Метеоролозите најавуваат студ и снег – еве што ќе се случува со времето

И утре претпладне по одделни котлините ќе има појава на магла и ниска облачност,попладне најпрво во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе се прошират и во другите делови од земјава, а на планините во северозападните делови ќе поминуваат во снег и ќе започне да дува засилен северен ветер.

Во понеделник преку денот ќе биде студено и ветровито со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови. На планините и повисоките места ќе се формира снежна покривка.

И во вторник ќе биде студено и ветровито, претпладне во источните делови со повремен слаб снег.