Мицкоски и Николоски ја претворија ВМРО-ДПМНЕ во партија за пред гранапче

Зоран БОЈАРОВСКИ

Мицкоски направи уште еден чекор со кој ја зацврсти својата позиција и амбиција да биде – и да остане – „премиер“ на опозицијата. Уште еден чекор за да остане на погрешната страна на историјата. Како и многу пати досега кога треба(ше) да се преземе одговорност, да се донесе голема одлука за иднината на земјата и на граѓаните на Македонија.

Се „закопа“ на овие позиции со одлуката да не учествува во работната група за подготовка на уставните измени, а се „забетонира“ со лапнатата јадица со за нив примамливиот мамец во хрватскиот устав наречен – „малцинства“.

И сето тоа заради аматерската белеферска игра со која Мицкоски и Николоски ја претворија ВМРО-ДПМНЕ во партија за пред гранапче.

Затоа во една претходна колумна на Рацин.мк беше напишано дека Мицкоски не го познава концептот на македонската држава кога очигледно е дека афирмира и застапува само поделби.

Таква е актуелната кампања да го пресликаме Уставот на Хрватска и на „наш терен“ и повторно да ги разбудиме злите националистички духови кои не знаат за ништо друго освен да делат.

Дури и во „технологијата“ со која си замислуваат тоа да го направат Мицкоски и неговиот „дупликат“ Николоски ги внесуваат фантазмагориите на поделбите.

Овие апсурдните потези на Мицкоски Ерол Ризаов исклучително добро ги препозна во „елементарната логика“ на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ: „Политичката партија која ќе обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието ќе одлучи дали и какви уставни промени ќе има. Значи, промени на Уставот ќе има, но кога, за тоа ќе одлучува владата на ВМРО ДПМНЕ. Со други зборови, за македонските Бугари да влезат во Уставот заедно со други помали заедници за да продолжат предпристапните преговори на Македонија за членство во ЕУ неопходни се предвремени парламентарни избори на кои ќе победи ВМРО ДПМНЕ“.

Ете тоа е таа „елементарна логика“ која како таква мора да доаѓа од бајачката која очигледно ја извадија од некоја заборавена канцеларија во белата палата каде што ја затурил Груевски.

Ѝ ја избришаа прашината и – оп: Ќе ти исполнам три желби, им рекла бајачката.

Мицкоски си посакал да победи на изборите, да биде премиер и да го промени Уставот со малцинства во него, освен државотворност за Македонците.

Таквата „елементарна логика“ на Мицкоски ги отфрла сите други логики на науката и на реалната политика на кои му укажуваат сите здраворазумски професионалци во земјата и пошироко.

Еве, на пример, професорката на Правниот факултет Ана Чупеска му вели дека „не е без причина тоа што културните групи во нашиот Устав се именуваат како заедници, а не како малцинства“. Потоа, за да биде уште појасно, таа му „црта“ дека „научните кругови јасно укажуваат дека терминолошки ‘малцинството’ може да имплицира расна или културна хегемонија, маргинализација, и дека има тенденција да создаде уставно хиерархизирана фабрикација на супериорност на една група врз друга“.

Ама кој може на Мицкоски да му објасни дека неговата „елемантарна логика“ мириса на мувла од толку што е заостаната кога сака да ги врати малцинствата и дека таа негова „логика“ како што убаво ја дијагностицира Чупеска не е ништо друго освен „дискриминаторска реторика која што фактички, не прави ништо друго освен што отвора можност да ги репродуцира структурите на репресија и супрематизам. Но, во етнопопулистичка вмровска вредносна платформа – тоа нив ги одржува живи и покрај тоа што знаат дека токму ова беа и едни од главните причини за конфликтот од 2001“.

Затоа не можеме, а да не се согласиме со професорката Чупеска кога вели дека тоа што го застапува ВМРО-ДПМНЕ за промена на Уставот е „предлогот за етноцентричен и национално ексклузивен Устав е надреален и деструктивен, а и со тенденција да ги разгори меѓуетничките односи кои се суштествени за опстанокот на нашата држава“.

Затоа тој е на погрешната страна на историјата и на сегашноста и на иднината.

Се прашувам: Какво е тоа чувство? Каква е таа емоција со којашто бил исполнет Мицкоски, на пример, на свечената седница на Собранието кога беше прогласено дека Северна Македонија е членка на НАТО? Во таков момент кога сите ракоплескаа заради остварената стратешка цел, тој стана и од што не знаеше што да прави со рацете, замислете – почна да си ги крева пантолоните, да си го подместува „андрвеарот“. Какво непочитување! Каков безобразлук!

Штета што нема да му го гледаме сеирот кога на иста таква седница во Собранието, кога ќе биде соопштено дека Северна Македонија успешно ги завршила преговорите и станала нова членка на ЕУ. Нема да му го гледаме сеирот затоа што тие што подолго време се на другата страна на историјата, историјата ги „исфрла“ од својот организам, како туѓо тело, како вирус што ќе се излачи со телесните течности.

А оној другиот, Николоски, он би ја „средил“ државата за 6 месеци до една година. Секако дека би ја „средил“, како „млада унионистичка сила“ имаше од кого да учи како се средува една држава – „заробена“.

И толку за него. Не заслужува повеќе. Единствено за што можеме да сочувствуваме со него е неговата губитничка позиција виз-а-ви Мицкоски. Замислете да имате такви амбиции, какви што има Николоски – да биде лидер наместо лидерот – и да бидете во сенка на една таква инфериорна фигура. Депрес, дефинитивно.

*

Кога дуваат ветришта на промени, некои градат ѕидови за да се заштитат од промените, а други градат ветерници и заедно со промените добиваат енергија или храна, во зависност од тоа за што ја изградиле ветерницата.

Во секој случај, овие вторите наместо да се заштитат од проблемите, ги претвориле во предизвик и нoва вредност.

Тоа е една од алатките што ги прави државите, општествата, народите со таков пристап да бидат високо на листата на прогресивни држави. Кон тоа треба да стремиме, а не да останеме на гајбата со пиво пред маалското гранапче.

извор: Рацин.мк

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија. Германскиот канцелар дал поддршка и за следните чекори кои земајва треба да ги направи на патот кон... Прочитај повеќе...

Ковачевски од Молдавија: Само заеднички може да се справивме со безбедносните, економските и енергетските предизвици

„Изминатава година и руската брутална инвазија врз суверена и независна Украина многу јасно ни покажа дека земјите од слободниот демократски свет имаат заеднички безбедносни, економски и енергетски предизвици. Но исто така и дека само заеднички и обединето можеме да се справуваме со истите, доколку сакаме да имаме успех“ изјави премиерот... Прочитај повеќе...

Трагедија: Пронајдена почината млада скопјанка

На 31.05.2023 во 06.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во семејниот дом била пронајдена почината И.Р.К.(33). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција. Прочитај повеќе...

Каракачанов: Бујар Османи во Брисел лобираше за Македонија на штета на Бугарија

Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, во Брисел посетуваше различни институции и лобираше за неговата држава. Контроверзниот бугарски политичар и поранешен функционер, Красимир Каракачанов, со остра критика кон бугарските власти и „восхитување“ за лобирањата од страна на македонската Влада. „Се работи за тотално лобирање од страна на македонската Влада... Прочитај повеќе...

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки во надлеженост на Судскиот Совет во кои се оценува или одлучува за судии, претседатели на судови, иако тие судии или... Прочитај повеќе...

Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија. Германскиот канцелар дал поддршка и за следните чекори кои земајва треба да ги направи на патот кон... Прочитај повеќе...

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки во надлеженост на Судскиот Совет во кои се оценува или одлучува за судии, претседатели на судови, иако тие судии или... Прочитај повеќе...

СДСМ Битола изразува благодарност до сите советници што го поддржаа предлогот на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Битола за разрешување на членовите на Управните и Надзорните одбори во шесте битолски јавни претпријатија кои работат недомаќински

Соопштение на СДСМ Битола: СДСМ Битола изразува благодарност до сите советници што го поддржаа предлогот на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Битола за разрешување на членовите на Управните и Надзорните одбори во шесте битолски јавни претпријатија кои работат недомаќински или со загуба или, пак, не... Прочитај повеќе...

СДСМ: Доста беа врти-сучи изјави, Мицкоски пред лидерска да каже: ЕУ или Левица

Соопштение на СДСМ: По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. Потребно е да го продолжиме европскиот пат и да реализираме уште една стратешка цел. Откако скрининг процесот што се води на официјален македонски јазик, наскоро ќе заврши,... Прочитај повеќе...

Илон Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Илон Маск (Елон Маск), сопственикот на Tesla, SpaceX и Twitter, ја врати својата позиција на најбогат човек во светот. Ова го покажуваат податоците на Блумберг, кој проценува дека нето вредноста на директорот на Тесла сега е околу 192 милијарди долари, наспроти 187 милијарди долари на извршниот директор на LVMH, Бернард... Прочитај повеќе...

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители […] The post Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за Centar.mk. За овие случаи до ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 […] The post Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на градежните материјали. Со најава дека цените на становите во Македонија ќе паднат неодамна излезе […] The post Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република Северна Македонија – НАТТА на која се избраа органите и формите на делување. На седницата согласно Правилата за работа на Асоцијацијата, усвоен е предлогот за […] The post Оддржана констутивна седница на НАТТА appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС кон сите мрежи и 2 GB интернет со важност од 30 дена или xtraNEТ S со 3 GB интернет со важност од 7 дена. Промотивниот […] The post Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy