Македонија ќе и помага на Албанија во имплементација на програмата Еразмус+ и ЕСК
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг за Поглавјето 26, „Образование и култура“рече дека Владата ја препознава важноста на образованието, обуката и програмите за млади, како клучни носители на развојните политики кои придонесуваат за економски раст и отворање нови работни места.
Во однос на младинските политики, тој истакна дека властите продолжуваат да формираат Младински центри во секоја општина за поддршка на младите, дека е донесен е Законот за младинско учество и младински политики, а најави и дека се подготвува нова Стратегија за млади 2023-2027 година.
-Што се однесува до програмите на ЕУ во оваа област, Северна Македонија е многу успешен учесник. Ги потпишавме и почнавме да ги спроведуваме договорите за учество во Еразмус + и Европскиот солидарен корпус, за новиот финансиски циклус. Програмата Еразмус+ се управува со значителна стапка на посветеност и капацитет на апсорпција. Во рамките на 2014-2020 година доделени се 4199 грантови, со вклучени над 32.000 учесници и исплатени 37 милиони евра, посочи Маричиќ.
Во овој дел директорот на Националната агенција за европски програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, истакна дека Националната агенција посветено работи на промоција на Програмите Еразмус+ и Европски солидарен корпус, преку организирање на работилници за добро информирање и запознавање со програмите.
-Создаваме можности за сите, особено за младите. Преку Национални тимови за обука во стручно образование се подготвуваме за следната година – Година на вештини на европско ниво. Вклучувањето во програмите, Истражи ја ЕУ и Спорт ги доближуваме и истакнуваме бројните можностите за сите, рече директорот Ѓоргиевски.