Министрите Спасовски и Хојс потпишаа Имплементациски протокол помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Словенија за борбата против трговијата со луѓе

Денеска, (18.03.2022) во клубот на пратеници, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, и министерот за внатрешни работи на Република Словенија, Алеш Хојс, потпишаа Имплементациски протокол помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Словенија за борбата против трговијата со луѓе.

Овој билатерален документ е еден од повеќето што во изминатиот период беа потпишани, чијашто примарна цел ќе биде соработката во превенцијата на трговија со луѓе и сите форми на злоупотреба на деца. Со овој Имплементациски протокол се предвидува и спроведување на заеднички проекти за подигнување на свеста на јавноста за превенција во областа на сузбивање на трговијата со луѓе.

По вчерашното заедничко одбележување на 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија, со симболично „Засадување на најстарата словенечка винова лоза“, покажувајќи ја уште еднаш меѓусебната посветеност за соработка и блискоста на двата пријателски народи, денеска министерот Спасовски со словенечкиот колега Хојс, оствари и работна средба на којашто беше разговарано за низа теми од заеднички интерес. Притоа, заеднички беше оценета досегашната извонредна соработка меѓу двете министерства, со големи перспективи за нејзино продлабочување.

На средбата беше посветено и должно внимание и на проблематиката со илегалната миграција, дотолку повеќе што на ова поле уште од 2016 година наваму со словенечката полиција имаме суштинска, конкретна соработка на словенечки полициски службеници заедно со нашите полициски службеници во делот на обезбедувањето на јужната граница и заедничко дејствување во откривањето и спречувањето на илегална миграција.

Министерот Спасовски истакна дека како и во изминатите години, ефикасното управување со границите и миграциите и спречувањето на илегалната миграција долж таканаречената „Западнобалканска рута„ останува како еден од главните приоритети на Министерството за внатрешни работи, притоа нагласи дека граничното управување во голем степен е усогласено со европските стандарди во делот на граничната безбедност.

Од страна на словенечкиот министер за внатрешни работи, Алеш Хојс, беше пренесена целосната поддршка и помош од Словенија за нашиот реформски пат кон целосно интегрирање во ЕУ, а беше повторена и заедничката заложба за поддршка и соработка во областите на заеднички обуки, борбата против трговијата со луѓе и злоупотреба на деца кои се жртви на трговија со луѓе, како и за соработка во подобрување на капацитетите за управување со границите и миграциитe.

“Словенија е токму една од оние земји кои 30 години ја поддржуваат Република Северна Македонија на нејзиниот европски пат, една од земјите кои навистина работат на тоа да се зачлените во ЕУ и гласно зборуваме во европските институции за тоа. Потпишувањето на овој Имплементацискиот протокол за борбата против трговија со луѓе е само надоградба на една исклучителна соработка на два народи кои постојано покажуваат дека можеме да живееме во соживот, да разменуваме трговски добра, да живееме братски. Во однос на соработката на подрачјето на Министерствата за внатрешни работи, таа соработка е одлична, а вашите информации кои ги добиваме со размена на податоци, не се само важни за нас, туку и за целата ЕУ. Благодарност за сѐ што направивте во текот на првиот мигрантски бран во 2016-2017 година.”

Министерот Спасовски изрази благодарност за постојаниот придонес на МВР на Република Словенија за испраќањето полициски службеници кои учествуваат во Заедничката операција за засилен надзор на јужната граница, што значително придонесува во зајакнување на капацитетите на нашата гранична полиција и истовремено придонесува во борбата против илегалната миграција, поддршка што со согласност на Република Словенија е продолжена до крајот на февруари следната година.

„Можам да пренесам само пофални зборови за соработката со словенечките колеги, кои се присутни на нашата јужна граница и кои преку своето искуство, знаење и европски практики на работење, придонесуваат кон развивање на капацитетите на македонската гранична полиција, со што на некој начин се унифицира работењето на граничните полиции во Европа. И словенечкото МВР идентично како и Владата на Република Словенија ја дава својата целосна поддршка и помош на нашиот реформски пат кон целосно интегрирање во Европската унија. Во крајна линија заедничките интереси, но и заедничките вредности и цели кон кои се стремиме се дополнителен мотив за плодна и квалитетна натамошна соработка на двете министерства”, заврши министерот Спасовски, нагласувајќи дека генерално и оваа средба покажа дека пред нас има и тоа како широк спектар од можности и безбедносни сегменти за партнерско делување, а особено е важно што постои јасна недвосмислена волја таквата соработка успешно да продолжи и во наредниот период.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Расправија во Скопје заврши со пукање, за среќа нема повредени

На 08.12.2022 во СВР Скопје било пријавено дека околу 12.30 часот на ул.„Вуковарска“, по претходна расправија помеѓу Р.Б.(34) и П.Б.(29), од една страна, и В.А., од друга страна, сите тројца од Скопје, В.А. испукал од огнено оружје кон П.Б.. Повредени лица нема, а од проектилот било оштетено паркирано патничко возило.... Прочитај повеќе...

Трагедија во Скопје: Во стан починала млада скопјанка

На 08.12.2022 во 14.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Симеон Кавракиров“ починала М.М.(31) од Скопје. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на... Прочитај повеќе...

Заврши владината седница, донесени серија важни одлуки поврзани со даноците и К-15

Од 108-та владина седница: Предлог измени и дополнувања на законите за данокот на личен доход, за данокот на додадена вредност и за данокот на добивка; прифатен е текст за Спогодба со Албанија со што Северна Македонија добива бесплатен пристап на пристаниште во Драч; донесена е Програмата за поддршка за печатење... Прочитај повеќе...

Приведени двајца насилници од скопско, следува кривична пријава

На 08.12.2022, по преземени мерки и распишан централен распис од Единицата за насилен криминал, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода В.П.(36) од с..Сопиште, скопско и Ј.П.(34) од Скопје. Тие се сомничат дека на 07.12.2022 на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје со уште едно... Прочитај повеќе...

Големо отворање на Штип Сити Мол

На 10.12.2022 година, се отвора најголемиот шопинг центар во источна Македонија, Штип Сити Мол преку целодневна програма, за сите возрасти и вкусови. За најмладите посетители ќе се погрижат: – Стела и Сани – Хорот на Златно Славејче – Аниматори и акробати За возрасната публика, на денот на отворањето свој настап... Прочитај повеќе...

Трагедија: Млада скопјанка почината во стан – полицијата го соопшти идентитетот

Вчера во 14 часот полиција било пријавено дека во стан на улицата .„Симеон Кавракиров“ починала М.М.(31) од Скопје, објави МВР. Според информациите Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство. Од МВР велат дека увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје. Со наредба... Прочитај повеќе...

Пукал во луѓе во Скопје, за среќа нема повредени

На 08.12.2022 во СВР Скопје било пријавено дека околу 12.30 часот на ул.„Вуковарска“, по претходна расправија помеѓу Р.Б.(34) и П.Б.(29), од една страна, и В.А., од друга страна, сите тројца од Скопје, В.А. испукал од огнено оружје кон П.Б.. Повредени лица нема, а од проектилот било оштетено паркирано патничко возило.... Прочитај повеќе...

Големо отворање на Штип Сити Мол

На 10.12.2022 година, се отвора најголемиот шопинг центар во источна Македонија, Штип Сити Мол преку целодневна програма, за сите возрасти и вкусови. За најмладите посетители ќе се погрижат: – Стела и Сани – Хорот на Златно Славејче – Аниматори и акробати За возрасната публика, на денот на отворањето свој настап... Прочитај повеќе...

МВР: Сите дојави за бомби се лажни

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта и други објекти во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави,... Прочитај повеќе...

ЕСМ продажба за декември набави 40.600 MWh електрична енергија за дополнителни снабдувања по одлуки на Влада

ЕСМ продажба за декември набави 40.600 MWh електрична енергија наменета пред сè за потребите за дополнителни снабдувања по одлуки и задолженија од Владата. За набавката се потрошени 16.319,639 евра без ДДВ. Во оваа набавка беше вклучена и базна и пикова енергија кои се со различни цени, односно пониска и повисока,... Прочитај повеќе...

Среќна вест: Драстично намалување на цените на дизелот и бензините

Според информациите дизелот поевтинува за 5 денари, Еуросупер БС-95 ќе се намали за 3,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 4 денари, Намалување ќе има и кај Екстра лесното масло за 4,50 денари за литар и кај Мазутот М-1 НС за 2,115 ден за килограм. Од полноќ дизелот ќе се точи за 79,5 денари, […] The post Среќна вест: Драстично намалување на цените на дизелот и бензините appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Прехранбените фирми можат да се пријават до 20 декември за субвенционирано снабдување од 1 јануари

Субвенционирано снабдување со електрична енергија преку ЕСМ продажба почна од 1 декември за пријавените и прифатени физички и правни лица регистрирани за вршење приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија, по шифри опфатени во одлуката на Владата. Субјектите од оваа категорија кои не поднеле документи или при пријавата поднеле некомплетни документи можат да се пријават […] The post Прехранбените фирми можат да се пријават до 20 декември за субвенционирано снабдување од 1 јануари appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Зголемена динамика на чартер летови Измир-Охрид и Измир-Скопје

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, традиционално присутна на саемот за туризам во Измир, Турција “TRAVEL TURKEY İzmir”. Саемската манифестација се одржува од 8-ми до 10-ти декември 2022 година, во организација на TÜRSAB – Здружението на турски туристички агенции и İZFAŞ, под покровителство на Република Турција, министерство за култура и туризам. Туристичката понуда која […] The post Зголемена динамика на чартер летови Измир-Охрид и Измир-Скопје appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

ЕСМ произведе 13.766 MWh електрична енергија, потребите на домаќинствата и малите потрошувачи се целосно задоволени со сопствено производство

ЕСМ произведе 13.766 MWh електрична енергија, потребите на домаќинствата и малите потрошувачи се целосно задоволени со сопствено производство АД ЕСМ на 08.12.2022 година произведе 13.766 MWh електрична енергија, од кои 11.203 MWh од термоелектраните и 2.563 MWh од хидроелектраните и Ветерниот парк Богданци. АД ЕСМ со сопственото производство целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и […] The post ЕСМ произведе 13.766 MWh електрична енергија, потребите на домаќинствата и малите потрошувачи се целосно задоволени со сопствено производство appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Новогодишна понуда на А1

Неограничен интернет, 5G, зголемени субвенции за мобилни услуги и A1 Combo Business поволности со A1 NET PROTECT 24 месеци без надомест Скопје,9.12.2022г.- А1 Македонија со огромно задоволство го најавува новото портфолио за мобилни услуги за деловните корисници A1 Business Pro, кое нуди комплетно решение за сите компании и низа атрактивни поволности. “Свесни за потребата на […] The post Новогодишна понуда на А1 appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy