Мечка му го одгризала носот откако го убил нејзиното младенче (Видео)

Луѓето не биле премногу благи кога во една емисија се појавил ловец без нос, барајќи милост од гледачите.

Тоа му се случило на Ли Бруки (50), кој ги изгубил носот и горниот дел од усните во борба со мечка која го нападнала откако го убил нејзиното младенче. Но, и покрај неговата несреќа, ТВ гледачите не му биле наклонети. Дури и му порачале дека „добил што заслужил“.

Бруки се сретнал лице во лице со мечка додека минатата година бил во лов со своите пријатели во Вајоминг.

Бесната мајка на убиеното мече го соборила на земја. Бил во несвест. Неколку луѓе ги слушнале неговите вресоци и го нашле еден час подоцна во шумата.

Бруки следните седум месеци ги поминал во болница и имал безброј операции. Поголемиот дел од неговото лице е реконструирано, а има метални плочи и шрафови во главата. Лекарите планираат да му го реконструираат носот и горната усна.

Можеби и не е изненадување, но ниту крвавиот инцидент, ниту бројни операции, ниту критиките кои ги добил после гостувањето во ТВ емисија, не го одвоиле од ловот!