Ковачевски: Со координацијата меѓу институциите, борбата против корупцијата и криминалот ќе даде резултат

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска имаше обраќање на тркалезната маса на тема „Култура на интегритет – Пат до успех во борбата против корупцијата“.

На настанот, кој е дел од проектот „Промовирање на транспарентност и одговорност во јавната администрација на Северна Македонија“, учествуваа и заменик-претседателката во Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за правда Никола Тупанчески, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, други претставници на владините институции, претседателката на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска и заменик шефот на Делегацијата на ЕУ во нашата земја Јулијан Васало.

Проектот „Промовирање на транспарентност и одговорност во јавната администрација на Северна Македонија“ има за цел да ги постави темелите и заложбите на сите институции во насока на целосно воведување на системот на интегритет, правилна имплементација на Законот за заштита на укажувачите и успешно исполнување на препораките од ГРЕКО, во насока на откривање и управување со судирот на интересите на претставниците на извршната власт.

Во продолжение на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски во целост:

„Почитувани гости и учесници на тркалезна маса на тема „Култура на интегритет – Пат до успех во борбата против корупцијата“

Дозволете ми да ви посакам добредојде во Владата на Република Северна Македонија.

Ви посакувам успешна дебата на тркалезна маса на тема „Култура на интегритет – Пат до успех во борбата против корупцијата“, која е дел од проектот „Промовирање на транспарентност и одговорност во јавната администрација на Северна Македонија“.

Од овој клучен состав на експерти и креатори на политики врзани со борбата против корупцијата очекувам продлабочена дебата и препораки кои ќе ни бидат од исклучителна полза за еден од нашите врвни приоритети – спречувањето и борбата против корупцијата.

Корупцијата на сите нивоа е една од најподмолните закани за општеството и за сите граѓани. Општеството, институциите, особено оние институции и поединци кои се најодговорни и најповикани, мораат да ги препознаат, спречат и казнат сите форми на корупција. Ако за тоа нема волја или ако тие механизми се попречени на било кој начин, оваа општествена болест ќе ги опфати сите витални делови на заедницата и ќе го спречи нејзиниот развој.

Нашата заложба е креирање општество во кое инсистираме на еднаков пристап до правдата, ефикасно владеење на правото на сите нивоа, како и транспарентни, ефективни и одговорни институции.

Од досегашното искуство, но и согласно препораките, ние мора без одлагање да ги удвоиме напорите за препознавање, спречување и решавање на коруптивните дејствија кои создадоа ситуации на раширена перцепција за корупцијата.

Од една страна, заедничкиот чекор кој треба да го направиме е да се спротивставиме на создавање на амбиент каде кој било ќе се почувствува привилегиран. Од друга страна пак, наша задача е да создадеме услови во кои ќе се осигураме дека правдата и казната за дела од корупцијата, нема да заобиколи никој.

Остварувањето на оваа цел, која е идентична со целта на граѓаните на Република Северна Македонија, ќе се оствари со заложбата на Владата и нејзините политики и стратегии за борба против корупцијата.

Ист таков пристап очекуваме и од народните избраници во Парламентот, како и од сите функционери во извршната и во судската власт. Да се отстрани корупцијата во сите нејзини форми и во сите структури на општеството.

За да го постигнеме тоа, мора да се обезбеди одговорно, инклузивно и транспарентно носење одлуки на сите нивоа. Да се развијат ефективни, одговорни и транспарентни институции и да бидеме единствени и заедно во бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа.

Тоа треба да биде наш заеднички влог за оправдување на довербата што ни ја дадоа граѓаните затоа што во нашите изборни програми борбата против корупцијата има видно место.

Минатата година извештајот на ГРЕКО за Република Северна Македонија со препораките од петтиот круг на евалуација, на тема „Превенција од корупција и промовирање на интегритет на централната власт“ нотираше напредок во делот на препораките за борба против корупција.

Тоа е показател за јасно изразената политичка волја, за спречување и крајно искоренување на корупцијата.

Во Извештајот позитивно е оценето донесувањето на новиот Кодекс за етичко однесување, а особено е потенцирано, дека се постапува согласно одредбите од Кодексот, односно дека веќе нема случаи на неразрешени функционери.

Беше поздравено и тоа што транспарентното се објавени имињата и висината на приходите на сите советници во Владата и министерствата на нивните веб-страници.

Она што е мошне значајно е дека ГРЕКО потврди дека Владата обезбедила значителни финансиски, материјални и човечки ресурси за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во меѓувреме беше решено и просторното сместување на Комисијата во современ објект за непречено извршување на нивната исклучително значајна работа.

За оваа Влада секоја пристигната иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата внимателно и детално се разгледува и се постапува по истите. Во целиот процес на борбата против корупцијата исклучително важна е соработката со сите надлежни антикорупциски институции, со независните тела, невладиниот сектор, бизнис заедницата.

Како Влада имаме комплетна насоченост и почитување кон сите независни тела во државата, а пред се кон Државната комисија за спречување корупција, како една од клучните институции во откривањето и спречувањето корупција.

Имаме Закон за заштита на укажувачите, но она што имаме силна определба да го направиме е да го усовршиме функционирањето на системот на укажувачи за да ги извлечеме максималните можности од законските можности.

Сите органи на државната управа, самостојните органи, управни организации и единици на локална самоуправа ќе треба да назначат овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување кое ќе работи според многу јасен протокол за заштита на „свиркачите“.

Со законот се опфатени сите мерки за заштита на укажувачите, но со дополнителни подзаконски акти ќе ја зајакнеме сигурноста и заштитата на овие граѓани за да охрабриме поголем број граѓани да се осмелат и безбедно да учествуваат во борбата против корупцијата како наша заедничка.

Согласно препораките на ГРЕКО во напредна фаза е дигитализацијата на судовите и обвинителствата.

Успешно се исполнети препораките за јавно објавување на сите претставки и предлози покренати за дисциплинска и кривична одговорност на полициските службеници.

Назначени се посебни лица за интегритет во рамки на МВР. Континуирано се спроведуваат обуки на сите политички службеници во врска со јакнењето на нивниот интегритет и спречувањето на конфликтот на интереси.

Министерството за внатрешни работи го дополни и Етичкиот кодекс на полициските службеници, со што сега се регулирани прашањата за конфликт на интереси, решавањето на случаите на корупција и примањето дарови од страна на полициските службеници.

Почитувани,

Борбата против корупцијата е процес за којшто ни треба единство. Ни треба соработка и придонес од секого. Затоа, уште повеќе ќе ја зајакнеме координацијата меѓу надлежните институции, министерствата, независните институции како што се Државната комисија за спречување корупција и судовите, невладиниот и приватниот сектор.

Само така бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа ќе даде резултати. Тоа е нашиот влог за довербата што ни ја дадоа граѓаните.

Секој да го дадеме сопствениот придонес корупцијата да стане приказна од минатото.

Нула толеранција за корупцијата за општество еднакво за сите.

Благодарам.“

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Кузеска: Локална власт на ВМРО-ДПМНЕ: НУЛА проекти, само долгови за граѓаните

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ: Изминува една и пол година од мандатите на градоначалнците од ВМРО-ДПМНЕ, период во кој целата јавност ја виде нивната неспособност. Над 40 градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ досега не реализираа ниту еден важен, капитален проект за општините и граѓаните, а дури ги прекинаа и наследените проекти... Прочитај повеќе...

Започна летното сметање на времето: Лекарите се загрижени за последиците

Летното сметање на времето започна во раните утрински часови, а многу лекари се загрижени поради оваа појава. Според податоците објавени од Американската академија за медицина на сон, докажано е дека движењето на стрелките на часовникот може да предизвика сериозни здравствени проблеми кај граѓаните, како што е појава на дијабетес, а... Прочитај повеќе...

Снежно невреме во Авганистан, загинаа најмалку три лица, меѓу кои и дете

Најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во снежните врнежи и силниот дожд што го зафатија Авганистан, изјави портпаролот на авганистанската влада. Невремето вчера и денеска погоди девет провинции во различни делови на земјата: Балх, Забул, Фаријаб, Урузган, Нимроз, Нангархар, Кунар, Нуристан и Лагман. Седум лица се повредени... Прочитај повеќе...

МНР реагира: Нашите недостатоци се поради нестручното работење на претходните министри од ВМРО-ДПМНЕ

Во врска со денешната партиска трибина на ВМРО ДПМНЕ за работата и активностите на дипломатијата на Македонија, Министерството за надворешни работи го пренесува следното: „Министерството денес се соочува со сериозни системски недостатоци кои се резултат на долгогодишнo нестручно работење и длабоко партизирираниот пристап во водењето на институцијата во времето кога... Прочитај повеќе...

Трамп: Јас сум жртва на лов на вештерки

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера во Тексас им порача на илјадници приврзаници дека е подложен на една по друга лажни истраги и дека е прогонуван со сталинистички методи. „Од почетокот тоа беше лов на вештерки и лажна истрага една по друга, нешто директно од ужасите на сталинистичка Русија“, рече... Прочитај повеќе...

СДСМ: Ги преброја ли Мицкоски пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се за европскиот пат?

Многу пати досега се покажа дека пребројувањето пратеници е многу слаба страна на Христијан Мицкоски, велат од СДСМ утрово преку соопштение. „Броеше Мицкоски 61 пратеник кои ќе гласале за распуштање на Собранието, но во реалноста Собранието не само што не се распушти, туку парламентарното мнозинство се зголеми. Сега, кога државата... Прочитај повеќе...

Санкционирани 19 пијани возачи во Штип

Синоќа (25/26.03.2023) во периодот од 23 до 05 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Штип беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, информираат оттаму. Притоа, во контролите биле санкционирани 19 возачи што управувале возило под дејство на алкохол. Акциските... Прочитај повеќе...

Објавени детали од грозоморниот случај во Струга: Двајца повозрасни мажи и тинејџер силувале малолетничка

Обвинителството објави детали околу случајот во струшко кој ја потресе јавноста, во кој двајца повозрасни луѓе и еден тинејџер сексуално злоупотребувале и силувале 13-годишно девојче. Тројцата осомничени се товарат за силување на дете кое не наполнило 15 години, прикажување порнографски материјал на дете по член 193 и задоволување на полови... Прочитај повеќе...

Ужас: Приведени мажи за силување на девојче помало од 14 години во Струга

Двајца повозрасни мажи и еден малолетник се приведени во Струга под сомнеж за полов напад врз малолетничка помала од 14 години. СВР Охрид соопшти дека за делото се осомничени жители на селата Враништа, Драслајца и Моришта на возраст од 57, 69 и 17 години. Полицијата соопшти дека нападот го пријавил... Прочитај повеќе...

Пари, среќа, нови можности: Три хороскопски знаци ќе доживеат голем успех во април

Откријте според хороскопот кого ќе го „грее сонце“ во април, кои три знаци ќе имаат најмногу среќа на полето на љубовта, работата и финансиите! Според астрологијата и во однос на тоа како се „порамниле“ ѕвездите, некои хороскопски знаци имаат поголеми шанси за успех и среќа во одредени периоди. Така, во... Прочитај повеќе...

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни услуги и знаење, грижата за клиентите и на стабилноста на Банката. Со оваа престижна награда, која ѝ се доделува на Банката по 12-ти пат, Комерцијална […] The post Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз […] The post Замрзнати цените на јајцата и оризот appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец февруари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: • За пензии […] The post МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy