Македонскиот збор одекнува на сите континенти – отворена 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ

Македонскиот збор одекнувал, одекнува и ќе одекнува низ светот, на сите континенти! Со вложувањето во развојот на странската македонистика се следи и остварува аманетот на Мисирков. На Летната школа по македонски јазик, литература и култура, покрај семинаристи од земјите од кои редовно има учесници, сега повторно има семинаристи од земји во кои се надеваме тамошни универзитети ќе постстанат или повторно ќе бидат академски средишта во кои се изучуваат македонскиот јазик, литература и култура – во Охрид се семинаристи од сите страни на светот: од Кина до земјите од регионот.

Ова се дел од пораките и информациите што беа истакнати денес, на свеченото отворање на 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, којашто се одржува во Охрид и ќе трае до 31 август. На отворањето во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид се обратија ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Јанкуловски, на почетокот на обраќањето го цитираше аманетот на Мисирков: „Милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, затоа што тој е наш, како што е наша и татковината.“ Притоа посочи дека за остварување на овој долг од аманетот на Мисирков, клучен е развојот на современата странска македонистика.

– Без неа, заложбите и сонот на Мисирков, ама и на неговите потомци, а наши претходници, не ќе беа целосно остварени. За неа, клучна е токму оваа Летна школа – стожерот на странската македонистичка мисла, порача ректорот на УКИМ.

Тој посочи дека годинава има семинаристи и од НР Кина – таму, веќе се одвива настава по македонски јазик, а минатата година за првпат беше избран лектор и се прави сè Лекторатот да започне забрзан развој. Додека повторно има семинаристи и од САД, Јужна Кореја и Италија, а од Турција, покрај семинаристи од Истанбул, и годинава има и од Анкарскиот универзитет. Нагласи дека на оваа Летна школа има учесници и од Албанија, во период кога интензивно се работи о крај да се оствари иницијативата за повторно отворање Лекторат по македонски јазик во Тирана. По 2-3 години се вратија и семинаристи од Романија, на школата има учесник и од Украина и се зголемува интересот за изучување на македонскиот јазик од семинаристи од Грција. А тука се и семинаристи од земји од кои традиционално, без прекин има учесници на Летната школа: Франција, Полска, Словачка, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Руската Федерација, Чешката Република.

– Сето ова го нагласувам затоа што сакам да укажам дека за нас, секој од вас кој е подготвен македонскиот збор, мисла и вистина да ги пренесува во својата матична културна средина и низ светот е од исклучителна важност. И оние кои сте веќе со децении или години посветени на македонистиката, вклучително и универзитетски професори, истражувачи и докажани преведувачи кои и при исклучитлни предизвици останавте доследни на ставовите за македонистиката и меѓународно ги афирмиравте. И оние кои сте од новите генерации странски македонити и сте на почетното или средното рамниште на познавање на македонскиот јазик – затоа што вие сте иднината, порача Јанкуловски, обраќајќи им се на семинаристите.

Директорката на МСМЈЛК при УКИМ, Весна Мојсова-Чепишевска, посочи дека се потврдува дека ја разбравме пораката што Крсте Мисирков ни ја остави откако неговата книга „За македонцките работи“ веќе била објавена, а неговите идеали сè уште не биле остварени: „Велам, за среќа, има македонска национална култура и историја, зашто тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот како рамноправен член во бројот на културните народи.“

– Потребата тој факт да се афирмира пред светот, особено пред академската заедница, афирмирајќи ја и посебноста на македонскиот јазик и на македонската литература, била причина да се почне со организација на оваа Летна школа. Неспорно, тој факт веќе одамна е афирмиран низ светот и Мисирковите идеали, веќе се остварени. Ама причините за непрекинато одржување на оваа Школа, со текот на годините станаа и побројни. Клучната причина е што постојано има странски македонисти од сите континенти, кои со голема посветеност и со конкретни остварувања, тој факт го афирмираат низ светот, истакна директорката на МСМЈЛК при УКИМ.

Мојсова-Чепишевска и директно им се обрати на учесниците на Школата, притоа цитирајќи и стихови на Ацо Шопов: „Од врвот на светот ја здогледав и препознав мојата земја / распарчена и разграбена од темни братоубиствени војни, / од туѓи желби и посегања да ја присвојат за себе. / Само здивот на едниот нејзин дел / се извишува високо до непознати небеса / и како пролетен ветар од Шара / го заплиснува убавиот Пирин на Јане / и го разбранува синиот Егеј потемнет од мака…“

– Искрено се надеваме дека на оваа Летна школа, вие, не само што ќе ја препознаете и што подобро ќе ја запознаете, туку уште повеќе и ќе се приврзете за нашата земја, со продлабочени знаења за македонскиот јазик, литература и култура. Ние ќе сториме сè за тоа да се случи!, им порача меѓу другото, таа на учесниците на Школата.

Во завршницата на своето обраќање, повторно потсетувајќи на некои стихови на Шопов, таа посебно ја истакна важноста и семинаристите од младите генерации кои годинава доаѓаат за првпат или не биле многупати, да останат посветени на македонистиката и да продолжат да се среќаваат на Летната школа во Охрид, следејќи ја традицијата на многумина свои претходници и современици.

– Затоа што само ако таа традиција продолжи, и овде кај Охридското Езеро се среќавате и после многу лета, вклучително и вие кои годинава доаѓате за пррвпат или не сте биле многупати, и во времето што е пред нас, фактите за македонскиот јазик, литература и култура ќе одекнуваат низ светот, порача директорката на МСМЈЛК при УКИМ.

На отворањето на Школата беше промовиран и зборникот со предавња од минатогодишното издание на Летната школа на МСМЈЛК при УКИМ, а промоторка беше проф. д-р Гордана Алексова, долгогодишна лекторка на школите на Семинарот.

Веќе утре, по отворањето ќе се одржи и првото предавање, а семинаристите веќе следат и лекторска настава. Покрај наставата, во текот на Школата се предвидени и промоции на книги, учества на семинаристите на културни манифестации итн.

Како што беше истакнато на отворањето, Летната школа се одржува со финансиска поддршка од Министерството за култура. Дел од програмските активности се остваруваат со поддршка од Општина Охрид. На отворањето, од страна на директорката, Мојсова-Чепишевска, од името на МСМЈЛК при УКИМ беше упатена благодарност до сите овие фактори коишто ја препознаваат важноста на Летната школа.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Стабилно до четврток, потоа промена – Детална прогноза за времето

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. Во четврток и петок во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен локален дожд претежно во западните делови од земјата. Во петок се очекува и засилен северен ветер претежно вдолж Повардарието. Прогноза за... Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска: Би помогнале на секоја иницијатива за реконструкција на спомен куќи кои се во приватна сопственост

„За спомен куќите кои се во приватна сопственост мене би ме радувала секоја иницијатива којашто ние како Министерство за култура можеме да помогнеме. Меѓутоа, тоа е прашање на приватна сопственост“ истакна Костадиновска-Стојчевска на прес-конференцијата во Владата. Таа додаде дека имало таков случај пред извесен период кога фамилијата на еден наш... Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска: Зголемен интересот за детска литература на македонски јазик

„Искуството од минатите годишни конкурси покажа зголемен интерес за детската литература на македонски јазик. Сакам и во оваа пригода да ги охрабрам авторите и илустраторите да го зголемат својот придонес во квалитетот на овој конкурс. Сакам да ги охрабрам и младите автори кои натаму остануваат во фокусот на нашето внимание“... Прочитај повеќе...

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска ги презентираше новините од конкурот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година

Од денес 3 октомври од 12 часот ќе биде отворен системот за електронско пријавување на конкурот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година. Системот за пријавување ќе биде затворен на 6 ноември во 12 часот. И оваа година електронското пријавување целосно ќе се спроведува преку... Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска: Зголемен интересот за детска литература на македонски јазик

„Искуството од минатите годишни конкурси покажа зголемен интерес за детската литература на македонски јазик. Сакам и во оваа пригода да ги охрабрам авторите и илустраторите да го зголемат својот придонес во квалитетот на овој конкурс. Сакам да ги охрабрам и младите автори кои натаму остануваат во фокусот на нашето внимание“... Прочитај повеќе...

Запленети околу 35 метри кубни бесправно исечени дрва

Денеска (03.10.2023) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, ОСПО-ЕБР и СВР Скопје во близина на местото Рамно, Скопска Црна Гора, запленија три камиони натоварени со околу 35 метри кубни бесправно исечени дрва. Дрвата ќе бидат предадени на ЈП „Национални шуми“ и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска: Зголемен интересот за детска литература на македонски јазик

„Искуството од минатите годишни конкурси покажа зголемен интерес за детската литература на македонски јазик. Сакам и во оваа пригода да ги охрабрам авторите и илустраторите да го зголемат својот придонес во квалитетот на овој конкурс. Сакам да ги охрабрам и младите автори кои натаму остануваат во фокусот на нашето внимание“ потенцираше министерката за култура, Бисера […] Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска: Зголемен интересот за детска литература на македонски јазик

„Искуството од минатите годишни конкурси покажа зголемен интерес за детската литература на македонски јазик. Сакам и во оваа пригода да ги охрабрам авторите и илустраторите да го зголемат својот придонес во квалитетот на овој конкурс. Сакам да ги охрабрам и младите автори кои натаму остануваат во фокусот на нашето внимание“ потенцираше министерката за култура, Бисера […] Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска: Би помогнале на секоја иницијатива за реконструкција на спомен куќи кои се во приватна сопственост

„За спомен куќите кои се во приватна сопственост мене би ме радувала секоја иницијатива којашто ние како Министерство за култура можеме да помогнеме. Меѓутоа, тоа е прашање на приватна сопственост“ истакна Костадиновска-Стојчевска на прес-конференцијата во Владата. Таа додаде дека имало таков случај пред извесен период кога фамилијата на еден наш добро познат уметник, посакал куќата […] Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска ги претстави новините во Конкурсот за проекти од национален интерес за 2024 година: Ги охрабрувам авторите и младите да го зголемат својот придонес во квалитетот на овој конкурс

Од денес 3 октомври од 12 часот ќе биде отворен системот за електронско пријавување на конкурот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година. Системот за пријавување ќе биде затворен на 6 ноември во 12 часот. И оваа година електронското пријавување целосно ќе се спроведува преку националниот портал за Е-услуги. Техничките […] Прочитај повеќе...

5,8 отсто повисоки пензии – Парите легнаа на сметките на пензионерите

Повисоката септемвриска пензија беше исплатена во редовниот рок. Некои банки веќе ја ставија пензијата на располагање и предвремено. Начинот на исплата на пензијата се врати редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот. The post 5,8 отсто повисоки пензии – Парите легнаа на сметките на пензионерите appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нови цени на горивата во Македонија

Од денес горивата се точат по следните цени: моторен бензин „евросупер БС-95“ – 86,00 (денари/литар) моторен бензин „евросупер БС-98“ – 88,50 (денари/литар) дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 86,00 (денари/литар) масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 85,00 (денари/литар) „мазут М-1 НС“ – 48,660 (денари/килограм) The post Нови цени на горивата во Македонија appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Мексико ја престигна Кина

Кина повеќе не е најважниот надворешно трговски партнер на Америка, туку Мексико е, според американските статистичари. Трговската размена меѓу двете земји достигна 263 милијарди долари во првите четири месеци од оваа година, што претставува 15,4 отсто од надворешната трговија на САД. Кога Кина се приклучи на Светската трговска организација во... The post Мексико ја престигна Кина appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Ново значително поскапување на дел од горивата и денеска во Македонија – Цената на нафтата на светските берзи “беснее” и е на највисока точка оваа година

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 92,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР... The post Ново значително поскапување на дел од горивата и денеска во Македонија – Цената на нафтата на светските берзи “беснее” и е на највисока точка оваа година appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска се во пораст и суровата нафта „брент“ првпат од почетокот на годинава достигна цена од 93 долари за барел. Меѓународната агенција за енергија (МААЕ) објави дека доброволното продолжување на дневните ограничувања за производство на нафта од страна на Саудиска Арабија и Русија ќе... The post Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy