Мајка на две деца умрела од грип бидејќи не можела да си го дозволи лекот од 5.800 денари

Наставничката и мајка на две деца Хедер Холанд починала од последици од грип откако му се пожалила на сопругот дека не може да си го дозволи лекот Тамифлу кој и го препорачале лекарите.

Хедер имала 38 години кога умрела, а зад неа останале сопругот, десетгодишната ќерка и седумгодишниот син.

Сопругот рекол дека Хедер била страствена во својата работа и дека го посветила цел живот во едукација на заедницата во Тексас.

Хедер се разболела во понеделникот, а во средата и бил дијагностициран грип по што лекарите и го препишале лекот Тамифлу кој чини 116 долари (околу 5.800 денари).

Меѓутоа, 38-годишната наставничка проценила дека лекот е прескап и дека не може да си го дозволи. Починала во неделата откако паднала во септички шок.