Ковачевски: Со новиот Ресурсен центар, во Шуто Оризари, жителите добиваат полесен пристап до сите услуги во државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод потпишување на договор за реализација на проект за изградба на Ресурсен Центар за повратници и лица во ризик во Општина Шуто Оризари. Преку Ресурсниот центар граѓаните ќе имаат непречен пристап до здравствени, социјални услуги, вработување, предучилишно и училишно образование и пристап до правна помош.

Во продолжение ја пренесуваме интегралната изјава на премиерот Димитар Ковачевски:

„Почитуван градоначалник на општина Шуто Оризари, г. Курто Дудуш,

Почитуван постојан претставник на УНДП во нашата земја, Армен Грегоријан,

Почитуван раководител на одделот за соработка при Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, мојот драг пријател, Штефeн Худолин,

Почитуваните пратеници, пратеничката Шиковска, вработените во Општината, во советот на Општината и сите драги пријатели на Општина.Шуто Оризари,

Почитувани претставници на медиумите,

Денеска сме за убав повод овде, во Општина Шуто Оризари, каде отпочнува со реализација проектот за изградба на Ресурсен центар за нашите сограѓани, прв од ваков вид во земјава.

Ресурсниот Центар е предвидено да биде мост меѓу жителите на оваа општина и државните институции, наменет пред сѐ за повратниците, како и за сите жители на Општината Шуто Оризари кои ќе можат полесно и побрзо да дојдат до бараната услуга во соодветната институција.

Преку Ресурсниот центар граѓаните ќе имаат непречен пристап до повеќе административни услуги меѓу кои здравствените и социјалните услуги, вработување, предучилишно и училишно образование и пристап до правна помош.

Со еден збор, еден модерен, едношалтерски систем каде што ќе можат сите информации и услуги граѓаните на Шуто Оризари да ги добиваат на едно место, брзо и ефикасно и потоа да бидат процесирани или да бидат упатувани и советувани што треба да направат.

Центарот треба да обезбеди социјална и економска реинтеграција на жителите на Шуто Оризари и ќе создаде повеќе можности за повратниците да станат поактивни на пазарот на трудот.

Ресурсниот центар е планиран да биде мултифункционален објект, прилагодлив зависно од потребите граѓаните, и да е лоциран во зградата на Општината Шуто Оризари. Истиот е предвидено да се заврши до крајот на годинава, и ќе чини околу 180 илјади евра, од кои околу 81.000 евра ќе бидат обезбедени преку ЕУ, додека останатите ќе ги обезбеди општината за што навистина изразувам честитки од Општината, градоначалникот, советот и до сите кои што се вклучени.

Ова е центар кој ќе донесе нова динамика во живеењето во општината, и верувам дека ќе придонесе кон развојот на општината и кон повисок квалитет на живот за граѓаните.

Во овој контекст, ние како Влада континуирано се залагаме за развој и јакнење на инфраструктурата на сите општини, вклучувајќи ја и Општината Шуто Оризари. Тоа го покажавме и преку реализација на различни проекти директно поддржани од Владата.
За период од само 3 години инвестиравме над 2,5 милиони евра во инфраструктура, образование, социјала, здравство, како директна поддршка за имплементација на локални активности од Националната Стратегија за инклузија на Ромите за којашто мора да се заблагодарам и на моите советници кои потекнуваат од Општината Шуто Оризари кои навистина на високо ниво професионално ја извршуваат својата работа во Владата на Република Северна Македонија.

Наменивме средства за реконструкција, рехабилитација и подобрување на комуналната инфраструктура и улиците во Општина Шуто Оризари.

Спроведуваме и значајни проекти во областа на домување. Преку Инструментот за пристапна помош наменет за Шуто Оризари за оваа цел се насочија средства во износ од околу половина милон евра.

Со новиот деветти пакет на антикризни мерки предвидовме помош и за над 74.000 социјално ранливи категории на граѓани. Додека, со Законот за матична евиденција, за што сум искрено благодарен на пратеничката Шиковска, овозможивме повеќе од 500 граѓани да добијат идентитет и да станат видливи во општеството, со што го решивме деценискиот проблем со неевидентираните лица. Ова е огромен успех и за нас како држава, бидејќи вакви решенија се реткост во светски рамки, а е исклучителен успех и за граѓаните. Со ова ние станавме прва земја во Европа која нема незаведени граѓани во матичната евиденција.

Во близина на Центарот кој ќе се гради овде, е и една од најмодерните градинки, градинката „8 Април“, која е изградена и опремена по сите стандарди со капацитет за над 300 деца, една од поголемите во државата. Во рамките на градинката функционира и Центарот за згрижување на деца во социјален ризик, со што помогнавме на децата од социјален ризик и тие да се вклучат во воспитно-образовниот процес.

Од 2017 година досега се отворени вкупно 83 објекти со капацитет за од речиси 8.000 деца.

Нашата заложба како Влада е да создадеме европски услови за живот и да ги задржиме нашите граѓани овде, во нивната родна земја. Да негуваме едно општество за сите, со еднакви права и еднакви одговорности. Да се обединиме околу европските вредности и да ја донесеме Европа дома, наместо да талкаме по Европа во Светот!

Европскиот пат е единствен пат за нас. Немаме друга алтернатива и нема да се откажеме од остварување на европерспективите бидејќи тие ќе ни донесат просперитет и посветла иднина. Таа иднина сме должни да им ја обезбедиме на нашите деца, на нашите млади бидејќи иднината почнува дома!

А, таа иднина ќе ја обезбеди идната проевропска Влада, како оваа што ја предводам, која со проевропски политики, во брзи рокови, до 2030 година, ќе ја внесе земјата во ЕУ!

Во оваа прилика изразувам голема благодарност до Европската Унија, нашите најголеми финансиски поддржувачи, како и УНДП, кои се тука од првиот ден од независноста на Северна Македонија и на Република Македонија за планираниот Ресурсен центар кој, верувам, ќе биде од големо значење за општината и ќе мотивира и други општини да поведат вакви иницијативи.

На крајот, честитки за овој амбициозен проект и посакувам Ресурсниот Центар што поскоро да стане сервис на што повеќе граѓани од Општина Шуто Оризари и да им помогне во реализацијата на нивните животни планови.

Благодарност и на домаќините, градоначалникот, Советот на Општината и на граѓаните.

Со среќа!“

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Детали за земјотресот кој вечерва е почуствуван во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 27.02.2024 година во 23 часот и 37 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 127 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална Прочитај повеќе...

Земјотрес почуствуван вечерва во Македонија

Нешто пред 23 часот и 40 минути земјотресо со јачина од 3,2 степени според рихтер е почуствуван во западниот дел на Македонија. Земјотресот бил со епицентар во Елбасан, Албанија. Прочитај повеќе...

НЕ МОЖАТ ДА ГИ ПОДНЕСАТ: Змиите нема да ви се приближат на дворот ако имате 3 растенија во него

Змиите често се непожелни гости на нашите имоти. Уредувањето на самиот терен, односно живеалиштето е релативно едноставен начин да ја намалите можноста за населување во вашата градина. Повеќето змии избираат ладни, влажни и темни живеалишта, како што се купишта дрва, даски или густа четка или висока трева. Имено, глувците и Прочитај повеќе...

Цената на оваа намирница вртоглаво расте

Цената на маслиновото масло во Европската унија се зголеми за 50 отсто во јануари во однос на истиот месец лани, објави денеска Евростат на својата веб-страница. Маслиновото масло во Европската унија нагло порасна во втората половина на 2023 година, а цените во август 2023 година беа за 37 отсто повисоки Прочитај повеќе...

Се буди вулканот Попокатепетл, жителите на Мексико Сити предупредени да носат маски

Интензивната активност на вулканот Попокатепетл, во централно Мексико, ја загрижува мексиканската влада, а локалните власти издадоа предупредување. Издадено е предупредување поради континуираното исфрлање на пепел и водена пареа од кратерот и на жителите на Мексико Сити им е препорачано да носат маски. Препораката е да се остане дома и да Прочитај повеќе...

Детали за земјотресот кој вечерва е почуствуван во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 27.02.2024 година во 23 часот и 37 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 127 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2. Според досегашните податоци […] Прочитај повеќе...

Земјотрес почуствуван во Македонија: Еве со колкава јачина и каде беше епицентарот

Нешто пред 23 часот и 37 минути земјотресо со јачина од 3,2 степени според рихтер е почуствуван во западниот дел на Македонија. Земјотресот бил со епицентар во Елбасан, Албанија. Прочитај повеќе...

Пари ќе “паѓаат од небо”: Најдобриот руски астролог вели дека овие два знака во март ќе пливаат ВО ПАРИ

Познатиот руски астролог Павел Глоба тврди дека двата знака од Зодијакот во март ќе имаат повеќе среќа од сите други кога се во прашање финансиите и парите. Имено, тој истакнува дека материјалниот аспект од нивниот живот ќе биде многу нагласен, а во позитивна смисла, во текот на првиот пролетен месец и дека може да очекуваат […] Прочитај повеќе...

Генијален трик за одбивање стршлени и оси: Нема да ги видите оваа сезона ако направите една работа

Иако температурите во моментов не се високи, многу брзо ќе се појават проблеми со инсектите. Ова е генијален трик за одбивање стршлени. Ти треба: 2 лимони 2 лимети неколку гранчиња рузмарин 8 до 10 капки есенцијално масло од еукалиптус малку вода лебдечка свеќа Подготовка Во мала чаша ставете вода, лимон, лимета и рузмарин. Додадете еукалиптус […] Прочитај повеќе...

ОГАН ВО КРЕВЕТ: Топ 10 работи кои откриваат голем љубовник

Можеби мислите дека ви е жешко во кревет, но можеби не ви оди баш најдобро. Што го прави добар љубовник? 10 карактеристики на личност која може самоуверено да каже дека е добра во кревет. Доколку се пронајдете во овие 10 работи, немате причина за грижа, пишува Крстарица. 1. Сакате да учите нови работи 2. Разигран […] Прочитај повеќе...

Хрватска повлекува популарно чоколадо

Како мерка на претпазливост, компанијата „Mondelēz International“ го повлекува својот производ Milka Oreo Bar (37g) од хрватскиот пазар поради можно присуство на мало парче пластика. Како што се наведува понатаму, ниту еден друг производ на споменатата компанија, ниту некој друг производ од палетата на брендовите Милка и ОРЕО, не бил... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Дали треба да побрзате во менувачница? – Курсна листа за 28.02.2024

Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 27.02.2024 која се применува од 00:00 часот на 28.02.2024 година до почетокот на важење на новата Курсна листа Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Биткоинот достигна највисоко ниво во последните две години: Неверојатен пораст на пазарот на криптовалути

Биткоинот, најголемата светска криптовалута по пазарна капитализација, денеска достигна највисоко ниво во последните две години од 56.000 долари, подигајќи го поширокиот крипто пазар. Цената на биткоинот порасна за повеќе од 10 отсто за два дена, според податоците на CoinMarketCap, откако фирмата за крипто инвестиции и софтвер MicroStrategy објави дека во... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Куќите ќе поскапат на глобално ниво

Распространетиот пад на глобалните цени на куќите што ги погоди развиените економии во голема мера се ублажува, според анализата на податоците на ОЕЦД, што ги поттикна економистите да предвидат дека најдлабокиот пад на станбените објекти во последните 10 години достигнал точка на превртување. Во 37 индустриски развиени земји на ОЕЦД,... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Контејнерите се трипати поскапи поради Хутите

Британските фирми рекоа дека се соочуваат со повисоки трошоци за испорака и одложувања до четири недели поради нападите на Хутите врз транспортните бродови во Црвеното Море. Повеќе од една третина од компаниите анкетирани од Британските стопански комори (BCC) изјавија дека се погодени од споменатиот развој, а таа бројка се зголеми... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Подгответе се: Доаѓаат пари за ЧЕТИРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ во декември! Дали сте еден од нив?

Бик (20 април – 20 мај): Поединците Бикови често се поврзуваат со финансиска стабилност и практичност. Вашиот фокус и одлучност може да доведат до поволни финансиски резултати или можности за зголемен приход. Јарец (22 декември – 19 јануари): Јарците се познати по силната работна етика и амбициозност. Во декември, вашата напорна работа и стратешки пристап... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ИЗБЕГНЕТЕ ЛОША СРЕЌА: Откриено потеклото на традицијата на бакнување на полноќ на новогодишната ноќ

Иако точното потекло на прославувањето на вториот почеток на новата година е непознато, обичајот често се следи на два зимски фестивали: Сатурналија во антички Рим и Хогманај, викиншка традиција која сè уште се слави на Нова година во Шкотска. Сатурналија се одржуваше секоја година за време на зимската краткоденица, а бидејќи беше најголемата забава во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Задолжително на лекар – 6 знаци на недостаток на железо

Ниското ниво на железо е најчестото и најраспространето нарушување во исхраната во светот, особено во западните земји, соопшти Светската здравствена организација. Тие веруваат дека дури две милијарди луѓе, што е над 30 отсто од светската популација, страдаат од одреден степен на недостаток на железо, што е особено честа појава кај жените. Ова се најчестите знаци:... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Ова се сите придобивки од кефирот: од протеини до пробиотици

Кефирот е култивиран, ферментиран пијалок кој потсетува на јогурт. Одредени извори наведуваат дека овој пијалок е стар повеќе од 1000 години и потекнува од Кавказ. Наводно, локалните мештани, познати по своето здравје и долговечност, случајно го откриле додека носеле свежо млеко во нивните кожени чанти. Некогаш малку познат надвор од Кавказ, денес кефирот е особено... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Домашна купка за испукани пети, поефикасна од крема – Потребни се само 2 состојки

Испуканите пети се проблем со кој многумина од нас се соочуваат секојдневно. Отстранетиот калузен епидермис се враќа како бумеранг, а нашите стапала постојано не изгледаат како што би сакале. Оваа купка за потпетици со домашни состојки може да ви помогне да ги трансформирате стапалата пред да влезете во пролетни чевли. Што ви е потребно за... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...