Ковачевски: Расте интересот за осигурувањето за поголема сигурност кај граѓаните и компаниите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод одбележување на Националниот ден на осигурувањето – 1 Ноември, во организација на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Во продолжение ја пренесуваме интегралната изјава на премиерот Ковачевски:

„На почеток, сакам да упатам срдечни честитки по повод 1 ноември, Национален ден на осигурувањето и честитки до Агенцијата за супервизија на осигурувањето, регулаторот на осигурителниот пазар, по повод нивната 14 годишнина од постоењето која се одбележува токму на овој ден.

Овде денеска зборуваме за значењето на осигурувањето, но и за значењето на актуарската професија, за која како што гледам, има не само голем интерес, туку и огромен потенцијал кај овие млади луѓе кои се надевам својата иднина ја гледаат токму во актуарството.

Денот на Осигурувањето нека биде поттик за силна порака до сите чинители дека овој финансиски инструмент опстојувал и ќе продолжи да опстојува како силна гаранција и двигател за стимулирање на економскиот и инвестицискиот развој и сигурност.

Осигурувањето е важно средство кое обезбедува сигурност при решавање на разните предизвици со кои се среќаваме, при совладување на последиците од климатските непогоди, покривање на потребите за школување, потреба од здравствените услуги и стандарди или обезбедување на спокојни пензионерски денови.

Охрабрува фактот што во нашата држава расте интересот за осигурување, а според бројките најголем е интересот за каско осигурувањето, како и за приватното здравствено осигурување, но и за другите видови. Најновите трендови препорачуваат осигурување од одговорност согласно дејноста, но и се наметнува потребата од справување со современите предизвици, како што се ризиците од сајбер нападите.

Од друга страна, расте и исплатата од осигурителните компании по разни основи.

Само за илустрација, според прелиминарните податоци, во споредба со месец август од минатата година, осигурениците наплатиле 22% повеќе односно 57 милиони денари или над 930 илјади евра. Голем дел од исплатата, се однесува на медицински трошоци.

Додека, сопствениците на моторни возила, од штетите покриени со каско осигурување наплатиле над еден милиони евра. Обештетување од 100.000 евра добиле повеќе од 500 лица и тоа во доменот на патничко осигурување.

Сето ова е показател дека расте и свеста кај граѓаните за значењето и за придобивките од осигурувањето и бенефитите кои тоа ги носи.

Со поставувањето на регулативата, даночните олеснувања, формирањето на Агенцијата за супервизија на осигурување, создавањето услови за конкурентност на овој пазар, државата ги постави основите на осигурителната дејност, кои континуирано ќе се надоградуваат и преку подготовка на ново законско решение кое наскоро ќе се најде во Собранието пред пратениците.

Развивањето на свеста за обезбедување сигурност преку договорите за осигурување е дел и од политиката на ЕУ. Во таа насока, секоја заложба во овој правец е со цел обезбедување економска стабилност, сигурност и благосостојба на граѓаните и компаниите.

Сметам дека е навистина од големо значење тоа што денеска зборуваме за тоа како растот на осигурувањето да го трансформираме во долгорочен развој бидејќи само така ќе ги промовираме потенцијалите на оваа област, но и ќе ги презентираме можностите пред овие млади луѓе кои денес се тука со нас. Токму тие и нивната неисцрпна енергија се носителите на нашиот развој и носителите на нашата иднина.

Многу пати досега и кога сум посетувал разни компании, но и кога сум посетувал индустриски капацитети, сум истакнувал дека нашата иднина, европската иднина на нашата земја мора да ја обезбедиме, пред сè за младите. Затоа, ги поздравувам напорите на денешните организатори на овој настан на едно место да ги поканат сите релевантни учесници кои денеска ќе зборуваат на една важна тема како што е осигурувањето со цел што поскоро да ги примениме ЕУ директивите во оваа област во целост. И во таа насока, се истакнува и носењето на новиот Закон за осигурување кој треба да ја приближи осигурителната индустрија кон европските стандарди и работа по правила содржани во ЕУ директивите кои ја регулираат оваа област.

Европската иднина е пред нас и преку оваа индустрија. Тоа пред два дена јасно и гласно ни го порача претседателката на Европската комисија, која при нејзината посета порача дека ние заслужуваме да станеме дел од Европската Унија.

Затоа, уште еднаш од овде сакам да порачам дека членството во ЕУ се базира на концептот на заслуги. Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ, а сите ние заслужуваме да бидеме европски граѓани, овде дома тука во нашата држава. Да живееме европски и да се однесуваме европски. Нашите млади луѓе, нашите деца и сите наши граѓани го очекуваат тоа од нас.

Уште еднаш сакам да упатам честитки по повод Националниот ден на осигурувањето и честитки и до сите 14 студенти математичари од Природно-математичкиот факултет кои се наградени со стипендии од домашните осигурителни компании. Воедно, сакам да му честитам и на младиот научник Антонио Крстаноски, студент на катедрата за осигурување на Факултетот во Охрид при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола за неговиот награден научно-истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување за кој Агенцијата за супервизија на осигурување, традиционално низ годините доделува награда.

На сите ви посакувам успеси во совладување на претстојните предизвици во областа која, се надевам, ќе ви биде животен повик – осигурувањето.

Благодарам и честитки за јубилејот и голема благодарност до организаторите на настанот“.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
(ФОТО) Еве го Палевски – Турската полиција пратила фотографии откако е уапсен осомничениот за убиството на Вања

Турската полиција пратила фотографии откако е уапсен осомничениот за убиството на Вања, Љупчо Палевски викан Палчо. Да потсетиме Љупчо Палевски е уапсен во Турција, тој е прво осомничен за убиството на Вања и 74 годишниот маж. Прочитај повеќе...

Првоосомничениот за убиството на Вања уапсен вечерва во Турција

Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, е уапсен е уапсен на аеродром во Турција по меѓународната потерница која ја објави македонското МВР. по распишаната меѓународна потерница од МВР по двојното убиство на Вања Ѓорѓиевска и Панче Жежовски, јавуваат српските медиуми. Вечерва беше уапсен 46-годишен... Прочитај повеќе...

Вонредна прес конференција на Спасовски

Вечерва, (05.12.2023) во 22.30 часот, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи ќе одржи прес конференција. Прочитај повеќе...

МАРИЧИЌ ОД ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ОД БРИСЕЛ: Проевропскиот фронт ќе успее да ја реализира прогресивната агенда за проширување на ЕУ, вклучувајќи ја Северна Македонија и земјите од Западен Балкан

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, вечерва се обрати во Европскиот Парламент во Брисел, Белгија на семинарот организиран од пратеничката група Социјалисти и демократи, S&D на темата „Обликување на прогресивната агенда за проширување“. Маричиќ на панелот ги рефлектираше најпрогресивните вредности на Европската Унија од каде што... Прочитај повеќе...

Европски фронт за членство во ЕУ до 2030 година: СДСМ ги повика политичките партии, невладини и граѓански здруженија да се приклучат

Социјалдемократите иницираат формирање на Европски фронт. Целта е членство во ЕУ до 2030 година. Партијата ги повикува да се приклучат сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, граѓани, сите кои го поддржуваат европскиот пат Иницијативата за формирање на широк Европски фронт започна пред два дена на седница на Извршниот... Прочитај повеќе...

СРПСКИ МЕДИУМИ: Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е уапсен е уапсен на аеродром во Турцијa

Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, е уапсен е уапсен на аеродром во Турција по меѓународната потерница која ја објави македонското МВР. по распишаната меѓународна потерница од МВР по двојното убиство на Вања Ѓорѓиевска и Панче Жежовски, јавија српските медиуми. Вечерва беше уапсен 46-годишен скопјанец, кој како што соопшти […] Прочитај повеќе...

МАРИЧИЌ ОД ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ОД БРИСЕЛ: Проевропскиот фронт ќе успее да ја реализира прогресивната агенда за проширување на ЕУ, вклучувајќи ја Северна Македонија и земјите од Западен Балкан

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, вечерва се обрати во Европскиот Парламент во Брисел, Белгија на семинарот организиран од пратеничката група Социјалисти и демократи, S&D на темата „Обликување на прогресивната агенда за проширување“. Маричиќ на панелот ги рефлектираше најпрогресивните вредности на Европската Унија од каде што доаѓаат најнапредните и разумно базирани […] Прочитај повеќе...

Европски фронт за членство во ЕУ до 2030 година: СДСМ ги повика политичките партии, невладини и граѓански здруженија да се приклучат

Социјалдемократите иницираат формирање на Европски фронт. Целта е членство во ЕУ до 2030 година. Партијата ги повикува да се приклучат сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, граѓани, сите кои го поддржуваат европскиот пат Иницијативата за формирање на широк Европски фронт започна пред два дена на седница на Извршниот одбор на партијата. -СДСМ подава […] Прочитај повеќе...

Расчистени шест тешки кражби во Прилеп, приведени две лица, одземеното вратено на сопствениците

Вчера, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп ги лишиле од слобода Е.Б.(35) и О.М.(39), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека извршиле тешки кражби во возила и дека одзеле различни предмети. Во службен разговор тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на […] Прочитај повеќе...

МТСП: „Сложувалка“ поттикнува и поддржува, преку меѓуинституционална соработка до сеопфатен одговор на прашањето за насилството врз жените

Министерството за труд и социјална политика заедно канцелариите на УНФПА во Република Северна Македонија со поддршка на Британската амбасада во РСМ продолжија со спроведување на кампањата “ Сложувалка“ во рамки на глобалната кампања 16 дена активизам за борба против насилството врз жените. За таа цел беше одржана панел дискусија на тема „ Дискриминацијата, економската зависност […] Прочитај повеќе...

Добри вести: Поевтинуваат горивата

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.11.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,50 ден/лит, додека... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Со новиот пакет мерки пензионерите добиваат до 15.000 денари во наредните 5 месеци

Со новиот пакет антикризни мерки пензионерите со најниски пензии до 14.000 денари, во наредните 5 месеци ќе добијат 15.000 денари на своите сметки. По 3.000 денари секој месец. Македонските пензионеришто имаат пензии од 14.000 до 16.000 денари добиваат по 2.000 денари месечно односно 10.000 денари. „Оние пензионери со пензија од... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Цените на нафтата во светот продолжуваат да паѓаат

На светските берзи минатата недела цената на нафтата падна за речиси два отсто бидејќи трговците се скептични за намалувањето на производството од страна на членките на ОПЕК и затоа што е можен натамошен пад на побарувачката поради слабоста на економијата. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Од 2024 година нови правила за пензионирање во Србија: Жените ќе мора да работат подолго, има два начини да го избегнат тоа

Од јануари следната година, односно за околу еден месец ќе стапат на сила новите правила за пензионирање во Србија. Така, на пример, жените ќе треба да работат два месеци подолго од годинава, а најрано ќе можат да се пензионираат на 63 години и осум месеци. Сепак, постои начин да се... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната Комисија за Енергетика во текот на утрешниот ден стандардно ќе ја утврди новата цена на горивата која ќе важи во следните 7 дена. Во моментов нафтата од типот брент се продава 79 долари за барел, што е намалување во однос на претходниот ден. Во Македонија актуелните цени се следни:... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Подгответе се: Доаѓаат пари за ЧЕТИРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ во декември! Дали сте еден од нив?

Бик (20 април – 20 мај): Поединците Бикови често се поврзуваат со финансиска стабилност и практичност. Вашиот фокус и одлучност може да доведат до поволни финансиски резултати или можности за зголемен приход. Јарец (22 декември – 19 јануари): Јарците се познати по силната работна етика и амбициозност. Во декември, вашата напорна работа и стратешки пристап... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ИЗБЕГНЕТЕ ЛОША СРЕЌА: Откриено потеклото на традицијата на бакнување на полноќ на новогодишната ноќ

Иако точното потекло на прославувањето на вториот почеток на новата година е непознато, обичајот често се следи на два зимски фестивали: Сатурналија во антички Рим и Хогманај, викиншка традиција која сè уште се слави на Нова година во Шкотска. Сатурналија се одржуваше секоја година за време на зимската краткоденица, а бидејќи беше најголемата забава во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Задолжително на лекар – 6 знаци на недостаток на железо

Ниското ниво на железо е најчестото и најраспространето нарушување во исхраната во светот, особено во западните земји, соопшти Светската здравствена организација. Тие веруваат дека дури две милијарди луѓе, што е над 30 отсто од светската популација, страдаат од одреден степен на недостаток на железо, што е особено честа појава кај жените. Ова се најчестите знаци:... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Ова се сите придобивки од кефирот: од протеини до пробиотици

Кефирот е култивиран, ферментиран пијалок кој потсетува на јогурт. Одредени извори наведуваат дека овој пијалок е стар повеќе од 1000 години и потекнува од Кавказ. Наводно, локалните мештани, познати по своето здравје и долговечност, случајно го откриле додека носеле свежо млеко во нивните кожени чанти. Некогаш малку познат надвор од Кавказ, денес кефирот е особено... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Домашна купка за испукани пети, поефикасна од крема – Потребни се само 2 состојки

Испуканите пети се проблем со кој многумина од нас се соочуваат секојдневно. Отстранетиот калузен епидермис се враќа како бумеранг, а нашите стапала постојано не изгледаат како што би сакале. Оваа купка за потпетици со домашни состојки може да ви помогне да ги трансформирате стапалата пред да влезете во пролетни чевли. Што ви е потребно за... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy