Мистериозна огнена топка падна на Земјата! Жителите мислеле дека е НЛО, а војската ја открила вистината

Мистериозната огнена топка забележана во саботата на небото над Перу го вознемирила тамошното население.

Објектот кој бил во облик на сфера, направен од непознат метал, претставувал вистинска мистерија за тамошното население.

Многумина сметале дека станува збор за НЛО објект и стравувале од инвазија на вонземјани.

Но, перуанските воздушни сили брзо го откриле изворот на пламенот откако локалните жители пронашле округол предмет во близина на Ларанкахуани во близина на границата со Боливија.

Граѓаните ги известиле воздушните сили, кои потоа објавиле фотографии и соопштиле дека објектот е остаток од сателит.

– Според првичните резултати од анализата, ова би можело да биде складиште за гориво на искористен сателит, односно сателит кој престанал да работи. Се работи за вселенски отпад, рекол командирот Педро Палка.