Млад струмичанец заработил 20.000 евра преку Фејсбук, но направил една голема грешка

Млад струмичанец заработил 20.000 евра преку Фејсбук, но направил една голема грешка!

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против 25-годишник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување’’.

Во текот на 2015 година пријавениот со продажба на услуги преку социјалната мрежа “Фејсбук” остварил приход од 1.260.511 денари (околу 20.000 евра).

Парите ги примил преку брз трансфер на пари, но за таа сума не платил данок во висина од 126.051 денари и за таа сума го оштетил буџетот на Република Македонија, информира полицијата.