Крава трча по своите младенчиња додека ги носат на кланица – глетка која ги крши и најстудените срца

Крава трча по своите младенчиња додека ги носат на кланица – глетка која ги крши и најстудените срца

Организацијата за заштита на животните „Сејф“ објавила срцепарателно видео на кое се гледа како мајката крава трча по своите младенчиња, кои се сместени во приколка.

Имено, животното чисто водено од мајчинскиот инстинкт одбива да се одвои од своите деца.

Кравата трчала по младенчињата, се додека возачот кој ги превезувал телињата не застанал покрај патот.

Организацијата која го објави видеото наведува дека животните се вознемирени кога се одвојуваат од потомството, како и дека во такви ситуации нема разлика во реакциите на животните и луѓето.