Ковачевски при посетата на АД „Европа“: Силната поддршка на домашните компании и стратешкото лидерство носат македонски успеси на европските и светски пазари

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска беше во посета на фабриката АД „Европа“ Скопје, којашто опстојува на пазарот речиси над 140 години, работи по најсовремени методи и стандарди, а државната финансиска поддршка што ја добиле помогнала значително во нивниот напредок и покрај актуелните предизвици. И денес се стабилна индустриска компанија со производство од околу 5.000 тони годишно продажба на странскиот и на домашниот пазар.

„Многу е убаво кога ќе се види напредокот на компанијата во којашто сме денеска, АД „Европа“ Скопје, којашто е наш домашен, а во исто време и европски и светски бренд за чоколади, вафли, бонбони.

Развојот на компанијата покажува дека треба да се има јасна идеја, визија, план, стручни работници, добар менаџмент и посветено да се работи и секогаш ќе има резултати. И дека успехот е можен во стабилна држава, којашто се грижи за опстанокот и развојот на домашните компании. Во услови кога во светот се затвораат фирми, дури и огромни компании, кога е доведено во прашање производството на познати светски брендови, чоколадната индустрија АД „Европа“ егзистира успешно и успешно обезбедува плата за 500-тини вработени кои тука работат“, рече премиерот Ковачевски.

Конкретно, компанијата во време на пандемијата, со државна поддршка, како корисник на мерката на Владата за справување со КОВИД-19 кризата, набавила нова опрема за производство на производи од какао, чоколади. Во 2019 година, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, АД „Европа“, за инвестициски проект е корисник на нова државна финансиска поддршка. Вкупната исплатена државна помош кон компанијата по овој основ е 165 илјади евра (10.000.000 денари). А во овој момент компанијата користи државна финансиска поддршка од над 66.000 евра, по овој основ.

„Ние како Влада, токму со цел да ги поддржиме и домашните, покрај странските инвестиции, во 2018 година го инициравме Законот за финансиска поддршка на инвестициите, којшто беше усвоен и во Собранието. Само лани, по основ на овој закон, државата обезбеди 23 милиони евра директна финансиска помош за над 410 компании, што е најголема државна поддршка за домашни компании досега, од осамостојувањето на државата“, посочи премиерот Ковачевски.

Донесовме, како што дополни премиерот Ковачевски и пакет антикризни мерки од 760 милиони евра, што е најголем пакет на државна помош во регионот, според податоците на ЕБРД.

Премиерот рече дека покрај финансиската поддршка на домашните компании, „растат и платите кои се исто така на историски највисоко ниво досега“ и посочи на просечната месечно исплатена нето плата по вработен, којашто во април 2023 достигна над 36.000 денари и на минималната плата, којашто од март годинава е над 20.000 денари. Исто така, како што нагласи премиерот Ковачевски, лани, најкризната година за целиот свет ја завршивме со историски рекорден износ и на странски директни инвестиции во земјата во висина од 753,8 милиони евра; во технолошко-индустриските развојни зони има 16.900 работни места, со плати над државниот просек; невработеноста во изминатите неколку години е намалена за 8 процентни поени; стапката на вработеност кумулативно за истиот период е зголемена за 9,5 проценти; инфлацијата е во надолна линија и од 19,8 отсто во октомври 2022 година е падната на 11,3 отсто претходниот месец, при што се очекува спуштање на инфлацијата до 8 отсто, за 2023 година.

„Во оваа прилика сакам да порачам, дека ќе продолжиме силно да ги поддржуваме домашните компании и стандардот на граѓаните. Јас како премиер и оваа Влада сме категорично определени да осигураме европски услови за живот дома, да отвориме нови и уште поголеми регионални, европски и светски пазари за граѓаните и компаниите. И за оваа цел работиме низ прецизен стратешки пристап, со стратешко лидерство. Членството во НАТО ги отвори вратите за нови инвестиции, бидејќи инвеститорите сакаат сигурност. А со натамошниот напредок во европските интеграции, ќе ја донесеме Европа дома и ќе си ги задржиме младите луѓе во родната земја, за со својот креативен потенцијал и младешка енергија да ја развиваат Република Северна Македонија, за доброто за сите нас“, порача премиерот Ковачевски.

Заменикот на претседателот на Владата, Битиќи, рече дека „преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, ние создаваме доверба кај компаниите и ги стимулираме во влегување во нови инвестициски циклуси, како што е примерот со Европа“.
„Ова е особено важно за АД „Европа“ која извезува на странските пазари во 26 земји на различни континенти, со што ја зајакнува нејзината конкурентност на пазарот, преку воведување на нови производи.

Преку овој пристап, Владата обезбедува поддршка за локаните компании за нивно интегрирање во глобалните вредносни синџири.

Компаниите како „Европа“ се наш локален производ и квалитет, кои извезуваат на светските пазари и ќе продолжат да се развиваат со партнерска поддршка на Владата“, рече вицепремиерот Битиќи.

Генералната директорка на АД „Европа“ Скопје, Марика Караџова рече дека компанијата ги надминува предизвиците, по принципот да се инвестира, наместо да се штеди, што го практикуваат во изминатите неколку години инвестирајќи во нови производни линии и автоматизација на процесите, инвестирање во обновливи извори на енергија и слично.

„Поддршката од Владата што ја имавме овие неколку години многу ни значи, бидејќи благодарение на потпишаните Договори за финансиска поддршка со субвенциите од Владата успеавме да го одржиме нашиот бизнис.

Како компанија сме горди бидејќи ги задржавме сите наши купувачи, а уште повеќе охрабрува веста дека оваа година започнавме соработка со три нови купувачи од странство, што е доказ дека се движиме во правилна насока“, рече директорката Караџова.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Русија се обиде да спречи обраќање на Османи пред Советот за безбедност, Рама не дозволи

„На која основа го поканивте министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи во својство на Претседавач со ОБСЕ да се обрати на денешниот состанок на Советот на безбедност (СБ) на Обединетите нации (ОН)? Вакво прашање му упати рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензи, на премиерот на Албанија, Еди Рама... Прочитај повеќе...

ДУИ: Средбите со Заев и Груевски беа за помирување во Пржино, а со Мицкоски за Кривичниот Законик

Демократската унија за интеграција будно ја следи големата загриженост во редовите на ВМРО- ДПМНЕ и длабоките поделби што се појавуваат во битката меѓу интеграција и изолација. Оваа внатрешна битка меѓу силите во ВМРО кои се залагаат за интеграција на земјата во Европската Унија и оние кои претпочитаат изолација се одвива... Прочитај повеќе...

Мицковски со „машинеријата“ што му ја остави Груевски во наследство, го растури единството во ВМРО-ДПМНЕ

„Партиската машинерија што му ја оставив ја стави во функција против мене и за создавање раскол…“, вели Никола Груевски во одговорот до Христијан Мицкоски. Малку од целото писмо што Никола Груевски му го испрати на Христијан Мицкоски беше објавено на мејнстрим медиумите, оние истите кои една деценија беа дел од... Прочитај повеќе...

Европската комисија донесе одлука – Скопје е избран за „Европска престолнина на културата за 2028 година

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на Фејсбук:   Европската комисија донесе одлука – Скопје е избран за „Европска престолнина на културата за 2028 година“. Македонската култура успеа, Скопје заслужено ја доби престижната титула „Европска престолнина на културата за 2028 година“ и денес сите заедно треба да сме горди на... Прочитај повеќе...

ОКТА донираше фотоволтаична централа и за средното економско училиште во Охрид

Во рамки на одбележувањето на својот 45-ти роденден, ОКТА донираше уште една фотоволтаична централа, овој пат на средното општинско економско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид. Донацијата е во согласност со стратегијата на компанијата за поддршка на иницијативи поврзани со обновливите извори на енергија, што се одразува и на... Прочитај повеќе...

Николова: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Интегрален текст од прес-конференцијата на Даниела Николова, пратеник на СДСМ: СДСМ го штити стандардот на граѓаните, со новите мерки и одлуки на Владата се намалуваат цените на над 500 прехранбени производи во 25 категории. Со оваа одлука се намалуваат цените на лебот, оризот, месото, млекото, јогуртот, сирењето, кашкавалот, брашното, јајцата, овошјето, зеленчукот. Граѓаните до 30 […] Прочитај повеќе...

Сончево со умерена облачност, наместа услови за краткотраен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а наместа повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје сончево […] Прочитај повеќе...

Мицкоски треба да одговори за диловите со Груевски, дали ги прикрива барањата за амнестија, велат од СДСМ

-Христијан Мицкоски треба да одговори за диловите со Груевски, соопшти СДСМ. „Дали на овој начин Мицкоски ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него? За Никола Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава. Но, нема дилема дека Груевски сепак е […] Прочитај повеќе...

СДСМ: ДПМНЕ е за изолација, СДСМ за членство во ЕУ и поголеми плати и пензии

-На политичката сцена во земјата има два спротивни концепти – на ДПМНЕ, кој е за изолација и на СДСМ, кој е за членство во ЕУ, соопшти СДСМ. „Интеграцијата носи економски напредок и подобар животен стандард на граѓаните, а изолацијата економско уназадување. Позитивните ефекти врз економијата во првите години од членството во ЕУ на земјите кои […] Прочитај повеќе...

ДПМНЕ масовно ги прислушуваше граѓаните и ги прекрши нивните права, сега е цинична и ја навредува интелигенцијата на народот, велат од СДСМ

-Лажните и неосновани се обвинувањата коишто доаѓаат од ДПМНЕ, партијата којашто масовно ги пислушуваше граѓаните, ги кршеше нивните основни човекови права, соопшти СДСМ. „Ниту некој ги следи претставниците на ДПМНЕ ниту пак постои нелегално следење на комуникациите, тоа заврши со рушење на режимот. Од партијата на Груевски ови лажни обивнувања звучат апсолутно цинично и ја […] Прочитај повеќе...

Мексико ја престигна Кина

Кина повеќе не е најважниот надворешно трговски партнер на Америка, туку Мексико е, според американските статистичари. Трговската размена меѓу двете земји достигна 263 милијарди долари во првите четири месеци од оваа година, што претставува 15,4 отсто од надворешната трговија на САД. Кога Кина се приклучи на Светската трговска организација во... The post Мексико ја престигна Кина appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Ново значително поскапување на дел од горивата и денеска во Македонија – Цената на нафтата на светските берзи “беснее” и е на највисока точка оваа година

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 92,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР... The post Ново значително поскапување на дел од горивата и денеска во Македонија – Цената на нафтата на светските берзи “беснее” и е на највисока точка оваа година appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска се во пораст и суровата нафта „брент“ првпат од почетокот на годинава достигна цена од 93 долари за барел. Меѓународната агенција за енергија (МААЕ) објави дека доброволното продолжување на дневните ограничувања за производство на нафта од страна на Саудиска Арабија и Русија ќе... The post Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Го преплавија српскиот пазар: Русите основаа околу 7.000 компании

Руските граѓани имаат основано 6.976 компании во Србија од почетокот на војната во Украина. И покрај оваа бројка, под знак прашалник е дали сите овие компании ќе придонесат за растот на српската економија или се само начин руските граѓани да добијат дозвола за постојан престој во Србија со која дополнително... The post Го преплавија српскиот пазар: Русите основаа околу 7.000 компании appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Борба против инфлацијата: Европската централна банка по 10-ти пат ја зголеми каматната стапка

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ја зголеми каматната стапка 10-ти пат по ред во борбата против постојаната и висока инфлација која ги мачи потрошувачите, иако расте стравот дека повисоките трошоци за задолжување можат да придонесат економијата да влезе во рецесија . Зголемувањето на стапката за четврт процентен поен доаѓа додека... The post Борба против инфлацијата: Европската централна банка по 10-ти пат ја зголеми каматната стапка appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy