Ковачевски: Северна Македонија е фактор на стабилност, обединети сме и силни во НАТО

Денеска во касарната „Илинден“ се одржа централна свеченост за одбележување на третата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО – Алијансата.

На свеченоста се обратија претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Во продолжение следи интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:

„ Почитуван потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија, Хусни Исмаили,

Почитувана министерке за одбрана, Славјанка Петровска,

Почитуван началник на Генерал-штабот на Армијата на Република Северна Македонија генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски,

Почитувани припадници на Армијата, почитувани претставници на медиумите и гости,

Горд сум што можам денеска исправено пред вас да се обратам како Премиер на земја која пред три години, токму на денешниот ден – 27 март, оствари една од нејзините стратешки цели – станавме членка на најмоќниот воено-политички сојуз – НАТО алијансата.

Горд сум и што моите, нашите деца овој ден ќе го изучуваат како еден од најсветлите денови во нашата историја. Затоа што овој ден ја гарантира и нивната иднина.

27ми март е денот кога Северна Македонија ја запечати својата безбедносна иднина. Момент после кој нашата стабилност не може да биде доведена под прашалник од никој. И од таа точка можеме да чекориме само напред, силно и забрзано.

Оваа годишнина не е само сеќавање на моментот кога македонското знаме се развиори пред седиштето на НАТО во Брисел, иако сум сигурен дека таа слика ќе остане трајно врежана во нашето сеќавање и секогаш ќе ни предизвикува вакви силни чувства на национална гордост.

Тоа е момент во кој престанавме да бидеме точка на дневен ред на безбедноста, и станавме дел од масата која го создава дневниот ред за светската безбедност.

Нашата национална одлука за членство во Алијансата, ги проби бариерите на партиите, религиите и народите и не’ обедини. Незначајна маргина се оние малкумина кои не се горди на овој наш успех и би сакале други алтернативи.

Убеден сум дека такво обединување имаме и околу нашите одлуки за Европската Унија.

Денеска, ние сме НАТО. Ја остваривме едногласната одлука на нашето Собрание од 1993 година и идејата на нашите претци, кои се бореа да сме еднакви со најразвиените.

Успеавме да се избориме на овој пат со носење храбри, државнички и тешки одлуки.

Со истото темпо продолжуваме и на нашиот пат кон членството во Европската Унија.

Кога говориме дека ние сме НАТО, важно е да можеме да си одговориме „Што значи да се биде НАТО?“

НАТО заштитува, обединува и зацврстувa. Пред се, да се биде НАТО е силна гаранција на нашата територија и безбедност, од страна на најуспешната воено-политичка Алијанса во историјата на човековата цивилизација. Печат на нашиот територијален интегритет и суверенитет.

Да се биде НАТО, значи да се дели масата за одлучување со најразвиените земји во светот, да се носат одлуките за светската безбедност заедно со најмоќните. Да се чува нашиот и светскиот мир како дел од воено супериорна, политички силна и релевантна и економски доминантна организација. Мир и развој за безмалку една милијарда луѓе, кои живеат во заеднички демократски вредности.

Да се биде НАТО значи дека сме еднакви во обединето силно семејство во кое сите заедно се справуваме со предизвиците, и заедно се јакнеме во својата одбрана било да е воена или дигитална сајбер одбрана.

Поразлична перспектива на тоа колку е важна безбедноста и стабилноста ни даде бруталната неиспровоцирана воена инвазија која Русија ја врши врз Украина. Војна за каква мислевме дека европското тло нема повеќе да види.

Наместо тоа, човечкото патење и ужасниот регрес на деструктивноста се повторува, и дополнително се трансформира во хибридна војна која користи сајбер и информациски оружја.

Во оваа разорна војна, нашето место како и секогаш кога ќе се свртиме назад кон македонската историјата, останува исто, а тоа е да се биде на вистинската страна на историјата. Уште на почетокот, минатата година го осудивме овој конфликт, ја поддржавме и ја поддржуваме Украина, за која во континуитет обезбедуваме помош.

Целта на поддршката не е да се продолжат воените дејствија, туку независна Украина да ја одбрани својата независност и територијален суверенитет и своите храбри луѓе.

Оваа војна, со сите свои елементи ја втурна Европа во нова безбедносна, но и енергетска и економска криза, за чие справување, солидарноста и обединетоста на НАТО беа и се уште се клучни. И токму во таа обединетост може да види визијата на сојузништвото, и зошто од оваа криза повторно ќе излеземе посилни, посплотени.

Вие припадниците на Армијата сте рамноправни со вашите колеги од земјите членки на НАТО. Рамноправни во способноста, знаењето, во придонесот во колективната одбрана.

Државата, Владата, Министерството во последните неколку години покажа што значи да се возврати за лојалноста на Армијата кон својата држава, а Вие со Вашиот пример покажавте дека можеме да се гордееме со вас.

Горди сме со припадниците на Армијата на Северна Македонија кои не претставуваат во сојузничките мисии во Латвија, во Романија, во Бугарија, во мисиите Косово, во Ирак, во Босна и Херцеговина, Либан, Централноафриканската Република.

Заслужен е секој денар кој го вложуваме во модернизација на Армијата, заслужено е секое годишно покачување на буџетот за Армијата и одбраната кое годинава достигна до 1,85% од БДП а следната година ќе достигне до 2% од БДП, заслужена е целата нова опрема која ја модернизира Армијата, како и сите поволности кои ги обезбедивме за секој припадник на Армијата со новиот Закон за служба.

Да се биде НАТО значи да ни се зајакне и расте Армијата. Силна и спремна Армија е гаранција за безбедноста на земјатата но и за колективната одбрана на Алијансата.

Нашата силна и спремна Армија беше таа којашто помагаше во спроведувањето на мерките за справување со КОВИД, со секој пожар кој ни се случи, со земјотресите во Албанија и Турција.

Армијата во сите овие случаи спаси човечки животи. И за таа спремност и пожртвуваност сме ви крајно благодарни.

За крај, сакам уште еднаш да ни честитам, на сите граѓани на Северна Македонија за оваа годишнина и ни посакувам да одбележуваме уште многу следни години во мир и благосостојба.

Благодарам.“

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
„Само се шегувавме“: Уапсени во Босна и Херцеговина поради тврдења за исчезната Данка донесена во полиција

Тројцата кои беа уапсени кај Хаџиќ бидејќи тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ, за што барале пари, во полиција изјавиле дека „само се шегувале“. Федералната полициска управа вечерва уапси три лица на локации кај Илиџа и Хаџиќ кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации Прочитај повеќе...

Полицијата ја опколи куќата во која исчезна Данка – возила со ротација забележани вечерва

Неколку автомобили на српското МВР во ротација поминале во правец на куќата пред која исчезнала малата Данка, пренесува Телеграф. Црно возило го следеше колоната под ротација. На стадионот во Бор слета и хеликоптер на српското МВР. Засега не се знае дали багерите, кои го расчистуваа теренот, привремено го прекинаа копањето Прочитај повеќе...

Ковачевски: Со државната поддршка за македонските комапнии создадовме нови 5.000 работни места

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше и дискутираше на панел дискусија „Креираме развој преку поддршка на инвестиции“ во организација на ТИРЗ и Кабинет на ЗПВ Битиќи. Денешната трибина, ја посочи претседателот Ковачевски, како добра можност да се сублимираат досегашните преземени мерки и резултатите во делот на Прочитај повеќе...

Унијата на Ромите дел од Европскиот фронт, Ахмети: Не’ очекува голема победа

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПA на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ДЕП на Аријан Хоџа и Демократска партија на Турците (ТДП), претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети одржа конференција за медиумите, каде што беше потпишан коалицискиот договор со Фатма Османоска, претседател Прочитај повеќе...

Сонце и температури над 28 степени – Метеоцентар со детална прогноза за претстојниот викенд

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата. Прогноза за 30.03.2024 Минимална температура: Прочитај повеќе...

Нова револуционерна мерка од 2025 година: Седумчасовно работно време за одредени дејсности и сектори

Нова револуционерна мерка во делот на работните односи. Веќе од почетокот на следната година, одредени дејсности и сектори ќе имаат седумчасовно работно време. Веќе од 2025 година во одредени сектори ќе се воспостави работен ден од седум часа, односно работна недела од 35 часа наместо 40 часовна работна недела, но притоа платите нема да се […] Прочитај повеќе...

Битиќи и Деспотовски: Kреираме развој со поддршка на инвестиции на домашни и странски компании

Можностите за инвестиции и поддршка од државата особено за домашните компании, идни мерки како и презентација на примери на македонски компании кои со поддршката од државата градат успешни приказни беше во фокусот на денешната панел дискусија посветена на економијата и инвестициите. Настанот го организираа заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за […] Прочитај повеќе...

Јавното обвинителство се координира со останатите институции за обезбедување фер и демократски изборен процес

Координација на активностите за успешно спроведување на претстојните избори, со поддршка од сите институции кои се дел од овој процес, беше тема на денешниот состанок на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Талат Џафери. На средбата присуствуваше и јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата […] Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот Регион

Министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Охрид оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО која е составена од членови на Центарот за светско наследство, Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата. Средбатата се одржа во Завод и […] Прочитај повеќе...

Просечна плата од 1.100 а по влезот на Македонија во ЕУ, 1.300 евра, најавува Битиќи

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за Слободен печат истакна дека СДСМ во новата програма предвидува просечна плата од 1.100 евра до крајот на 2028 година и дека според него тоа е сосем остварливо. „Велиме дека просечната плата во државата во 2028 година ќе биде 1.100 евра и тоа се истите анализи и метрики […] Прочитај повеќе...

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Групацијата Нелт продолжува забрзано да се развива, со синергија на организациски промени, инвестиции во дигитална трансформација и развој на африканските пазари. На третата годишна конференција „Accelerate 2025“, посветена на актуелната деловна стратегија, присуствуваа повеќе од 200 менаџери на компаниите кои се дел од Групацијата. Милош Јелиќ, првиот извршен директор на... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Прва регионална конференција на професионални сметководители во РСМ:  Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Неопходни се одлучни чекори, јасна институционална поддршка и соработка помеѓу сите засегнати страни и партнери во процесот, како и искористување на искуствата на земјите од регионот, за да се овозможи натамошен развој на сметководствената дејност и унапредување на статусот на професионалните сметководители во нашата земја. Ова се дел од препораките... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Собранието го донесе новиот закон за вино – Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Собранието на Република Северна Македонија, на денешната седница, со 64 гласа ЗА го донесе новиот закон за вино, предложен од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Исполнивме уште еден даден збор пред лозарите. Новиот закон за вино во целост е усогласен со одредбите на европското законодавство, во делот на воведувањето... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Пуштена во употреба високонапонска трафостаница во Штип

Со пуштање во употреба на новата трафостаница „Штип 1“ се поттикнува локалниот развој во штипскиот регион. На официјалниот старт со работа на трафостаницата присуствуваа претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер и градоначалникот на општина Штип, г-дин Иван Јорданов. „Задоволувањето на потребите на нашите корисници и сигурноста... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Поголемата финансиска инклузија на жените претприемачи преку развивање вештини, знаења, изработката и следењето на соодветните податоци и пристапот до финансиски средства се основните цели на пилот-проектот со кој ќе раководи Народната банка со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Ова беше истакнато на денешниот настан на кој... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

ЖЕНИТЕ ВО ПРЕДНОСТ: Научниците открија максимален број години колку луѓето можат да живеат

Ако сте загрижени за брзината со која се приближувате до следниот „голем“ роденден, тогаш имаме добри вести за вас. Се разбира, да наполните 25, 30 или 40 години изгледа страшно, но научниците тврдат дека ја откриле максималната возраст до која човек може да живее, а ве чекаат уште убави години. Заклучоците доаѓаат од студијата спроведена... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Пари ќе “паѓаат од небо”: Најдобриот руски астролог вели дека овие два знака во март ќе пливаат ВО ПАРИ

Познатиот руски астролог Павел Глоба тврди дека двата знака од Зодијакот во март ќе имаат повеќе среќа од сите други кога се во прашање финансиите и парите. Имено, тој истакнува дека материјалниот аспект од нивниот живот ќе биде многу нагласен, а во позитивна смисла, во текот на првиот пролетен месец и дека може да очекуваат... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ОГАН ВО КРЕВЕТ: Топ 10 работи кои откриваат голем љубовник

Можеби мислите дека ви е жешко во кревет, но можеби не ви оди баш најдобро. Што го прави добар љубовник? 10 карактеристики на личност која може самоуверено да каже дека е добра во кревет. Доколку се пронајдете во овие 10 работи, немате причина за грижа, пишува Крстарица. 1. Сакате да учите нови работи 2. Разигран... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Трите хороскопски знаци кои најмногу изневеруваат на ергенски и момински забави

Жените често се повозбудени од мажите за денот на нивната венчавка. Тие му придаваат важност на секој детал, дури и на чиновите што доаѓаат пред самиот ден на свадбата. При нивното организирање се одлучува дали тоа ќе биде помирна опција или на пример одење во клуб, изнајмување простор и слично, а често на овие прослави... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Четири хороскопски знаци кои ќе пливаат во пари овој март!

Еве четири хороскопски знаци со оптимистички финансиски изгледи за март 2024 година: Бик: Поединците Бик може да најдат профитабилни можности во стабилни инвестиции или потфати со недвижнини во текот на март 2024 година. Нивната практична природа и решителност може да доведат до значителни финансиски придобивки. Лав: Лавовите може силно да блеснат во нивните кариери во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...