„Маестро“, филмот за славниот Леонард Бернштајн, го вивнува Бредли Купер до облаци

„Маестро“, филмот за славниот Леонард Бернштајн, го вивнува Бредли Купер до облаци

Пишува: ТИНА ИВАНОВА / ФРОНТЛАЈН

Во последниве два-три месеци, случајно или не, името на Леонард Бернштајн кружеше околу моите мисли, ама имаше за тоа и неколку конкретни поводи. Една од идеите на група луѓе за подготовка на мултимедијален концерт, беше да го реализираме епскиот мјузикл „Приказна од Западната Страна“ на „скопски“ начин, што веројатно и ќе се случи наскоро. Оваа своевидна популаризација на делото на Бернштајн кое ја модернизира Шекспировата „Ромео и Јулија“ е генијален приказ на американските Бродвеј спектакли, ама и само по себе, од музичка гледна точка, сруши, во позитивна смисла на зборот, повеќе традиционални концепти на компонирање, што е за поздрав, и стана едно од најадаптираните дела.

По некое време, од драг пријател на подарок ја добив фантастичната биографска книга „Леонард Бернштајн“ чиј автор е Хемфри Бартон, негов постојан соработник, филмски режисер, повеќе од две децении интимно поврзан со светот на славниот американски композитор. За Бернштајн се снимени многу документарци, во архивата којашто може да се најде на „Јутјуб“ има сериозно многу снимки од негови концерти и предавања (мастеркласови), како и голем број на музички ракописи, збирки (пишани и снимени дела) кои можат да се преземат и од сајберпросторот преку платформи како „Спотифај“ или „Епл мјузик“.

Животот на авторот на „Приказна од Западната страна“, „Петар Пан“, „Кандид“, „Прекрасен град“, „На градот“, „На Водата“, на неговата величествена миса и на низа други дела, вклучувајќи три симфонии, животот на човекот кој беше најдолго на чело на престижната Њујоршка филхармонија кога таа го живееше својот сјај, е опишан на 600 страници во ова дело (македонско издание на „Арс Ламина“). Авторот Бартон направил прекрасно сецирање до детал од сè она што е врзано за името на Бернштајн кој донесе многу новини во светот на класичната музика и на уметноста и воопшто важи за еден од најголемите диригенти поради неговиот „луд“ пристап кон развивање на музичката материја. Навистина фасцинантни се неговите предавања и часовите што ги држел на помладите колеги, кои не можат да се споредат со неговите претходници, па ниту со неговите современици.

Многубројни се записите за Бернштајн. Тргнувајќи од автентичните мемоари на неговиот брат Бартон, наречени „Семејни работи“, па сè до над 2000 писма (слично како Моцартовите писма) кои се објавија дури во 2011 година, а до тогаш чувани во банкарски трезор од страна на неговиот менаџер Хари Краут, од кои значаен дел се однесуваат на неговата хомосексуалност (писма од над 40 „романтичарски средби“ со мажи, некои со шокантна содржина), па сè до оние од негови биографи на кои начини се пробивал во светот на шоу бизнисот во „Големото јаболко“, многу студии, многу анализи, критики… Меѓу другото, акцент се става и на неговото дело „Во градот“ како прво сценско дело во кое афроамерикански музичар е ангажиран да диригира со оркестар составен од белци на „Бродвеј“, предизвикувајќи ја општествената поделба според бојата на кожата. Па, неговото децениско следење од страна на ФБИ (дури има и студија „Политичкиот живот на еден американски музичар“) во која е јасно прикажана опседнатоста на Федералното истражно биро со Бернштајн кој до крајот на животот останал левичарски прогресивец. Меѓу многуте биографии на овој автор се издвојува и „Леонард Бернштајн: американски музичар“ во актуелна серија со наслов „Еврејски животи“ каде што не се фрла фокус на религискиот аспект, туку се откриваат нови визури за неговата музика. Но, на крајот, како што и самиот изјавил, и покрај сите етикети кои му биле залепени, со право или не, во неговиот пасош тој се впишува како „МУЗИЧАР“.

Како музиколог, навистина е значајно за мене да ги согледувам нештата за луѓето од музичкиот свет прикажани на поинаков начин, на филмско платно. Бидејќи, визуелизацијата ве носи директно во нивните животи (така барем би требало), па дури тоа да е и нереална фантазија на сценаристот и режисерот, сепак, задоволството да се оживее сликата за еден, во случајов, композитор, е огромно. Како да се возите во временска машина, или како да сте во музеј (спомен куќа) со сите негови изложени предмети кои сега оживуваат – а, чувството е како да сте еден од ликовите во „Алиса во земјата на чудата“, на пример. Сѐ уште не можам да ги заборавам фасцинациите од „Амадеус“ на Милош Форман или „Малер“ од Кен Расел или „Моја бесмртна љубов“ за Бетовен на Бернард Роуз, итн. И не бадијала толку векови творбите на овие музички магови не само што постојат, опстојуваат, живеат, туку не се надминати, се уште се авангардни, прогресивни, автентични ремек-дела. Колку е тоа генијално, како да сопрело времето, и сè уште во нивната музика, па и милион пати да сме ја слушале, наоѓаме нешто ново, нешто на коешто се воодушевуваме.

И токму затоа, нетрпеливо ја очекував појавата на фимот „Маестро“ на „Нетфликс“ посветен на Леонард Бернштајн (викендов што измина ме држеше таа емоција на истата возбуда како кога првпат го гледав „Малер“) и веднаш најавувам дека ја немав таквата воодушевеност како со „Амадеус“, на пример. Ова е нешто поинакво. Претпоставувам дека Бредли Купер, кој е режисер и го игра главниот лик, намерно не ја доловил целосната слика за композиторот како што тоа е прикажано во некои други филмови со слична идеја, оти навистина се премногу и се веќе видени материјалите за американскиот контроверзен диригент и композитор. „Маестро“ не е документаристички филм од раѓање до смрт (25 август 1918 – 14 октомври 1990). Но, има многу реалност. Каква што помалку се очекува.

„Маестро“ како нецелосен приказ на животот и делото на Бернштајн (веројатно таква била намерата) е чисто огледало на емотивната состојба на композиторот. Фокусот е ставен на неговиот брак со актерката Фелиција Монтеалегре (Кери Малиган) и неговите внатрешни борби со сексуалноста кои го притискаат и го чуваат заробен во окови од кои веројатно се ослободува на крајот на животот, а којзнае дали и тогаш, со оглед на нивното долго потиснување. Извонредно е како е доловен внатрешниот немир, копнежот по ослободување, битката помеѓу рациото и емоцијата, воздржаноста од јавно експонирање на неговата сексуална аспирација, осаменоста во тагата, чувството за неприпадност. Љубовта помеѓу него и неговата сопруга е многу директна и чиста и „сликарски“ доловена, таа постои и опстојува до крајот на животот на Фелиција (која умира од рак, 12 години пред него), но копнежот по паралелните љубови на Бернштајн не исчезнува. Фелиција е онаа којашто знае што сака – стабилна, вљубена, жена која стои цврсто зад целосната кариера на нејзиниот сопруг, посветена мајка на три деца, посветена актерка, но длабоко несреќна поради сознанието дека нејзиниот Лени, како што таа го нарекува, својата љубов ја насочува на други места и знае дека неговата потреба од тоа е посилна и од него самиот. Дури и во едно од писмата таа му пишува: „Ти си хомосексуалец и можеби никогаш нема да се промениш“. Не е дека филмот не ги покажува творечките страсти на Бернштајн. Го гледаме и како композитор и како диригент и како педагог, го гледаме и како ја гради неговата кариера (особено моќна е сцената со изведбата на неговата Миса), но основниот постулат врз кој се потпира „Маестро“ е токму неговата негација на неговото постоење како таков – неодлучен, заробен, несреќен.

Всушност, најсилниот момент во филмот е Бредли Купер. Фасцинира во оваа улога за која, како што и самиот вели, долго се подготвувал. Шест години се трудел да научи да диригира за сцена од само шест минути (прочуениот настап на Бернштајн со Лондонскиот симфониски оркестар, 1976) која е снимена токму со истиот оркестар и каде што Купер навистина диригира. Но, целокупната негова експресија е маестрална. Автентично го доловил ликот на Бернштајн, извонредниот пијанист, атрактивниот композитор и волшебниот диригент од светски глас кој потекнува од еврејско семејство кое емигрирало во САД. Бернштајн студирал на Харвард, а потоа на еден од водечките конзерваториуми, на Музичкиот институт Кертис. Еден од ретките диригенти е којшто диригирал од пијаното, еден од најубавите негови настапи се смета изведбата на „Рапсодија во сино“ од Гершвин со Њујоршката филхармонија (1976), тој е првиот Американец кој диригирал во миланска „Ла скала“, првиот кој ја „популаризирал“ музиката на генијалниот Густав Малер снимајќи ги сите негови симфонии по два пати итн. Па, дел од овие моменти ги има во филмот, но фокусот е на друго место. Купер и во тие мигови е извонреден, во творечкиот и интерпретацискиот занес, и сигурно заслужува „Оскар“ за најдобра машка улога. Дали ќе биде ова негова животна улога, останува да видиме. Секако, улогата на Фелиција, Кери Малиган исто така извонредно ја игра.

Провејуваат и некои непотребни коментари за филмот. На пример, се споменува вештачкиот нос на Бредли Купер со цел физички да го преслика маестрото. За некои е навредливо, како да им се исмева на Евреите, но во негова одбрана секако застанаа наследниците на Бернштајн кои биле вклучени во секој чекор во текот на снимањето на филмот. Но, покрај актерската маестралност на Купер, токму вештачкиот нос ни го дава маестрото пред очи, како да е тој, вистинскиот Леонард Бернштајн. И не го доведува поради тоа до гротеска, како што некои од критичарите се плашеле. Од останатите атрактивности е дека овој филм најпрвин требал да го режира Стивен Спилберг, кој дури го ангажирал Купер за главната улога, но тој уште тогаш му кажал дека му треба време да го проучи материјалот за да види дали може да создаде филм, на што Спилберг (кој сега се јавува како еден од продуцентите, заедно со Мартин Скорсезе), се согласил. Врвна е и фотографијата, но и костимографијата и уште еден интересен момент е што за неа е заслужен костимографот Марк Бриџис. Тој успешно го реконструирал култното одело на Шанел од твид, наведувајќи дека сопругата на славниот композитор купувала од скапи продавници на Петтата авенија, така што костумот на Шанел совршено и прилегал. Ова е втор филм на Купер во кој се јавува како режисер, по „Ѕвездата е родена“, со кој дебитираше на Венецискиот фестивал.

„Маестро“ ја имаше светската премиера токму на Венецискиот филмски фестивал. Седумминутните овации се повеќе од доволен репер за филмот да има успешен пат. И солзите по гледањето на филмот на неговите три деца. Филмот заработи номинации за „Златен глобус“ во три главни категории – за најдобар филм, најдобар режисер и најдобар главен актер. На „Нетфликс“ оценките се 88 посто позитивни. „Неверојатен филм – од дејствие и глума до музика, се е полно со чувства…“, „Бредли Купер е маестрален!“, „Еден од најемотивните филмови некогаш“…

Можеби критиките ќе бидат поделени, но, едно е сигурно – „Маестро“ предизвикува прашања и одговори, полемики, дискусии, особено во музичката фела, а тоа е и суштината на едно уметничко дело. Како што и самиот Бернштајн кажал: „Уметничкото дело не одговара на прашања, туку ги предизвикува, а суштинското значење е во тензијата помеѓу конфликтите на тие одговори“. Вреди да се погледне овој филм за човекот којшто доби 16 „Греми“ награди и 7 „Еми“ и го предводеше најдобриот оркестар на светот – Њујоршката филхармонија. Човекот кој со себе во гроб си зема примерок од „Алиса во земјата на чудата“, диригентско стапче, среќна паричка и партитура од Петтата симфонија на Густав Малер. Сосема доволно за следниот живот!

Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторката.

Извор: Frontline.mk

 

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Уште еден земјотрес во Македонија

Прилично слаб земјотрес со епицентеар близу Кичево, а јачината била од 2 степени според рихтер. Според ЕМСЦ земјотресот бил на длабочина од десет километри. Прочитај повеќе...

Загина српскиот репрезентативец, освојувач на медали од Светско првенство

Стефан Савиќ, репрезентативецот на Србија во ММА, беше убиен претходната вечер во Белград, на 23-годишна возраст. Информацијата дека загина овој млад ММА борец ја објави Арена Спорт, која воедно изрази сочувство до семејството. Се испостави дека тој настрадал во инцидент што се случил во текот на ноќта на аголот од Прочитај повеќе...

Повеќемина скопјани искасани од кучиња скитници

На 24.02.2024 во 19.40 часот во Полициската станица Центар М.С.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Светиниколска“ во Скопје била касната од куче скитник. На 24.02.2024 во 19.45 часот во Полициската станица Карпош, М.М.(23) од Скопје пријавил дека на бул.„Илинден“ во Скопје бил каснат од куче скитник. На 24.02.2024 во 15.25 Прочитај повеќе...

Полицијата во Скопје направи парче со казни: Дури 167 граѓани ќе треба да платат казнен налог, некои ќе останат и без возачка

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 17 санкции за возење под Прочитај повеќе...

Прегазено младо момче во Скопје

Денеска (25.02.2024) во 03.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„Железничка“ и ул.„Димче Мирчев“ патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице(40) од Скопје, удрило во пешак (26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Прочитај повеќе...

Нов земјотрес во Македонија

Слаб земјотрес со епицентеар близу Кичево, а јачината била од 2 степени според рихтер. Според ЕМСЦ земјотресот бил на длабочина од десет километри. Прочитај повеќе...

ЕВТИНО ЛЕТУВАЊЕ ВО СОСЕДСТВОТО И ТОА НА МОРЕ: Цените почнуваат од 150 евра

Туризмот во Бугарија забележа значителен пораст во последните месеци од 2023 година, при што вкупниот приход од ноќевањата е зголемен за 19,8 отсто, што изнесува неверојатни 89,7 милиони бугарски лева или 45.808.353 милиони евра. Ова зголемување е поттикнато од значителниот придонес на нерезидентите, кои сочинуваат речиси 14,5 милиони евра од вкупниот приход, објави веб-страницата БНН. […] Прочитај повеќе...

„БЕЗ 2.000 ЕВРА ОВДЕ УМИРАТЕ ОД ГЛАД“: Марија од оваа европска земја шокираше со цените

Девојка од Балканот со име Марија, која се нашла во еден од финските супермаркети и снимила на лице место кои се цените на производите и објавила на својот „Тикток“, шокираше со скапотијата што владее таму. Таа напиша „тука ќе умре човек без 2.000 евра месечно“. „Не знам кој ме излажа дека Финска не е толку […] Прочитај повеќе...

Скопјанец се преврте со четирицикл, итно е пренесен во градска

На 24.02.2024 во 11.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на место викано „Душановац“, атар на с.Бањани-скопско, лице(65) од Скопје додека управувал четирицикл, се превртел и бил потиснат од четирициклот. Лицето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од […] Прочитај повеќе...

Тешка сообраќајка на автопатот Скопје-Гостивар, има повредени

На 24.02.2024 во 11.45 часот било пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на наплатна станица во Гостивар, товарно возило „ивеко“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од лице(47) од Гостивар, удрило во заштитна ограда и метална канделабра. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од […] Прочитај повеќе...

Работната недела трајно скратена на 4 дена, платата иста: Синдикатите во Европа бараат од работодавците и властите да се огледаат на Британците

Одредени британски компании трајно воведоа четиридневна работна недела, по најголемиот светски тест, кој потврди дека овој тип на работна организација ја зголемува продуктивноста и задоволството на работниците. Всушност, повеќето од компаниите кои учествуваа на тестот трајно ја воведоа четиридневната работна недела, додека сите менаџери рекоа дека четиридневната работна недела има... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Цените на недвижностите „дивеат“: Воведуваат нов данок

Канадската провинција Британска Колумбија сака да воведе данок до 20 отсто на приходите од продажба на станбени недвижности во рок од две години од купувањето, покажа буџетот за 2024 година. Продавачите би платиле данок од 20 отсто доколку го продадат имотот во рок од 365 дена од купувањето. Во втората... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Бундесбанка: Никогаш поголем минус, за прв пат во историјата

Бундесбанката забележа негативни приходи од камати. Загубите што ги направи германската централна банка во милијарди евра во текот на 2023 година се резултат на повисоките каматни стапки, кои ја принудија Бундесбанката да ги повлече сите свои резерви. Бундесбанк објави нулта годишна распределба на добивката во петокот, откако ослободи 19,2 милијарди... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата во Македонија – Нафтата на светските берзи паѓа

Нафтата од типот брент изнесува 81 долари од барел и забележа пад од 2,5 проценти во изминатото деноноќие. Утре Регулаторната комисијата за енергетика се очекува да ги објави новите цени на горивата во Македонија, па така се очекува нова корекција согласно тековите на светските берзи. Во моментов цените на горивата... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Владата воведе забрана, Хрватите возвратија

Владата во Хрватска забрани работа во недела, а компанијата Регинекс излезе со нова деловна идеја – поставување машини за леб. Во населбите Помер, Бањоле и Медулин во Хрватска беа поставени првите авто-сервисни машини за леб, а наскоро свеж леб од машината ќе се нуди и во Винтијан. Продавниците за леб... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Подгответе се: Доаѓаат пари за ЧЕТИРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ во декември! Дали сте еден од нив?

Бик (20 април – 20 мај): Поединците Бикови често се поврзуваат со финансиска стабилност и практичност. Вашиот фокус и одлучност може да доведат до поволни финансиски резултати или можности за зголемен приход. Јарец (22 декември – 19 јануари): Јарците се познати по силната работна етика и амбициозност. Во декември, вашата напорна работа и стратешки пристап... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ИЗБЕГНЕТЕ ЛОША СРЕЌА: Откриено потеклото на традицијата на бакнување на полноќ на новогодишната ноќ

Иако точното потекло на прославувањето на вториот почеток на новата година е непознато, обичајот често се следи на два зимски фестивали: Сатурналија во антички Рим и Хогманај, викиншка традиција која сè уште се слави на Нова година во Шкотска. Сатурналија се одржуваше секоја година за време на зимската краткоденица, а бидејќи беше најголемата забава во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Задолжително на лекар – 6 знаци на недостаток на железо

Ниското ниво на железо е најчестото и најраспространето нарушување во исхраната во светот, особено во западните земји, соопшти Светската здравствена организација. Тие веруваат дека дури две милијарди луѓе, што е над 30 отсто од светската популација, страдаат од одреден степен на недостаток на железо, што е особено честа појава кај жените. Ова се најчестите знаци:... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Ова се сите придобивки од кефирот: од протеини до пробиотици

Кефирот е култивиран, ферментиран пијалок кој потсетува на јогурт. Одредени извори наведуваат дека овој пијалок е стар повеќе од 1000 години и потекнува од Кавказ. Наводно, локалните мештани, познати по своето здравје и долговечност, случајно го откриле додека носеле свежо млеко во нивните кожени чанти. Некогаш малку познат надвор од Кавказ, денес кефирот е особено... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Домашна купка за испукани пети, поефикасна од крема – Потребни се само 2 состојки

Испуканите пети се проблем со кој многумина од нас се соочуваат секојдневно. Отстранетиот калузен епидермис се враќа како бумеранг, а нашите стапала постојано не изгледаат како што би сакале. Оваа купка за потпетици со домашни состојки може да ви помогне да ги трансформирате стапалата пред да влезете во пролетни чевли. Што ви е потребно за... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...