Мајка изгубила 4 бебиња во 6 години, а потоа дознала дека е бремена со четворка

За Алисон и Тони Понто, радоста стигнала по повеќе години поминати во солзи и тага.

Овој пар од Минесота сонувал за големо семејство, но неплодноста и неколкуте спонтани абортуси го одложувале тој план непрекинато.

„Тоа секако влијаеше на нашиот брак“, рекла Алисон. „Ужасно плачев пред секое дарување на дете каде што одев.

-Се прашував зошто и ние не можеме да имаме деца, можеби не сме заслужиле деца?“

Алисон имала 4 спонтани абортуси во 6 години. Откако се обидувале на сите можни начини да затрудни по природен пат, одлучиле за вонтелесно оплодување – ин витро.

Лекарите рекле дека постои само 30 % можност тоа да успее. Но, парот го издржал целиот процес во надеж дека ќе се покаже дека докторите не се во право и дека нивниот труд ќе вроди со плод.

И тоа се случило, за време на прегледите, лекарите не нашле едно бебе. Пронашле три бебиња, барем така мислеле.

Но, потоа било откриено дека Алисон очекува четири бебиња.

Погледнете и споделете со пријателите…