Летечка чинија на Јужниот пол: Дали леталото е соборено или паднало? (Фото)

На социјалните мрежи почна да се шири сателитска снимка на која наводно се гледа летечка чинија која се срушила и заглавила во мразот на Јужниот пол.

Оваа необична глетка ја открил рускиот НЛО ентузијаст Валентин Дегретев, а на социјалните мрежи ги споделил координатите.

Тешко е да се пресуди што точно се наоѓа во мразот бидејќи лупата на Гугл Мапс не открива доволно детали.

Во меѓувреме на социјалните мрежи започнати се дискусии за тоа дали се работи за обична пукнатина во мразот или пак навистина станува збор за предмет.

Инаку, браздата е долга околу 60 метри, а за оние кои веруваат дека станува збор за летечка чинија, прашањето кое сега се наметнува е дали леталото паднало само или е соборено?