Крадци украле нов Мерцедес за 60 секунди на досега невиден начин (Видео)

Британската полиција објави снимка од кражба на нов скапоцен Мерцедес без користење клучеви, што е еден од првите такви забележани случаи, пренесе Мирор.

Двајца мажи ја извршиле кражбата на 24-ти септември на многу интересен начин.

Имено, еден од мажите стоел кај прозорот од куќата и држел уред кој го „собрал“ сигналот од клучевите од куќата на сопственикот, додека другиот држел сличен уред во близина на автомобилот, палејќи го така автомобилот на далечинско.

После само минута, крадците го „измамиле“ автомобилот дека клучот е во близина, и успеале да го запалат и да избегаат.

Автомобилот се уште не е пронајден, а полицијата ги предупреди граѓаните дополнително да ги обезбедат своите возила како би спречиле вакви случаи во иднина.