Милијардер платил за да го убијат и да му го прикачат мозокот во виртуелна меморија

Милијардер од Силициумска долина платил 10.000 долари за да биде на листата на чекање за смртоносен процес на пренос на неговиот мозок онлајн.

Претприемачот Сем Алтман е еден од 25 луѓе на листата на чекање на стартапот „Nectome“, кој ветува дека ќе го прикачи мозокот на своите муштерии во облак (cloud – виртуелна меморија)

Алтман (32), кој сака вечно да го сочува својот ум, ќе мора да умре во текот на процесот кој е сличен на самоубиство во кое асистира лекар. Тој рекол дека е прилично сигурен дека мозоците ќе бидат дигитализирани за време на неговиот животен век.

– Претпоставувам дека мојот мозок ќе биде прикачен во „облакот“. Постои филозофска дебата, но за мене симулацијата е доволно блиску да нешто вреди. Во овој момент, кога генерација на луѓе умира, ја губиме целата нивна колективна мудрост.

-Вие можете да го пренесете знаењето на следната генерација, но тешко е да ја пренесете мудроста, која се учи. Вашите деца мораат да учат од истите грешки, рекол Алтман.