Милионер глумел бездомник и го тестирал келнерот, а неговата реакција можела да го остави без работа (Видео)

Познатиот Јутјубер Коби Персин се облекол како бездомник како би ја снимил реакцијата на персоналот во еден ресторан.

– Не можеме да ве послужиме, нема да ве послужиме денес. Жал ми е поради тоа, му рекол келнерот, но Коби бил упорен. Сепак, келнерот му рекол да се најаде во МекДоналдс.

Потоа Коби се оддалечил и го повикал возачот кој пред ресторанот дошол во Ролс Ројс со куфер полн со пари.

– Ти реков дека имам пари. Она што е лудо е начинот на кој ги судиш луѓето по изгледот. Би можел да го купам ова место само за да те избркам, имаш среќа, му порачал Коби.