Ковачевски: Процедурите се олеснети, компаниите да инвестираат во фотонапонски централи за долгорочно помали сметки за струја

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Охрид ја посети фабриката за производство на печурки Органска Буковка ДОО. Оваа компанија со користење на успешни владини мерки и средства од Фондот за иновации и развој успеа да развие целосно нов иновативен производ, но и да обезбеди целосно покривање со електрична енергија од фотонапонска централа инсталирана исто така со средства од ФИТР. Оваа компанија има инсталирано фотонапонска централа од 30 киловати со кои сега во услови на силна енергетска криза целосно ја покриваат потребата од електрична енергија на производството кое е 100% зависно од струја, односно е голем потрошувач.

Во продолжение е изјавата на премиерот Ковачевски во целост:

„Фабриката за производство на органски печурки „Органска буковка“ ДОО која ја посетив денеска овде во Охрид е доказ за посветена тимска работа на двајца основачи кои имаат визија за остварување на зацртаните цели и доследно го спроведуваат својот бизнис план. Јас навистина сум воодушевен што оваа компанија за исклучително краток временски период одлично се позиционирала на домашниот, но и на регионалните пазари пласирајќи свежа буковка во домашните синџири на маркети, но и во трговски мрежи надвор од државата.

Исто така за поздравување е што во вистинско време донеле клучни одлуки за инсталирање на кровна фотонапонска централа од 30 киловати со кои сега во услови на силна енергетска криза целосно ја покриваат потребата од електрична енергија на производството кое е 100% зависно од струја, односно е голем потрошувач.

Овде сакам да ги повикам производствените компании да инвестираат во сопствени фотонапонски централи со кои долгорочно ќе си ги намалат сметките за струја а со тоа и производствените трошоци.

Обновливите извори на енергија се нашата иднина. Ние како земја имаме ресурси, имаме сонце, вода, плодна почва. Со правилна поддршка и правилно менаџирање, јас сум уверен дека можеме да ја трансформираме нашата прекрасна татковина во хаб на зелената енергија и да обезбедиме и енергетска независност, но и да го снабдуваме регионот со струја од обновливи избори.

Како Влада силно сме посветени на долгорочниот правец на државата за енергетска трансформација. Затоа и резултатите се видливи. Само во мојот мандат, во мандатот од оваа Влада имаме веќе инсталирано 27 мегавати фотонапонски централи во државата.

Во моментов во фаза на финализирање се неколку договори за стратешки инвестиции за инсталиран капацитет од еден гигават, во проекти за изградба на фотонапонски и ветерни централи, како и комбинирана гасна електрана и тоа со реномирани големи европски компании, од Франција, Германија и Грција.

Од домашните капацитети, тука е електраната „Осломеј“. Токму со оваа инвестиција во фотонапонската електрана од десет мегавати, сопственост на ЕСМ, која се изгради на поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“ ја започнавме енергетската транзиција на државата.

И што е уште поважно, ова е прва во енергетската транзиција од електрана на јаглен во чиста енергија во регионот. Дополнително работиме и на нови, веќе е објавен и јавен повик за изградба на уште 10 мегавати на истото место, во сопственост на ЕСМ.

Веќе се градат и фотонапонски централи по пат на Јавно приватно партнерство со турски и бугарски инвеститори со ЕСМ во Осломеј, со инсталиран капацитет од 100 мегавати.

Неодамна почна со работа најголемата фотонапонска централа со капацитет од 17 МW, изградена од страна на компанијата од Словенија („Ген-И“). Овој проект е доделен врз основа на првите транспарентни постапки за премиум тарифи кој е спроведен токму од оваа Влада.

Во наредните две години, треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани, по пат на премиуми за кои се потпишани договори во изминатите две години.

Најзначајниот, историски проект „Чебрен“, сега за прв пат има понуда од изведувач, односно од инвеститор после 13 неуспешни тендери. Доколку се биде според она што е пропишано во документацијата и барањата конечно ќе имаме инвеститор кој ќе може да ја започне изградбата на овој огромен проект.

Лидери сме во регионот во енергетска трансформација со огромен потенцијал да станеме зелен енергетски центар на Европа!

Со двајцата основачи на компанијата разговаравме и за нивниот развоен бизнис план кој е навистина интересен. Со самото работење дошле на идејата за дополнителен производ -да се произведува чисто органска дехидрирана буковка со иновативна технологија.

Развојот на овој нов производ е кофинансиран од средства на Фондот за иновации, што укажува на фактот дека државата нуди поддршка секаде каде што ќе препознае потенцијал за развој и напредок во бизнисот како што е овој.

Ги охрабрувам компаниите во земјава да го следат овој позитивен пример, и да ги следат сите економски политики и донесени мерки од Владата. Благодарение на користењето на дел од тие мерки преку Министерството за економија и преку Развојната банка на Северна Македонија, како што се субвенционирање на плати, или пак бескаматни финансиски средства, оваа фабрика успеала да го задржи континуитетот на работење, но и да се развива.

Посебно за поздравување е што еден од сопствениците господинот Игор решил да се врати од странство во родниот град и со помош на сите позитивни владини мерки да покаже и докаже дека и кај нас има позитивен амбиент со квалитетно работење да се развие добар бизнис и планира подобра иднина. Ова е реткост, и затоа, е за голем поздрав.

На менаџментот на Органска буковка и на вработените им посакувам уште многу успеси во развојот на нивната компанија и освојување на нови пазари”.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Занимања кои обично носат висока заработка – Овие луѓе земаат плата и над 400.000 долари годишно

Постојат неколку занимања кои обично носат висока заработка. Еве неколку примери: Хирурзи и лекари: Медицинските професионалци, особено оние во специјализирани области како што се неврохирургија, ортопедија и кардиологија, можат да заработат многу високи плати. Корпоративни директори: извршните директори, финансиските директори и другите директори на високо ниво на големите корпорации често... Прочитај повеќе...

Некој го очекува остварување на соништата, некој возбудливи нови почетоци – Месечен хороскоп за април

Овен (21.03 – 19.04): Ова е одличен месец за да се фокусирате на личниот раст и само-подобрување. Можеби ќе почувствувате обновено чувство на енергија и ентузијазам, а тоа може да доведе до нови возбудливи можности во вашиот живот. Бик (20.04 – 20.05): Овој месец може да се чувствувате малку поинтровертно... Прочитај повеќе...

Воопшто не е евтино: Колку чини да се изнајми стан во Германија?

Дури 3,1 милиони домаќинства во Германија треба да потрошат натпросечен дел од својот месечен приход за плаќање кирија. Податоците за трошоците за изнајмување станови за 2022 година беа објавени во петокот од германската федерална служба за статистика во Визбаден. Според овие податоци, 3,1 милион домаќинства трошат најмалку 40 отсто од... Прочитај повеќе...

Ахмети: Согласно статутот во ДУИ не се дозволени фракции, ќе треба да се почека до следниот конгрес

Претседателот на партијата Али Ахмети на седницата на Централното претседателство на ДУИ изјави дека фракции според статутот не се дозволени, но рече дека на следниот конгрес ќе поддржи таква идеја. Eден час претходно дел од членовите од „Огнената група“ рекоа дека ќе функционираат како фракција. -ДУИ е партија којашто почитува... Прочитај повеќе...

Мицкоски се премисли: Би прифатиле уставни измени по примерот на Хрватска

Ако власта смета дека формулата за успех за уставни измени е по примерот на Хрватска каде државата е на еден народ и останатите малцинства, ВМРО-ДПМНЕ одма тоа ќе го прифати, рече лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски одговарајќи како ги коментираат тезите дека уставните измени би можеле да се направат... Прочитај повеќе...

Едни ќе треба да штедат, други се пред големи потези кои ќе им донесат пари – Кои знаци ќе имаат финансиски придобивки во април?

Овен (21.03 – 19.04): Овој месец можеби ќе треба да донесете некои важни финансиски одлуки. Одвојте време внимателно да ги оцените вашите опции пред да направите големи инвестиции. Бик (20.04 – 20.05): Ова е одличен месец да се фокусирате на вашите финансии и да поставите нови цели за вашата финансиска... Прочитај повеќе...

Величковски: Вучиќ и Курти за две минути би решиле прашање како тоа за внесувањето на Бугарите во Уставот

Поранешниот пратеник Ивон Величковски, во интервју со Васко Ефтов изјави дека “ние денеска не можеме да разбереме дека со преговорите меѓу Србија и Косово во Охрид ни беше дадена можност да си ја вратиме улогата на регионална суштественост, која еднаш ја изгубивме во 1999 година некористејќи го Кумановскиот договор, а... Прочитај повеќе...

Продолжи кампањата „МВР за граѓаните“ – Преку партнерство меѓу полицијата и заедницата до зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење

Во текот на денешниот ден Министерството за внатрешни работи преку претставници од Македонскиот полициски синдикат и секторите за внатрешни работи со своите оддели за превенција продолжија со активности во врска со кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“, чија цел е доближување до граѓаните на суштината, вредностите и карактеристиките... Прочитај повеќе...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички на подрачјето на Бит Пазар (ФОТО)

Денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Џон Кенеди“, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12), за кои на 30.03.2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле. По документирање на случајот, малолетничките ќе бидат предадени на... Прочитај повеќе...

Пронајдени двете двете исчезнати малолетнички во Скопје (ФОТО)

Полицијата ги пронашла двете деца кои се одалечија од своите домови изминатите денови. На социјалните мрежи кружи информација “МВР ги нашла децата! Родителите ќе си ги земат од станица! Браво ” при што е објавена и фотографија. По девојчињата, 15 годишната Мелиса и 12 годишната Аниса се трагаше од четвртокот... Прочитај повеќе...

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија за раст на пензиите, која следи два индикатори односно 50% од порастот на просечната плата и 50% од порастот на трошоците за живот. Ова усогласување […] The post Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над 500 денари за вреќа од 15 килограми ги одвратија граѓаните од пелетите, а печките на пелети се продаваат по ниски цени по македонските огласници. Според […] The post Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни услуги и знаење, грижата за клиентите и на стабилноста на Банката. Со оваа престижна награда, која ѝ се доделува на Банката по 12-ти пат, Комерцијална […] The post Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз […] The post Замрзнати цените на јајцата и оризот appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy