Мека како душа: Путер лисната погача (Видео рецепт)

Вкусна и мека погача за секакви прилики…

Состојки: 700-800 гр брашно + 100 гр за посипување, 40 гр свеж квасец, 250 мл млеко, 250 мл јогурт, 2 лажички сол, 2 лажички шеќер, 1 лажица масло, 250 гр путер или маргарин за премачкување, 1 јајце, сусам

Начин на подготовка: Во млеко ставете квасец да надојде со шеќер. Со надојдениот квасец замесете меко тесто и оставете го да нарасне премачкано со масло.

Двојно зголеменото тесто премесете го и поделете го на четири еднакви делови. Секој дел развлечете го во круг со големина на тепсијата во која ќе се пече.

На подмачкана тепсија ставете го првиот дел од тестото, премачкајте со омекнат путер кој претходно го поделивте на 3 еднакви дела.

Така правете до последниот дел од тестото. Последниот дел не го премачкувајте од горе, туку краевите подвлечете ги околу погачката. Засечете од средината кон краевите, но не до крај (погледнете го видеото).

Подготвената погача премачкајте ја со јајце и оставете ја да отстои додека рерната не се загрее. Се пече на 200 степени околу еден час или додека не порумени.