичка партија. Премиерот додаде дека од Собранието мора да се испрати пораката дека тоа е национален проект, проект во кој мора сите да дадат свој придонес, бидејќи се работи за државата, и за граѓаните.

-Пред нас стојат многу предизвици, а она што го нагласив и денес пред претседателите на парламентарните партии е пред сѐ потребата за непречено функционирање на Собранието, бидејќи истото е исклучително важно за нашиот европски пат. Потребно е да се вклучат сите партии, сите пратеници и да се одблокираат процесите, за да може да имаме поефективни решенија, особено за законите кои се однесуваат на судството, кои се важни и за владеењето на правото како постулат, важни се за нашиот европски пат, но уште поважни се и за враќањето на довербата на граѓаните во судската власт, истакна Ковачевски.

Тој се осврна и на одговорноста што партиите ја имаат во процесот. Ковачевски потенцира дека Владата, но и СДСМ како владејачка и државотворна партија се отворени за соработка за сите решенија кои ќе придонесат за да се постигнат тие цели. Ковачевски нагласи дека инклузивност и обединетост по прашањето на евроинтеграцијата е повеќе од потребно.

-Потребна ни е инклузивност и по темата за ЕУ секако, а не терен за политички борби и пресметки. Не смееме да дозволиме уставните измени на кои се обврзавме со европскиот предлог со заклучоците од Собранието, да бидат пречка која самите ќе си ја поставиме. За прв пат одлуките зависат само од нас, а блокадата ако се случи, ќе ја направиме ние. Вие веќе знаете, доколку ги изгласаме уставните измени, автоматски одиме понатаму, се отвораат кластерите, без потреба од нова одлука и без можност за нова блокада од Бугарија. Треба да бидеме мудри и да го искористиме поволниот момент и атмосфера која ја има во ЕУ во наша полза. Треба да сме свесни дека живееме во турбулентен политички, економски и безбедносен период. И да препознаеме дека сега имаме отворена врата и сега имаме подадени раце од нашите партнери, рече Ковачевски.

Според него треба да се покаже политичка волја и капацитет за да се валоризираат сите досегашни заложби и напори и во најбрз можен рок да станеме членка на ЕУ.

-Не е време за поделби, никој нема корист од тоа. Сега е вистински момент да се искористи шансата и со полн капацитет да ја реализираме поставената цел. Затоа и напоменав дека од корист ќе е формирање собраниска група за европски реформи која врз основа на Извештајот на Комисијата и скрининзите ќе се погрижи реформите поврзани со ЕУ преговорите да не бидат блокирани и да не доцнат. Националниот совет за евроинтеграции претседаван од опозицијата треба да биде вистинското место за тоа. Комисијата за европски прашања во секој случај си ја задржува својата важна законодавна улога. Потребен ни е Договор за национално единство за ЕУ кој ќе ги покаже искрените намери за европеизација на општеството и полноправно членство во ЕУ, потенцира Ковачевски.

Инаку, на средбата присуствуваа лидерите на ДУИ Али Ахмети, на ДОМ Маја Морачанин, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на Алтернатива Африм Гаши, на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, на ДПА Мендух Тачи, на Алијанса на Албанците Арбен таравари, на ВМРО-НП Љупчо Балковски, на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ, на НСДП Горан Мисовски, на ГРОМ Стевче Јакимовски, на Социјалистичката партија Љупчо Димовски, на ЛДП Моника Зајкова, на Партијата на пензионерите Илија Николовски… На средбата не се појавија претседателите на Левица Димитар Апасиев и на Беса Биљал Касами.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Град Скопје со демант за лажната вест за пропаѓање на камион на плоштадот

Соопштение на Град Скопје: Жалиме што на овој начин мораме да реагираме, но мораме да ја констатираме неподготвеноста на одредени медиуми соодветно да ги проверат информациите кои се пласираат на социјалните мрежи, креирани во партиски кујни, и ги претставуваат како кредибилни. Вистината, доколку медиумите кои објавија за наводно пропаднат камион... Прочитај повеќе...

Ковачевски-Руе: Со поддршка од ЕБОР се реализираат клучни капитални проекти за забрзан развој на државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, оствари средба со директорката на Европската банка за обнова и развој за Централна и Источна Европа, Шарлот Руе и шефот на Канцеларијата на ЕБОР во земјава, Анди Аранитаси. На средбата присуствуваа заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на... Прочитај повеќе...

Уште една трагедија со смртни последици на македонските патишта – Загина маж

На 21.03.2023 во 15.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, патничко моторно возило „југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(40) од с.Вранештица, кичевско, излетало од коловозот. На местото на несреќата починал сопатникот Б.Б.(56) од Кичево, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска... Прочитај повеќе...

Пратеничката Марија Георгиевска на Панел-диксусија во Виена

Пратеничката Марија Георгиевска, заменик-членка на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија, учествува на Панел-диксусија на тема „Зајакнување на регионалната соработка за парламентарниот надзор за одбрана и безбедност во Југоисточна Европа“. Панел-дискусијата се одржува во Виена, Австрија, во рамките на 1039-тиот пленарен состанок на FSC Безбедносен... Прочитај повеќе...

Пречек со македонската химна за министерката Петровска во врховната сојузничка команда на НАТО во Монс

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Монс, Белгија ја посети Врховната сојузничка команда на НАТО и се сретна со нејзиниот командант, генералот Кристофер Каволи и старешините од Армијата на Република Северна Македонија позиционирани во оваа команда. „Северна Македонија ќе го продолжи своето активно учество во мултинационалните сили на НАТО... Прочитај повеќе...

Уште двајца искасани од кучиња скитници

На 21.03.2022 во СВР Битола, Ј.И.(70) од Битола пријавил дека на ул.„Широк Сокак“ во Битола неговиот малолетен внук бил каснат од куче скитник. На 21.03.2023 во Полициската станица Велес, Г.Н.(74) од Велес пријавил дека на ул.„11 Октомври“ бил каснат од куче скитник. Прочитај повеќе...

Апсења на повеќе локации низ Македонија

На 21.03.2023 во 16.00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода A.С.(43) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени опиум, екстази и амфетамин. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање... Прочитај повеќе...

Излета југо: Загина едно лице, има повредени – МВР со детали за трагедијата

Вчера попладне нешто по 15 часот во полиција било пријавено дека на патот Кичево-Македонски Брод, патничко моторно возило „југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(40) од селото Вранештица, кичевско, излетало од патот, информира МВР. Според полицискиот билтен на местото на несреќата починал сопатникот Б.Б.(56) од Кичево, а смрт констатирал... Прочитај повеќе...

215 санкционирани возачи во Скопје: 74 за брзо возење

На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 215 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени биле и осум мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за непрописно... Прочитај повеќе...

Пречек со македонската химна за министерката Петровска во врховната сојузничка команда на НАТО во Монс

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Монс, Белгија ја посети Врховната сојузничка команда на НАТО и се сретна со нејзиниот командант, генералот Кристофер Каволи и старешините од Армијата на Република Северна Македонија позиционирани во оваа команда. „Северна Македонија ќе го продолжи своето активно учество во мултинационалните сили на НАТО... Прочитај повеќе...

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз […] The post Замрзнати цените на јајцата и оризот appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец февруари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: • За пензии […] The post МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy