Критики од граѓаните за огнометот на Јанчев за одбележувањето на годишнината од убиството на младите од Ваташа
Требало некој да го посоветува градоначалникот дека со огномет не се слави погинување, туку раѓање и растење. Доволно било едноминутно молчење и на претходно уредениот простор цвеќе, ама тоа е, вели граѓанин кој во еден од стотиците коментари на социјалните мрежи кои воглавно се со критики кон Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој објави фотографии од организиран огномет на денот кога требаше да се одбележи годишнина од убиството на младите од Ваташа.
– Да не имаше и концерт? саркастично прашува граѓанин.
ности. ОГНОМЕТ???, прашува граѓанин
– Нека почиваат во мир царство небесно убиени невини деца од монструми. Им се одава почит со цвеќе и рецитираше стихови што одликуваат на тие загинати невини деца. Се носат ученици да им дадат почит и да им се одржи говор зошто починале овие млади деца. Вечна им памиа. Огномет се прави кога има некоја прослава се родило дете, роденден, кога би ја зачувале нашата мила МАКЕДОНИЈА. Политичариве партииве за пусти пари и да дојдат на власт малу по ма лу ја губиме државава. Народот се повеќе симорашет се запрашаа политичариве зошто ни бегаат во странство се повеќе остануваат старци. Тие не се грижат за државава ќе се збогатат и ќе побегнат во странство ќе остане сиромашниот народ ќе нема ко да ја брани државава. МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА, вели Виолета.
– Ако на овој начин се одбележува смртта-маскрот, како ли се одбележува животот, праша Софија.
Проследуваме дел од фејсбук коментарите:
– Веќе видено нешто кога е во прашање глумење на патриотизам од страна на функционери и членови на ДПМНЕ.
– Треаше некоја српска ѕвезда да донесат за срамота, со огномет се слави нешто убаво а не спомен на загинати млади
– Глупост невидена, поголема не можи да биди, огнометот е за убави работи, а не за одбележување на убиени деца.
Огномет на одбележување годишнина на убиени деца, вака ли се оддава почит цццц
Добро е..ќе не биdе почнава и Вмроните да одаваат почит на комунистите и борците кои ја создадова современата македонска држава
– Малку е невкусно ова со огнометов во Ваташа барем за мене,не е на место,исто како што е невкусно тркава во Велес за Рацин:Трчаме за Рацин.
Па како што знам Рацин никогаш не бил тркач,спортист,бил сосема друго нешто и затоа би требало да има некој настан од типот поезија заРацин,пеам со Рацин или такво нешто,во тој контекст.
– Недопусливо. И оро требало.
Да му кажи некој на градоначалникот од неговиот кабинет дека тажен ден како што е стрелањето на 12те младинци се одбележува, а не се прославува?!?!!!!
Сите коментари може да ги погледнете на фејсбук на следниот линк.