Македонија го менува Законот за игри на среќа – нема веќе казина и кладилници на секој чекор

Обложувалниците и казината кои се наоѓаат на помала оддалеченост од 300 метри од основните и средните училишта ќе мора да се затворат.

Ова го предвидуваат новите измени во Законот за игри на среќа.

Според измените, кладилниците и коцкарниците не смеат да бидат во близина на училиштата!

Законот предвидува и враќање на лиценците за скоја деловна просторија за автомат клубовите, а кладилниците, со депозит од 500.000 евра ќе можат да отворат 50 уплатни места.

Исто така, новите законски измени предвидуваат воведување на обврска – апаратите во автомат клубовите да не смее да бидат постари од една година, затоа што кај старите апарати не може да се гарантира исправност на игрите.