Ковачевски: СДСМ го предводи блокот што носи интеграција на државата, ВМРО-ДПМНЕ го предводи атиевропскиот блок

На македонската политичка сцена јасно се профилирани два политички блока. Едниот, предводен од СДСМ, којшто иднината на земјата ја гледа интегрирана во ЕУ и антиевропски блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ, порача во интервју за Слбоден печат, Димитар Ковачевски претседател на СДСМ.

Ковачевски истакна дека неговата СДСМ успеала да направи многу на економски, општествен и меѓународен план и очекува граѓаните тоа да ги препознаат.

„Факт е дека во владеење на СДСМ земјата стана членка на НАТО, а во мојот мандат како премиер по 17 години чекање ги отпочна и преговорите со ЕУ. Факт е дека го реализиравме и го надминавме изборното ветување од 500 евра просечна плата. Во 2017 година просечната плата беше 360 евра, денес ние успеавме да ја зголемиме и изнесува 630 евра. Имаме воедно и рекордна минимална плата од над 22.500 денари колку што ќе биде со следното усогласување, а минималната плата во времето на владите на ВМРО-ДПМНЕ беше 8.000 денари. Значи над 130% повеќе. Имаме и историско ниво на пензии – просечната пензија е околу 20.000 денари, минималната е 13.000 денари, зголемени за 50% во споредба со времето на ВМРО-ДПМНЕ. Платите во ТИРЗ зоните пак веќе се над 1.000 евра.
Факт е дека обезбедивме најголема помош во време на криза од 2,6 милијарди евра. Никој не беше оставен сам. Со антикризните мерки најранливите и пензионерите добиваат финансиска поддршка, тоа беше случај и минатата зима и оваа, струјата ја субвенциониравме и до 90% за над 600.000 домаќинства и над 70.000 мали потрошувачи. Парното е субвенционирано исто како дел од антикризните мерки. Факт е и дека денес имаме невработеност под 13% за разлика од 2016 кога беше над 24%. Само во една година имаме зголемена вработеност и нови 10.000 вработени во државата. Факт е дека сега имаме највисоко ниво на странски директни инвестиции од 754 милиони евра, речиси двојно повеќе странски директни инвестиции од 2016 година. До 2017 година имаше нула поддржани домашни компании од државата. За 6 години, владата предводена од СДСМ со 100 милиони евра државни пари, поддржа 919 домашни компании кои со тие пари реализираа 500 милиони евра инвестиции. Тоа се видливи и мерливи економски показатели“ посочи Ковачевски.

Осврнувајќи се на понудата на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на СДСМ посочи дека политиките на таа партија и блокот што го предводи, носат само уназадување на државата, додавајќи дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето.

„Вториот блок е антиевропскиот предводен од ВМРО-ДПМНЕ. Со политиките на тој блок до 2017 година Северна Македонија беше заробена држава, изолирана, со уназадена демократија, далеку од ЕУ и НАТО. Земја која беше на 138 место во светот по слобода на медиуми исто како што беше на дното на листите за сите показатели во однос на владеење на правото. Земја во која наместо кај граѓаните, парите одеа во стиропор кој денес се распаѓа, работникот беше потценет, третиран и продаван во светот како евтина работна сила. За жал, ние гледаме дека до денес ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која се нема поместено ниту милиметар од она што граѓаните го паметат во нивното 11-годишно владеење. Доволно е да се навратиме само во изминатите 2 години. Спроведуваа активна блокада во македонското Собрание и блокираа помош за граѓаните во време на криза. Го блокираат европскиот пат, а не кажуваат која е алтернативата. Велеа дека ќе се случела асимилација и бугаризација, а ниту излегоа пред граѓаните да им се извинат за лагите, ниту пак гласаа за договорот Фронтекс со којшто македонскиот јазик го етаблиравме во ЕУ. Немаа и сè уште немаат став за ниту едно важно прашање. Светски феномени по немање став. Партија која во 21 век сè уште говори за хорор, влечење за коси, која јавно кажува дека со нив нема ЕУ ниту за 100 години. Доволно е да погледне во каква очајна состојба го доведоа главниот град Скопје, да се види дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ немаат реализирано ниту еден проект за 2 години и тој е заклучокот. Сè е исто во белиот дворец“ тоа е истата антиевропска матрица, рече Ковачевски.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Од растот на платите се офајдија и Мицкоски и Славески – 88 илјади денари професорска плата

За во просек 22 отсто пораснаа платите на професорите во УКИМ, мерка од која „се офајдија“ и најголемите критичари на економските политики на владата, Христијан Мицкоски и Трајко Славески. Мицкоски и Славески се политичарите кои редовно ги критикуваат политиките на владата за раст на платите, а своевремено професорот Славески ја Прочитај повеќе...

Кривична пријава против полициски службеник за „загрозување на сигурноста“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против И.И. од Македонска Каменица, полициски службеник во Полициското одделение Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик, односно дека упатил закани кон лице Прочитај повеќе...

ИНСПЕКТОРИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО МАРКЕТИТЕ: Нема да го чекаме утрешниот ден, порача директорот на ДПИ Трајковски

Обраќање на директорот на ДПИ горан Трајковски: Државниот пазарен инспекторат нема да го чека утрешниот ден, односно целосното завршување на одлуките, туку како и до сега, во континуитет, така и денес излегуваме на терен и ќе извршуваме надзори во сите големи маркети во Република Северна Македонија, по сите закони по Прочитај повеќе...

(Видео) Втор најголем шумски пожар во историјата на Тексас, се шири брзо, едно лице загина

Во Шумски пожар во Тексас, кој брзо се шири, загина едно лице, жителите се евакуирани, а домовите и деловните објекти останаа без струја, јавува Би-би-си. Во вториот најголем шумски пожар во историјата на Тексас изгореа 850.000 хектари северно од градот Амарило. Гувернерот на Тексас Грег Абот прогласи катастрофа во 60 Прочитај повеќе...

Штрајкот на јавниот превоз почна низ цела Германија, се очекуваат големи проблеми

Во многу германски сојузни покраини утринава започна дводневен штрајк на јавниот превоз. Патниците може да очекуваат значителен прекин бидејќи автобусите, трамваите и метрото престанаа да сообраќаат на многу места. Синдикатот Верди свика дводневен штрајк кој ќе трае до петок. Берлин, Хамбург, Долна Саксонија, Саксонија-Анхалт, Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска област-Пфалц беа Прочитај повеќе...

Скокнаа платите на Мицкоски и Славески – 88 илјади денари професорска плата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески од овој месец добиваат повисоки професорски плати во УКИМ во просек за 22 отсто, со што нивните плати достигнуваат и до 88 илјади денари. Мицкоски и Славески се политичарите кои редовно ги критикуваат политиките на владата за раст на платите, а […] Прочитај повеќе...

ИНСПЕКТОРИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО МАРКЕТИТЕ: Нема да го чекаме утрешниот ден, порача директорот на ДПИ Трајковски

Обраќање на директорот на ДПИ горан Трајковски: Државниот пазарен инспекторат нема да го чека утрешниот ден, односно целосното завршување на одлуките, туку како и до сега, во континуитет, така и денес излегуваме на терен и ќе извршуваме надзори во сите големи маркети во Република Северна Македонија, по сите закони по кои постапува пазарниот инспекторат. Во […] Прочитај повеќе...

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

На 28.02.2024 во 12.25 часот во Полициската станица Центар, В.А.(61) од Скопје пријавила дека на ул.„Македонија“ во Скопје била касната од куче скитник. На 28.02.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.Ш.(51) од Скопје пријавила дека во с.Горно Соње, скопско, била касната од куче скитник. На 28.02.2024 во 11.10 часот во Полициската станица […] Прочитај повеќе...

Полицијата не запира – фрчат казни за граѓаните

Во текот на вчерашниот ден (28.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 599 возачи. Од нив 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет […] Прочитај повеќе...

Апсења на повеќе локации во Тетово, Скопје и Битола – полицијата излезе со детали

На 28.02.2024 околу 23.25 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода lice од тетовска Шипковица. При претрес во домот во кој времено престојувал во Тетово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање […] Прочитај повеќе...

Валутата која профитираше од напливот на Биткоин! Dogecoin на највисоко ниво во последните две години

Dogecoin се зголеми за повеќе од 25 проценти во однос на американскиот долар. Го скрши нивото на отпор од 0,120 долари и може да продолжи да расте кон нивото од 0,132 долари. DOGE е најголемиот добитник на најдобрите 20 дигитални монети и токени. Подемот на Bitcoin го влече и остатокот... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Coinbase „пукна“ по историскиот скок на Биткоин: Велат дека го решиле проблемот, но корисниците се уште се жалат

Coinbase, најголемата берза за криптовалути во САД, вчера доживеа прекини и дефекти што предизвикаа некои кориснички сметки да покажат салда од 0 долари, а сето тоа се случи набргу откако вредноста на биткоинот се искачи над 60.000 долари, што е највисоко од 2021 година. Корисниците почнаа да пријавуваат прекини вчера... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Највисока просечна хрватска плата има во Загреб, а еве каде е најниска

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во правните лица во четвртиот квартал од 2023 година во однос на истиот период од 2022 година е зголемена во сите жупании. Најголем пораст е забележан во Пожега-славонската и Вуковарско-сремската жупанија по 17,1 отсто, а најмал во градот Загреб за 12,3 отсто. Државниот завод... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

ЦЕНАТА НА НАФТАТА ПАД, ЗЛАТОТО СКОКНА: Европските берзански индекси во пораст

Главните европски берзански индекси денеска се во најголем дел во пораст, а во исто време е забележан пад на цената на нафтата и раст на цените на златото и на пченицата. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 17.643,75 поени, лондонски FTSE 100 на 7.643,25 поени,... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Шефовите на германските компании имаат лоши вести

Работодавците во Германија ги намалија плановите за вработување и во февруари, а можни се и отпуштања во наредните месеци. Индексот на вработеност на институтот Ифо падна во февруари за 0,6 поени во однос на јануари, на 94,9 поени, објави во вторникот институтот. „Економијата е толку летаргична што компаниите го одложуваат... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

ЖЕНИТЕ ВО ПРЕДНОСТ: Научниците открија максимален број години колку луѓето можат да живеат

Ако сте загрижени за брзината со која се приближувате до следниот „голем“ роденден, тогаш имаме добри вести за вас. Се разбира, да наполните 25, 30 или 40 години изгледа страшно, но научниците тврдат дека ја откриле максималната возраст до која човек може да живее, а ве чекаат уште убави години. Заклучоците доаѓаат од студијата спроведена... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Пари ќе “паѓаат од небо”: Најдобриот руски астролог вели дека овие два знака во март ќе пливаат ВО ПАРИ

Познатиот руски астролог Павел Глоба тврди дека двата знака од Зодијакот во март ќе имаат повеќе среќа од сите други кога се во прашање финансиите и парите. Имено, тој истакнува дека материјалниот аспект од нивниот живот ќе биде многу нагласен, а во позитивна смисла, во текот на првиот пролетен месец и дека може да очекуваат... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ОГАН ВО КРЕВЕТ: Топ 10 работи кои откриваат голем љубовник

Можеби мислите дека ви е жешко во кревет, но можеби не ви оди баш најдобро. Што го прави добар љубовник? 10 карактеристики на личност која може самоуверено да каже дека е добра во кревет. Доколку се пронајдете во овие 10 работи, немате причина за грижа, пишува Крстарица. 1. Сакате да учите нови работи 2. Разигран... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Трите хороскопски знаци кои најмногу изневеруваат на ергенски и момински забави

Жените често се повозбудени од мажите за денот на нивната венчавка. Тие му придаваат важност на секој детал, дури и на чиновите што доаѓаат пред самиот ден на свадбата. При нивното организирање се одлучува дали тоа ќе биде помирна опција или на пример одење во клуб, изнајмување простор и слично, а често на овие прослави... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Четири хороскопски знаци кои ќе пливаат во пари овој март!

Еве четири хороскопски знаци со оптимистички финансиски изгледи за март 2024 година: Бик: Поединците Бик може да најдат профитабилни можности во стабилни инвестиции или потфати со недвижнини во текот на март 2024 година. Нивната практична природа и решителност може да доведат до значителни финансиски придобивки. Лав: Лавовите може силно да блеснат во нивните кариери во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...