Крвави геостратешки игри (1): Мрачниот талент на Путин

Во првиот дел од оваа анализа за глобалните геостратешки игри што ги наметнува и води Путиновата клика, се зборува за поврзаноста на конфликтот на Блискиот Исток и ефектите врз руската воена агресија против Украина. Украина е пресудно поглавје од глобалната – крвава и трагична игра – на рускиот деспот.

ЏАБИР ДЕРАЛА

Хаосот, несигурноста, конфликтите и војните се секогаш добредојдени за Путин. Особено сега, кога неговите војски се длабоко вкопани во понижувачки одбранбени позиции на Крим и во тоа што им преостанува од окупираните територии во источниот дел на Украина. Дури и да немаше никаква врска со терористичкиот напад на Хамас, по која почна бруталната воена одмазда на Израел, Путин сега може да здивне, барем за момент.

Разузнавачките сознанија и анализи упатуваат на тоа дека Хамас ужива во благословот на Техеран и Москва, почнувајќи од политичката Поддршка, сѐ до испорака на оружје и пружање друг вид техничка и воена помош и обуки за припадниците на една од најголемите терористички организации во светот.

Октомври 2023. Мора да се признае мрачниот талент на Путин да произведе или барем да поттикне и забрза криза што ќе предизвика поларизација во светот.

Израелско-палестинскиот конфликт, кој трае повеќе од седум децении, отсекогаш бил поларизирачки и имал потенцијал да ги разместува фигурите на политичката шаховска табла на светот.

Што предизвика крвавиот конфликт во Израел?

Крвавиот конфликт кој започна на 7 октомври, на 50-годишнината од Војната на Јом Кипур, го предизвика токму тој ефект што на Путин му беше потребен:

прекин на кревкиот мировен процес меѓу Израел и арапските земји;
поларизација во јавноста на Западот;
зголемени тензии меѓу арапскиот свет и САД;
несогласување во редовите на НАТО (Турција во однос на Израел, а Унгарија и Словачка во однос на Украина);
дефокусирање (одвлекување) на вниманието од војната во Украина;
колебање околу размерот на воената и економската помош за официјален Кијив.

Освен сето тоа, продолжува операцијата на поддршка на ултрадесничарските и екстремистичките ентитети и јакнење на илибералните и авторитарните тенденции во земјите на Западот.

Путин и неговите сојузници (особено Иран) добро знаат како функционира израелската држава и нејзиниот воено полициски апарат во териториите што ги држи под сурова окупација повеќе од пет децении. Особено по еден таков масовен терористички напад со ужасни злосторства против цивилите, каков што изврши Хамас, реакцијата на израелската држава – иако е за осуда – не е изненадувачка. Затоа, Путин и неговите истомисленици во Техеран, со децении ги подгреваат потенцијалите за конфликти, а не за решавање на палестинското прашање со кое се занимаваат генерации на политички лидери од регионот и од целиот свет.

На крајот на 2023 година, на Хамас, Хезболах и други есктремистички и терористички организации, помогнати од своите поголеми и моќни спонзори во Москва и Техеран (и неколку други центри на моќта низ светот), конечно, ја постигнаа својата цел – запирање на сите мировни процеси. Крвавиот конфликт во Газа и сѐ поголемите тензии во Западниот Брег, како и размената на оган со Хезболах на границата со Либан, имаат потенцијал да го продлабочат конфликтот и да го претворат во конфликт со огромни размери, како на регионален план, така и во глобални размери.

Тоа му дава бришан простор на Путин, во пресрет на зимата, да ја нападне Украина со сите сили што му се на располагање и на тој начин да ги принуди Украина и Западот на преговори со подобри преговарачки позиции за него – за да постигне статус кво и да ја избегне или да ја одложи одговорноста за воените злосторства во геноцидната војна против Украина.

На Путин му е потребно време за да го обезбеди сопствениот политички опстанок и да собере сила, во првата наредна прилика, да ја продолжи својата мрачна војна против Украина, започната во 2014 година.

Руската воена машинерија посрамотена, но пропагандата и разузнавањето – успешни

Обновените колебања и скепса околу воената, политичката и економската поддршка на Украина во борбата за ослободување од руската чизма, за Путин се повеќе од добредојдени.

Руската империјалистичка клика, со сиот свој аресенал од ракети и артилерија, со сета своја солдатеска на втора глобална суперсила, со месеци е во срамна дефанзива. Впрочем, неговата гигантска машинерија под негова команда му донесе само срам.

Но затоа неговата пропагандна машинерија и подземните шпионски и криминални инсталации со кои управува, на Путин му донесоа далеку поголем успех отколку што демократскиот свет сака да признае.

Безбедносниот инцидент во Косово и српско-косовските тензии, воените „игри“ во Нагорно-Карабах и најновиот, жесток воен судир во Израел, се поддржани, ако не и директно „спонзорирани“ од Кремљ.

За злосторникот во Кремљ, чии отпечатоци од прстите јасно се гледаат и во војната што ја предизвика Хамас, сега е извонреден момент за дефокусирање на светската јавност.

Хамас на Путин му даде индиректна, но исклучително значајна воена поддршка, односно можност воената и политичката поддршка за Украина да се намали. Воедно, Хамас му даде на Путин и аргументи во жестоката пропаганда и хибридна војна што ја води против Западот. Колку и да изгледа апсурдно и гротескно, сега Русија се појавува како миротворец. Во ОН предлага и поддржува апели за прекин на огнот во Газа, иако токму таа го подметна пожарот. Русија не се придржува кон ниту една резолуција или иницијатива на ОН, ЕУ, Европскиот парламент, Г20 и други меѓународни форуми.

Сонот на диктаторот од Кремљ

Путин го вложи сиот свој живот и сите ресурси на земјата што ја држи во своите железни полициски канџи, да го промени светскиот поредок и да го устрои според моделот на државата што тој ја води повеќе од две децении. Свет во кој тој владее како император, налик на стремежите на диктаторите кои го испровоцираа почетокот на Втората светска војна. Тој е свесен дека, за да му се оствари тој сон, прво мора да го ослаби и разедини Западот, па ако треба и да го запали целиот свет.

Скептиците во политичките и интелектуалните кругови на Западот, претежно со десничарска ориентација, едноставно, не ја гледаат или не сакаат да ја прифатат реалноста, а на тој начин стануваат дел од неговата долга игра.

За спас на мирот, но и за спас на демократијата во светот, Западот мора да научи од сопствените грешки во минатото и да ги мобилизира сите свои сили да го победи путинизмот. Првото сознание со кое мора да се соочи демократскиот свет е дека Украина е пресудно – иако не и единствено – поглавје од глобалната, крвава и трагична игра на рускиот деспот.

(продолжува)

Извор: Civilmedia.mk

 

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
УХМР со вонредни најави, доаѓа снег и дожд: Детална прогноза за следните 4 дена

Од утре до четврток времето ќе биде стабилно, освен во вторник во утринските часови кога претежно во западните делови ќе има услови за локален дожд. Д невната температура ќе биде во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла или ниска облачност. Од четврток попладне до сабота... Прочитај повеќе...

Возете внимателно: На овие патни правци врне снег

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на П.Шапка,Ресен,Крушево,Буково,Ѓавато и Пресека. Прочитај повеќе...

Дневен хороскоп за 11 декември 2023

Овен (21 март – 19 април): Овен, денес го разгорува вашиот авантуристички дух! Прифатете ги предизвиците со ентузијазам и ќе најдете успех. Неочекуван пресврт во вашиот ден додава допир на возбуда. Бик (20 април – 20 мај): Бик, денес најдете радост во едноставните задоволства. Препуштете се на вашите омилени удобности... Прочитај повеќе...

ЦЕЛАТА ЛИСТА ДОСТСАПНА НА ИНТЕРНЕТ: Објавен список со имиња на фирми и луѓе кои должат данок кон УЈП

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.12/2023 за долгови доспеани до 31.08.2023 и неплатени до 30.11.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за... Прочитај повеќе...

(ФОТО) Охрид блесна во сиот свој новогодишен сјај

(ФОТО) Охрид блесна во сиот свој новогодишен сјај. Прочитај повеќе...

РКЕ СО НОВА ЦЕНА НА ГОРИВАТА – Се очекува големо намалување

Цените на гроивата во Македонија утре ќе доживеат промена, а според берзанските податоци тие треба значително да паднат. Според последните податоци на светските берзи нафтата од типот брент се продава за 75 долари за барел. Во моментов горивата се точат по следните цени: ЕУРОСУПЕР БС – 95 78.5 ден/л ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76 ден/л […] Прочитај повеќе...

Возете внимателно: На овие патни правци врне снег

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на П.Шапка,Ресен,Крушево,Буково,Ѓавато и Пресека. Прочитај повеќе...

Објавен список со имиња на фирми и луѓе кои должат данок кон УЈП – Целата листа е достапна на интернет

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.12/2023 за долгови доспеани до 31.08.2023 и неплатени до 30.11.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители […] Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска: Очекувам граѓаните да изберат политичари кои успешно ќе ги завршат преговорите со ЕУ до 2028 година

„Очекувам граѓаните да дадат мандат на политичарите кои умеат и се посветени да ги завршат успешно преговорите со ЕУ до крајот на следниот мандат, односно до 2028 година. Очекувам победа на европскиот фронт предводен од СДСМ, што ќе значи победа на демократските и напредните политики, наспроти политиките водени од дезинформации и омраза чиви претставници се […] Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска: Во петок од Албанија враќаме 21 од украдените икони

„Од Албанија овој петок 21 од украдените и потоа пронајдени икони ќе бидат вратени дома, со што ќе останат уште дваесетина икони кои незаконски беа изнесени од државата – за нивното враќање потребно е да се завршат процедурите“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во интервју за „Фронтлајн“. Таа додаде дека враќањето е резултат на […] Прочитај повеќе...

Објавен список со имиња на фирми и луѓе кои должат данок кон УЈП – Целата листа е достапна на интернет

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.12/2023 за долгови доспеани до 31.08.2023 и неплатени до 30.11.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

РКЕ СО НОВА ЦЕНА НА ГОРИВАТА – Се очекува големо намалување

Цените на гроивата во Македонија утре ќе доживеат промена, а според берзанските податоци тие треба значително да паднат. Според последните податоци на светските берзи нафтата од типот брент се продава за 75 долари за барел. Во моментов горивата се точат по следните цени: ЕУРОСУПЕР БС – 95 78.5 ден/л ЕУРОДИЗЕЛ... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Годишната стапка на инфлација во Германија во ноември беше потврдена на 3,2 отсто

Годишната стапка на инфлација во Германија падна на 3,2 отсто во ноември од 3,8 отсто во октомври, во согласност со претходната проценка. Ова денеска го потврди германската федерална статистичка служба Дестатис. Инфлацијата во Германија во ноември беше најниска од јуни 2021 година. „Стапката на инфлација ослабе петти месец по ред“,... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Рускиот приход се зголеми

Приходите на рускиот буџет од јануари до ноември, според прелиминарните проценки, се зголемени за 4,8 отсто на годишно ниво на 25,96 трилиони рубљи. Ова денеска го соопшти Министерството за финансии на Русија. Приходите од нафта и гас за првите 11 месеци од оваа година се намалени за 22,8 отсто на... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Централната банка на Индија ја задржа референтната каматна стапка

Централната банка на Индија (РБИ) денеска објави дека одлучила да ја задржи референтната каматна стапка на 6,5 отсто, петти пат по ред. Глобалниот раст забавува, но индиската економија покажува отпорност на светските настани бидејќи економијата на земјата порасна за 7,6 отсто на годишно ниво во вториот квартал од фискалната 2023/24... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Подгответе се: Доаѓаат пари за ЧЕТИРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ во декември! Дали сте еден од нив?

Бик (20 април – 20 мај): Поединците Бикови често се поврзуваат со финансиска стабилност и практичност. Вашиот фокус и одлучност може да доведат до поволни финансиски резултати или можности за зголемен приход. Јарец (22 декември – 19 јануари): Јарците се познати по силната работна етика и амбициозност. Во декември, вашата напорна работа и стратешки пристап... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ИЗБЕГНЕТЕ ЛОША СРЕЌА: Откриено потеклото на традицијата на бакнување на полноќ на новогодишната ноќ

Иако точното потекло на прославувањето на вториот почеток на новата година е непознато, обичајот често се следи на два зимски фестивали: Сатурналија во антички Рим и Хогманај, викиншка традиција која сè уште се слави на Нова година во Шкотска. Сатурналија се одржуваше секоја година за време на зимската краткоденица, а бидејќи беше најголемата забава во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Задолжително на лекар – 6 знаци на недостаток на железо

Ниското ниво на железо е најчестото и најраспространето нарушување во исхраната во светот, особено во западните земји, соопшти Светската здравствена организација. Тие веруваат дека дури две милијарди луѓе, што е над 30 отсто од светската популација, страдаат од одреден степен на недостаток на железо, што е особено честа појава кај жените. Ова се најчестите знаци:... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Ова се сите придобивки од кефирот: од протеини до пробиотици

Кефирот е култивиран, ферментиран пијалок кој потсетува на јогурт. Одредени извори наведуваат дека овој пијалок е стар повеќе од 1000 години и потекнува од Кавказ. Наводно, локалните мештани, познати по своето здравје и долговечност, случајно го откриле додека носеле свежо млеко во нивните кожени чанти. Некогаш малку познат надвор од Кавказ, денес кефирот е особено... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Домашна купка за испукани пети, поефикасна од крема – Потребни се само 2 состојки

Испуканите пети се проблем со кој многумина од нас се соочуваат секојдневно. Отстранетиот калузен епидермис се враќа како бумеранг, а нашите стапала постојано не изгледаат како што би сакале. Оваа купка за потпетици со домашни состојки може да ви помогне да ги трансформирате стапалата пред да влезете во пролетни чевли. Што ви е потребно за... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy