Мек и неодолив колач со јаболко: Има фантастичен вкус, а се прави од најевтини состојки!

Неодолив вкус, се прави за миг, а секогаш ќе барате парче повеќе!

Состојки: 4 јајца; 100 гр ореви; 100 гр гриз; 50 мл масло; 100 гр шеќер; 2 јаболка; 1 ванилин шеќер; 1 прашок за печиво; 200 мл јогурт; цимет

Начин на подготовка: Разматете јајца со шеќер, додајте мелени ореви, гриз, прашок за печиво, масло, рендани јаболка, јогурт и малку цимет.

Сè добро изедначете и ставете во намастен плех.

Печете на 200 степени околу 40 минути. После 15 минути печење, извадете го плехот од рерна и прекријте го со алуминиумска фолија.

Кога ќе го испечете колачот, посипете го со ванилин и шеќер во прав. Исечете го дури кога малку ќе се излади.

Колачот се прави лесно, состојките се евтини, а вкусот е фантастичен. Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: