Ковачевски: Со краткорочни, среднорочни и долгорочни проекти заеднички обезбедуваме стабилност и енергија за земјите од регионот

Премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање на Самитот на Отворен Балкан во Белград истакна дека енергетската криза треба заеднички да се решава со што ќе се обезбеди потребната струја за целиот регион. Премиерот Ковачевски подвлече дека само со заедничка соработка која што е база на економија, ќе се овозможи да имаме електро – енергетски систем којшто ќе овозможи електрична енергија во доволни количини кои во моментов ги нема и електрична енергија по цени за конкурентна економија за сите држави и по оптимална цена за граѓаните.

Премиерот Ковачевски подвлече дека проблемот во моментот со кој што се соочува Европа и сите наши држави, Северна Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина е недостатокот на електрична енергија и исклучително висока цена на суровини за производство на електрична енергија.

„Кога ќе ги погледнете цените на електрична енергија, на гасот, на мазутот, тоа значи дека ги нема во доволни количини. Тоа треба да го знаат граѓаните, а постојат политичари кои што на тие недостатоци, сакаат да им дадат политичка димензија, што не е точно. На пазарот постои недостаток на енергенси, гасот не е достапен заради војната во Украина, мазутот го има во помали количини, бидејќи се користи повеќе заради недостаток на гас и заради недостаток на ветар во северните мориња, заради сушата во Европа, заради неможноста да се ладат нуклеарните централи во Франција, Германија. Најголем дел од реакторите се исклучени и има недостаток на електрична енергија. Високите цени значат дека понудата е помала, а секој економист ќе каже дека маргиналната цена на крајот ја определува и побарувачката, затоа на високи цени се намалува и побарувачката. Северна Македонија, а убеден сум дека 99% тоа се однесува и на Србија, Албанија и другите земји од регионот, за да може да обезбедат електрична енергија која што е по цена која што граѓаните можат да ја издржат, државите ја субвенционираат истата. Ние, само минатата недела, односно оваа недела која завршува денес, префрливме 50 милиони евра на ЕСМ за да може да обезбеди електрична енергија која што 80% е субвенционирана за граѓаните“, рече премиерот Ковачевски.

Ковачевски дополни дека ЕСМ има задача да ги активира сите производствени капацитети кои се во негова сопственоста, РЕК Битола со оспособување на сите блокови, ТЕЦ Неготино, когенеративната централа „КОГЕЛ“ која е со помал капацитет и ставање во употреба за баланс на енергија на сите хидропотенцијали.

„Хидропотенцијалите можат да се користат како базна енергија, но во овој момент тоа е практично невозможно заради долгите сушни периоди и намаленоста на капацитетот на акумулациите на ниво од некаде од 50%. Верувам дека тоа е, исто валидно за сите држави во регионот. Во такви услови ставањето во капацитет на сите централи кои ги имаме бара енергенси кои се со повисока цена. Тие енергенси се најмногу од увоз, што значи – најквалитетниот јаглен го има во Албанија и во Грција меѓутоа и во таа цена заради порастот на сите цени е зголемена. Ако цената на јагленот беше 43 евра за тон сега е 93 и над 93 евра. Транспортот заради зголемената цена на мазутот и на дизелот, исто така е зголемен. Тоа значи дека и производството во домашни услови е поголемо. Но, државата тоа го прави и ЕСМ кај нас има задача 25% од производството да го зголеми во однос на минатата година“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски појасни дека во моментов сите граѓани кои се на регулираниот пазар, сите домаќинства и сите мали потрошувачи на електрична енергија- 72.000 мали потрошувачи, а тоа се приватни компании се на регулираниот пазар кои добиваат 80% субвенционирана цена на електрична енергија.

„Тие субвенции се од Буџетот на државата. На слободниот пазар кај нас има околу 1.300 приватни компании и 530 институции кои се на либерализиран, слободен пазар и кои што преку трговците на електрична енергија истата ја купуваат. Нивните барања се ставање во функција на приватните производствени капацитети на електрична енергија, тоа се обновливите извори на електрична енергија, доминантно фотоволтаици и мали хидроцентрали и ставање во функција на гасната когенеративна централа „ТЕ – ТО“ со цел енергијата да им биде понудена под берзанските цени на слободниот пазар за да можат нивните производствени и услужни процеси тоа да го издржат. Во моментов Министерството за економија, ЕСМ и други мои колеги од ресорот преговараат со сопствениците на „ТЕ – ТО“ со цел од почетокот на грејната сезона до крајот до 31 март да работи „ТЕ- ТО“. Доколку во неговата работа која што е со капацитет од скоро 200 Мега-вати се појават вишоци тогаш нормално дека ќе го понудиме на нашите први соседи, а тоа се Србија, Албанија и другите кои ќе имаат потреба“, рече Ковачевски и дополни дека за да се овозможи и „ТЕ-ТО“ да работи потребен е гас, а гас во моментов има Србија и го лоцира проблемот дека во изминатите 30 години независна Македонија и Србија не е направена интерконекција и тоа е нешто што на среден рок мора да го направиме заедно.

Премиерот Ковачевски нотираше дека во изминатите 30 години не е направена ниту интерконекција Грција – Северна Македонија за да може да се приклучиме на ЛНГ терминалите, а тоа исто така се прави на среден рок.

„Ние како држава имаме потпишано меморандуми и договори со компанијата за оперирање на гасоводите во Грција за изградба на гасовод од Солун преку Евзони до Неготино. Веднаш штом ќе биде готово, ќе биде овозможено Србија да има интерконектор со Северна Македонија. Истото се однесува и до Албанија, која има потенцијал преку пристаниште и за ЛНГ и за други суровини и затоа ќе мора прво да се инвестира во големиот проект кој го имаме за железничка пруга и автопат до Албанија, а потоа и изградба на гасовод. Мрежата која во изминатите 30 години не е реконструирана во однос на високо напонско поврзување на Северна Македонија, Косово и Црна Гора, прави проблеми во нашата мрежа при зголемен напон односно вишоци на електрична енергија која е во мрежата. И таа ќе мора да се прави на среден рок. Дополнително понудивме изградба на фотонапонски централи во Северна Македонија, блиску до изворите на базна енергија, да бидат регионални проекти и на Србија и на Албанија. Јас сум веќе во контакт со премиерот на Грција во однос на обезбедување на мазут, бидејќи тој доаѓа од Грција а нашата ТЕЦ Неготино работи на мазут“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски подвлече дека и со Република Бугарија која граничи со две од државите на Отворен Балкан, мора да обезбедиме непречено функционирање на меѓународните интерконекции во текот на целата зима, на барање на стопанските субјекти кај нас. Премиерот Ковачевски додаде дека имаме краткорочни мерки кои ги реализираме на дневна основа, среднорочни мерки за поврзување на сите држави во регионот како и среднорочни и долгорочни за градење на нови капацитети кои мора да бидат од регионален карактер. Ковачевски заклучи дека ако секоја од нашите држави согласно своите финансиски можности реши сама да го консолидира својот енергетски систем, нема да биде во можност истото да го направи.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Во ИТ секторот фрчат отпутања: Проценките се дека досега без работа останале до половина милион луѓе

Продолжуваат масовните отпуштања во ИТ секторот, речиси сите големи компании поделија голем број отпуштања од почетокот на годинава. Со тоа го продолжија трендот кој започна на почетокот на минатата година, имено, одамна заврши ерата на голем раст на компаниите, а приспособувањето кон новите услови првенствено се врши преку отпуштања, објави... Прочитај повеќе...

Исклучете ги: овие уреди трошат многу електрична енергија дури и кога не ги користите

Кризата за трошоците на животот продолжува да влијае на домаќинствата, така што луѓето бараат различни начини да заштедат пари каде и да можат. Од паметно користење на греењето до следење на употребата на вашите кујнски апарати, има многу мали промени што можете да ги направите кои би можеле да ви... Прочитај повеќе...

Времето драстично се менува, синоптичарите најавуваат дожд, грмежи, ветер, а некаде и снег – Детална четиридневна прогноза

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места... Прочитај повеќе...

Полицаец вознемирувал ученички во средно училиште во Скопје

На 24.03.2023 добиена е пријава од средно училиште во Скопје дека полициски службеник вербално вознемирувал неколку ученички. Веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, а против лицето ќе биде поведена и постапка за... Прочитај повеќе...

Експлодира плинска боца во Карпош, полицаец заврши во болница

На 24.03.2023 во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Разловечко Востание“ во стан сопственост на Д.Ѓ.(60) експлодирала плинска боца, по што настанал пожар. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Поради вдишување чад еден полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на... Прочитај повеќе...

Ужас: Приведени мажи за силување на девојче помало од 14 години во Струга

Двајца повозрасни мажи и еден малолетник се приведени во Струга под сомнеж за полов напад врз малолетничка помала од 14 години. СВР Охрид соопшти дека за делото се осомничени жители на селата Враништа, Драслајца и Моришта на возраст од 57, 69 и 17 години. Полицијата соопшти дека нападот го пријавил... Прочитај повеќе...

Пари, среќа, нови можности: Три хороскопски знаци ќе доживеат голем успех во април

Откријте според хороскопот кого ќе го „грее сонце“ во април, кои три знаци ќе имаат најмногу среќа на полето на љубовта, работата и финансиите! Според астрологијата и во однос на тоа како се „порамниле“ ѕвездите, некои хороскопски знаци имаат поголеми шанси за успех и среќа во одредени периоди. Така, во... Прочитај повеќе...

Груби: Знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени

Членот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција, Артан Груби пред почетокот на седницата на Централното претседателство на партијата во Мала Речица истакна дека „знае дека има пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени“. Од денеска сметам дека треба да почнеме со нашите напори, повикувајќи ја... Прочитај повеќе...

СДСМ: Броењето пратеници му е слаба страна на Мицкоски, во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои го поддржуваат европскиот пат

Соопштение на СДСМ: Броењето пратеници на Христијан Мицкоски му е многу слаба страна. Тоа го покажал неколку пати досега. Исто како што велеше дека има 61 пратеник за распуштање на Собранието и избори во мај. Очајни се овие обиди на Мицкоски, погрешната математика и штанцањето нови измислици ќе му се... Прочитај повеќе...

Сè повеќе студенти се подготвени да го напуштат факултетот за да го заштитат своето ментално здравје

Една нова анкета на Галуп објави дека 41 процент од студентите кои моментално се запишани на постсредно програма размислувале да се откажат од студиите во изминатите шест месеци. Овој број значително се зголеми од првата година на пандемијата COVID-19, во која 33 отсто од студентите размислуваа да го напуштат студирањето... Прочитај повеќе...

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни услуги и знаење, грижата за клиентите и на стабилноста на Банката. Со оваа престижна награда, која ѝ се доделува на Банката по 12-ти пат, Комерцијална […] The post Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз […] The post Замрзнати цените на јајцата и оризот appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец февруари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: • За пензии […] The post МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy