Ковачевски: Со предлог Буџетот за култура се грижиме за културно-историското наследство и отвораме перспективи за развој на културата

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, го презентираа предлог Буџетот на Министерството за култура за 2023 година.

Премиерот Ковачевски посочи дека со предлог Буџетот се обезбедува континуитет на реализацијата на програмите и на проектите во културните установи, на платите на вработените во културата, на заштитата на културно-историското наследство.

Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:

„Оваа Влада се води од определбата дека какви и да се предизвиците и каква и да е годината во смисла на економски и енергетски предизвици со кои се соочуваме и тоа конкретно денес поради светската криза, културата останува наш приоритет.

Обезбедивме континуитет на реализацијата на програмите и на проектите во културните установи, на платите на вработените во културата, на заштитата на културно-историското наследство и со тоа вкупниот предлог Буџет на Министерството за култура за 2023 година изнесува 61,6 милиони евра.

При креирањето на Буџетот за културата за 2023 година фокусот е ставен кон две цели:

– Грижа за постоечкото културно-историско наследство и

– Отворање перспективи за развојот на културата.

Во таа насока се и нашите идни политики за ресорот култура предвидени со Буџетот за наредната година:

-Во текот на наредната година, ќе се реконструираат сите споменици и спомен обележја од Народно-ослободителната борба, на личности кои дале придонес во борбата против фашизмот и ослободувањето на нашата држава и на настани коишто се случиле во НОБ и се сведоштво за непокорот и борбата за слобода.

Во делот на грижата за постоечкото културно-историско наследство, односно за реконструкција на сите спомениците и спомен обележја од НОБ, ќе посочам дека Владата обезбеди пари од Буџетот на Република Северна Македонија, иако согласно Законот за меморијални споменици и спомен-обележја: за подигањето, чувањето, одржувањето, заштитата на спомен обележје се надлежни општините, односно Градот Скопје.

Затоа, на последната владина седница, го задолживме Министерството за култура, со рокови, да склучи договори/меморандуми за соработка со општините, за санација на спомен обележјата и да достави информација до Владата во којашто ќе бидат утврдени потребните мерки и средства за оваа цел.

-Во 2023 година започнува целосна реконструкција и санација на Музејот на Република Северна Македонија, каде се наоѓаат етнолошката, археолошката и историската поставка на државата и бесценетата Галерија на икони.

Оваа колекцијата на икони е најбројна од овој вид во земјата и содржи повеќе од 400 икони, кои што потекнуваат од почетокот на XIV век до средината на XX век. Со предлог Буџетот се предвидени 813 илјади евра за реконструкцијата и санацијата на овој објект којшто е заштитено културно добро и темелна институција. На овој начин ја осигуравме негова достоинствена заштита, како што доликува на институција од ваков вид.

-Со предлог Буџетот е превидена финансиска поддршка за вклучување на младите во културата, бидејќи секоја култура се развива преку духот на времето во кое што се твори. 50 илјади евра се наменети за поддршка на младите во културата. Тие се иднината на нашата држава, авангардата, со тоа и иднината на една национална култура и заслужуваат да бидат мотивирани.

-Отвораме и нови национални установи во државата, со што овозможуваме значајни културно-уметничките изведби и дела да се изведуваат и во други делови во државата освен во градот Скопје.

Во предлог Буџетот за следната година предвидени се и капитални инвестиции во културата:

-Над 2,3 милиони евра се предвидени за продолжување на изградбата на Театарот и библиотеката во Тетово. Се работи за капитален објект со голем габарит, кој што значи обединување на културата во Полошки регион.

– 2 милиони евра се предвидени за изградба на Турскиот театар, и тоа ќе биде сосема нов објект.

-Исто така, продолжуваат градежните активности и во Театарот во Струмица, за што се предвидени 500 илјади евра.

Со овие инвестиции во театрите, обезбедуваме трајно решение и современи услови за работа на високо професионалните театарски ансамбли на Турската драма и на Струмичкиот театар, кои што имаат децениски традиции, меѓународни успеси, и се афирматори на македонската сценска уметност во земјава и во странство.

Паралелно, обезбедено е инвестиционо и тековно одржување на објектите на националните установи во повеќе градови, за што за наредната година се предвидени 625 илјади евра.

Зголемени се средствата за електрична енергија и комунални услуги, со што навремено ќе се сервисираат 64 национални установи и со тоа помагаме во надминувањето и на предизвиците од економско-енергетската криза во областа на културата.

Со предлог Буџетот за култура, ги зголемивме средствата за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа, од 16 илјади евра на 325 илјади евра.

И покрај економско-енергетската криза, обезбедивме средства и нормално функционирање на националните установи, за да можат да ги спроведуваат планираните програми и проекти. Предвидени се и средства за поддршка на другите корисници кои ја остваруваат културата самостојно. Вкупно за овие две намени со предлог Буџетот се предвидени над 12,5 милиони евра.

Со поддршката не ги изоставаме и постоечките четири културно-информативни центри: во Софија, Тирана, Загреб и Истанбул, на Културниот центар во Њујорк, како и отворањето на нови вакви центри.

Покрај вложувањата во капиталните проекти од областа на културата, вложуваме и во задржување, поддршка и мотивирање на кадровскиот потенцијал во културата. Сакам да знаат вработените во културата дека во целост се испланирани средства за платите на културните работници, нешто што не било пракса и се обезбедувало со ребаланс. Сега, средствата за платите се целосно предвидени во буџетот за следната година.

Континуирано се обезбедуваат средства и за поддршка на стручно усовршување на дефицитарни кадри во уметностите и заштитата на културното наследство од областа на културата. Оваа пракса ќе продолжи и во 2023-та година.

Со одлуки на Владата, со предлог Буџетот за 2023 година, основаме три нови национални установи: Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес во Смилево, „Камерен оркестар на Битола“ во Битола, „Музички театар“ во Тетово.

Да сублимирам – нема повеќе расфрлање милиони евра за споменици во гипс картони, на контроверзни личности и на настани коишто мотивираат раздор.

Културата зближува, не треба да дели и во тоа е нејзината уникатност.

Оваа Влада вложува, земајќи ги предвид околностите во кои што живееме, преку фокусирани намени и инклузивност, во реалните потреби и во заштита и промоцијата на автентичната македонска култура, во богатата култура на Република Северна Македонија, по којашто сме препознаени и поради ваквиот пристап и почитувани – во регионот, во Европа и во светот.

Прочитав некои дилеми во медиумите, околу оправданоста да се вложува во културата во време на светска економско-енергетска криза, и во таа насока сакам да потсетам дека културата, секогаш и во најтешките времиња низ вековите и низ историјата го чувала и го кревала духот на народите. Така да, така е и денес, затоа ДА вреди да се грижиме и да вложуваме во културата! Бидејќи, како што се вели во една констатација, искажана пред векови: „Човекот е должен на културата од која што потекнува, додека е жив“.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Снег вее на овие патишта – АМСМ со важна информација за возачите

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува: СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Крушево, Павлешенци и Берово, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните... Прочитај повеќе...

Договорите за „Отворен Балкан“ чекаат „милост“ на пратениците

Договорите од „Отворен Балкан“ со кои што се предвидува работници од Македонија, Србија и Албанија да конкурираат на пазарот на труд во сите три земји, не се ратификувани само во македонскиот парламент. Во изјава за ЦИВИЛ Медиа претседателот на комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски вели дека се чека Собранието... Прочитај повеќе...

Ковачевски за „360 степени“:  Парламентарното мнозинство е стабилно и има можност да се зголеми

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за емисијата „360 степени“ на ТВ „Алсат М“, која се емитуваше вечерва, зборуваше за стабилноста на парламентарното мнозинство, за кое рече дека во моментов брои 64 пратеници. „Ако ги погледнете сите пратеници, без разлика на дискусиите коишто се водат и во дел на политичките партии... Прочитај повеќе...

Ковачевски за „360 степени“: На државата и треба здружување на прогресивните сили за пристапување во ЕУ

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во телевизиското интервју за емисијата „360 степени“ повика на консензус за реализација на стратешката цел на Република Северна Македонија – членство во Европската Унија. „Ова не е процес на еден човек, една политичка партија, или една Влада. Ова е процес којшто секоја држава го поминува... Прочитај повеќе...

Ковачевски: Сите коалициски партнери се согласуваат со политиките што ги води Владата

На прашањето дали партијата Алтернатива останува или заминува при евентуален влез на Алијанса на Албанците во Владата, премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „360 степени“ кажа дека Алтернатива е дел од Владата и програмски и кадровски. -Да не заборавиме Алтернатива има два значајни ресори кои што ги води тоа е... Прочитај повеќе...

Ковачевски: Во Влада се добредојдени сите партии кои се „за“ ЕУ, таква е и Алијанса за Албанците

Има динамика во однос на коалицирањето помеѓу партиите, рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „360 степени“, прашан за можната коалиција со Алијанса за Албанците. – Јас кога разговарам и зборувам за политички партии кои се дел од Владата или кои се придружиле кон Владата се придржуваме до едно генерално... Прочитај повеќе...

Ковачевски: Левица и ВМРО-ДПМНЕ се натпреваруваат во популизам

Според премиерот Димитар Ковачевски на европскиот пат на земјата постои една опасност, а тоа е популизмот на Левица и нивниот лидер, но и тоа што ВМРО – ДПМНЕ заради, како што додаде, немањето став станува заложник на политиките на Левица. Тој во интервју за „360 степени“ кажа дека тие секој... Прочитај повеќе...

Ковачевски за „360 степени“: На државата и треба здружување на прогресивните сили за пристапување во ЕУ

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во телевизиското интервју за емисијата „360 степени“ повика на консензус за реализација на стратешката цел на Република Северна Македонија – членство во Европската Унија. „Ова не е процес на еден човек, една политичка партија, или една Влада. Ова е процес којшто секоја држава го поминува... Прочитај повеќе...

Договорите за „Отворен Балкан“ чекаат „милост“ на пратениците

Договорите од „Отворен Балкан“ со кои што се предвидува работници од Македонија, Србија и Албанија да конкурираат на пазарот на труд во сите три земји, не се ратификувани само во македонскиот парламент. Во изјава за ЦИВИЛ Медиа претседателот на комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски вели дека се чека Собранието... Прочитај повеќе...

Ковачевски за „360 степени“:  Парламентарното мнозинство е стабилно и има можност да се зголеми

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за емисијата „360 степени“ на ТВ „Алсат М“, која се емитуваше вечерва, зборуваше за стабилноста на парламентарното мнозинство, за кое рече дека во моментов брои 64 пратеници. „Ако ги погледнете сите пратеници, без разлика на дискусиите коишто се водат и во дел на политичките партии... Прочитај повеќе...

Произведени 17.187 MWh електрична енергија, домаќинствата и дополнителните снабдувања се целосно задоволени со електрична енергија од капацитетите на ЕСМ

АД ЕСМ на 25.01.2023 година произведе 17.187 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти. Во Термоелектраните произведени се 11.478 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени […] The post Произведени 17.187 MWh електрична енергија, домаќинствата и дополнителните снабдувања се целосно задоволени со електрична енергија од капацитетите на ЕСМ appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Следува исплата на пензиите: Ова се датумите кога ќе легнат парите на пензионерските сметки

На денешната седница, на предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензиите за месец јануари 2023 година. Задолжен е Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.01.2023 година, […] The post Следува исплата на пензиите: Ова се датумите кога ќе легнат парите на пензионерските сметки appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Големо поскапување на горивата – Ова се новите цени

Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Со тоа ова се новите цени кои ќе важат од ноќеска: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Големо поскапување на горивата – Ова се новите цени appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Паѓаат цените на пелетите, но никој веќе не ги купува – сите се префрлија на инвертери

Пелетите не се атрактивни за македонските граѓани откако нивната цена за вреќа од 15 килограми стигна и до речиси шестотини денари. Високите цени минатата година ги натераа граѓаните да се снаоѓаат како знаат и умеат, па така најголем дел од нив се префрлиле на користење на инвертер клими и дрвја. Според моменталните цени тие се […] The post Паѓаат цените на пелетите, но никој веќе не ги купува – сите се префрлија на инвертери appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика денеска се очекува да ја определи новата цена на бензинот и дизелот во Македонија. Моментално на светските берзи има покачување на суровата нафта, па така барел од типот бренд сега изнесува 84 долари. Во моментов ова се цените на горивата: Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,00 (денари/литар); Моторен […] The post Нова цена на горивата во Македонија appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy