Куче херој: Спасило цело семејство од змии, а потоа се случило нешто многу пострашно

Ова куче херојски го одбранило семејството кое го нападнале четири кобри, по што починало.

Змиите се обиделе да влезат во куќата, но на цела среќа тука било кучето кое храбро борејќи се со змиите отровници го спасило семејството.

Но, за жал кучето брзо потоа колабирало бидејќи змиите го каснале.

Семејството кое живее во Себекапур и натаму е во шок поради инцидентот.

– Во шок сум. Кучето се жртвуваше за семејството. Ќе го помнам до својата смрт. Се молам на Бога – неговата душа да почива во мир.

Мештаните го испратиле кучето како што доликува, а околу неговиот гроб положиле цвеќе.