Кремаста торта од пишкоти и овошје: Цело семејство ќе ја обожава!

Искористете сезонско овошје и направете ја оваа лесна торта!

Состојки:

1 големо пакување пишкоти
3 кисели павлаки
250 мл слатка павлака
1 кесичка шлаг
6 банани (или овошје по избор)
250 мл млеко

Начин на подготовка:

Во еден сад разаматете слатка павлака, па во неа додајте три кисели павлаки и шеќер. Во друг сад разматете шлаг од кесичка. Загрејте млеко во кое полека ќе ги потопувате пишкотите и излупете ги бананите и исечкајте ги на кругови.

Во правоаголен плех/сад од стакло, редете ред натопени и исцедени пишкоти, ред слатка павлака, па банани, па обичен шлаг. И така додека не дојдете до врвот на садот. Последниот слој треба да биде шлаг.

Тортата ставете ја во фрижидер на еден час. Потоа исечете ја тортата и послужете. Уживајте во овој кремаст десерт!