Маж тврди дека се вратил од 2075 година: Открил кога ќе почне Третата светска војна

Маж тврди дека се вратил од 2075 година: Открил кога ќе почне Третата светска војна

Најновиот „повратник од иднината“ кој се претставил како Мајкл Филипс тврди дека е роден 2043 година и дека допатувал во нашето време од 2075 година.

Тоа го направил за да го предупреди човештвото на скорашниот почеток на Третата светска војна.

Во видеото објавено на Јутјуб каналот Apex TV раскажал дека во 2019 ќе се случи кратка нуклеарна војна помеѓу САД и Северна Кореја која ќе заврши откако Американците ќе го убијат Ким Јонг-ун.

Последиците од тоа наводно ќе доведат до Трета светска војна во која Русија и Кина ќе војуваат против Велика Британија и Америка.

„Ќе се вклучат уште неколку земји, но тоа ќе биде многу кратка и брутална војна. Ќе трае само три години.

Ќе загинат милиони луѓе, а ќе биде користено и нуклеарно оружје со ограничен капацитет“, вели тој.