МОЈСОВА-ЧЕПИШЕВСКА: Во 2023 година да започнеме уште едно моќно поглавје од нашата приказна со кое македонскиот збор уште посилно ќе одекне низ светот

Почитувани,

На крајот на оваа 2022 година, се чини вистинско време е Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) да си го постави Мисирковото прашање: „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?“ за македонскиот јазик, литература и култура и нивната афирмација во светот. За нашата македонска приказна која ја раскажуваме на странските универзитетски центри и воопшто во странските културни средини… Тоа ни е и обврска кон нашите претходници кои ги поставија темелите на македонистиката, пред странските македонисти и слависти кои заедно со нас, таа приказна ја раскажуваат низ светот, но и пред генерациите што остануваат и доаѓаат по нас, заради кои мора да мислиме „шчо требит да праиме за однапред“.

Во годината што ја оставаме зад нас ни се случи јубилејната, 55. Летна школа, со околу 60 учесници од 17 држави, а меѓу нив, покрај универзитетските професори и значајни истражувачи од славистичкиот свет и истакнатите книжевни преведувачи беа и нови, млади посветеници на македонистиката. Тие се една од гаранциите дека во годините пред нас, македонската приказна уште повеќе ќе се раскажува низ светот. А за да им овозможиме да ја раскажуваат снажно и автентично и мошне важно, за приказната да е втемелена во знаење, како што нè учеше и Горан Стефановски, објавивме и нови изданија на учебниците за македонски јазик, литература и култура за странци, подготвени според меѓународните стандарди, како и прв аудио-учебник – за да може не само да се прочита, туку и да се чуе и разбере македонскиот збор.

Колкава е моќта на научната вистина за македонистиката се потврди и на Втората зимска школа што ја организиравме на далечина и на 49. Меѓународна научна конференција посветена ма македонскиот јазик, литература и култура. Но, и секојдневно се потврдува во наставата и научната работа на над 20 странски универзитетски центри во светот на кои се изучува македонистиката, од кои во повеќе од 10 има и лекторати по македонски јазик. Токму од оваа 2022 година, бројот на универзитетски центри и лекторати е и поголем. Се отвори и Катедра за македонски јазик и Лекторат по македонски јазик на Факултетот за јазици, историја и географија на Анкарскиот универзитет во Турција. Веќе се направија и последните подготовки и за отпочнување настава и учење на македонскиот јазик на престижниот Факултет за странски јазици на Универзитетот во Пекинг. Со Лекторат по македонски јазик, македонската приказна ќе се раскажува и во Кина. Но, не запираме тука – оствареното ни дава верба, надеж и сили и натаму да препознаваме каде сѐ има интерес да се изучуваат македонскиот јазик, литература и култура и да се заложиме македонската приказна да почне да се раскажува и на други универзитетски центри во светот.

Во оваа 2022 година, кога одбележавме и 60 години македонистика на Универзитетот во Љубљана и кога меѓу другото се успеа македонскиот јазик да можат да го изучуваат и сите студенти на Истанбулскиот универзитет каде македонистиката се изучува непрекинато 36 години, ни се случија и бројни книжевни преводи од македонски јазик со влог на некогашни и сегашни студенти од нашите лекторати низ светот и учесници на нашите школи, но и бројни нови научни трудови и монографски публикации од странски македонисти.

Дали направивме доволно, најверојатно ќе покаже времето пред нас, но знаеме дека го сторивме сето она што можевме не само за да се раскажува и покажува нашата приказна, туку и за да се случи нејзино следно поглавје. За тоа поглавје ќе работиме и во 2023 година. Силна е желбата повторно да се отвори Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана, но и барем да започнат одредени активности за лекторати и на други универзитетски центри во странски културни средини во кои има интерес за македонскиот збор и македонската мисла.

Во 2023. ќе се одржи и јубилејната, 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ. Научна конференција со најдолга традиција во нашата држава, а воедно и научна конференција за јазик, национална литература и култура со најдолга традиција во регионот! И тоа во годината кога ќе се навршат 100 години од раѓањето на знаменитиот поет на нашата приказна, Ацо Шопов, заради што и Научната конференција ќе биде и во чест на неговото дело. Исто како и Третата зимска школа и 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, коишто ќе ги организираме во 2023 година. Токму со Зимската школа, за која веќе има голем интерес кај странските македонисти и слависти, чествувањето и новото навраќање кон делото на Шопов ќе го започнеме уште кон крајот на јануари, со посакување годината да ја завршиме и со преводи од неговото творештво на повеќе странски јазици преку кои македонската поетска реч уште еднаш ќе одекне низ светот.

Но, во годината што е пред нас ќе се случат и други јубилеи значајни за странската македонистика. Меѓу нив и половина век македонски јазик, литература и култура на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, и тоа откако во 2022 година, македонистиката доби статус на ретка научна дисциплина во Франција, со што се гарантира нејзината заштита и самостојност. Ама и 35 години македонистика на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, Полска, и исто толку години на унгарскиот универзитет ЕЛТЕ во Будимпешта и 15 години на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека, кој заедно со Филозофскиот факултет во Загреб е еден од центрите на македонистиката во Хрватска.

Ама сето остварено досега и сето она што го планираме и посакуваме да се оствари и „шчо требит да праиме за однапред“ не би било остварилово без влогот на странските македонисти и слависти кои се најважните раскажувачи на македонската приказна во светот. Затоа, и во овие празнични мигови, должни сме да им упатиме благодарност.

Во исто време, благодарност упатуваме и до најголемиот поддржувач на активностите и заложбите на МСМЈЛК при УКИМ, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски и до ректорската управа. Затоа што ако зад секоја иницијатива и активност на МСМЈЛК при УКИМ не стои и Универзитетот, нашата мисија не би можела да се остварува или барем не онака како што ја остваруваме.

Благодарни сме и на институциите што ја препознаваат нашата мисија и ни овозможија поддршка во 2022 година, кога ни беше потребна, пред сѐ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и на Институтот за македонска литертура. Но, и на Министерството за култура и на Министерството за образование и наука, кои овозможија финансиска поддршка за дел од активностите кои ги остваривме во годинава што останува зад нас. Искрено, се надеваме дека во 2023 година, поддршката може и треба да е и посилна и поголема, затоа што афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура низ светот мора да е наш државен приоритет за кој секој ќе го даде својот влог.

Почитувани,

Речиси секојдневно ја цитираме мислата на Блаже Конески дека „јазикот е нашата единствена комплетна татковина“. Дел од долгот и обврската што ги имаме кон таа наша татковина е да сториме сè што можеме на македонски јазик, но и на сите други јазици на кои говорат странските посветеници на македонистиката, нашата македонска приказна да се раскажува ширум светот.

Посакувам во следните 365 дена, на сите да ни се исполнат желбите коишто силно и искрено ги посакуваме. Меѓу нив, и нашата заедничка желба, која чинам е најсилна – во годината што е пред нас, заедно со странските македонисти и слависти и со странските универзитетски и научни центри да започнеме уште едно ново, моќно поглавје од нашата приказна со кое македонскиот збор уште посилно ќе одекне низ светот.

Од името на МСМЈЛК при УКИМ и од свое лично име, ви посакувам убави и хармонични празнични денови.

Среќна Нова 2023 година!

Срдечно,

проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска,
директорка на Меѓународниот семинар
за македонски јазик, литература и култура
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 06.02.2023 до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Ф.(20) од Скопје, заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје... Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска во официјална посета на Париз

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска е во официјална посета на Париз, Франција, каде што ќе се сретне со директорот на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Лазаре Елоунду Асомо, како и со Ернесто Отоне, помошник-генерален директор на УНЕСКО за култура. На средбата ќе стане збор за активностите во рамките... Прочитај повеќе...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ работи на тензии и нарушување на односите со Бугарија за попречување на европскиот пат

Соопштение на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, заложниците на ДИмитар Апасиев и Левица остануваат на спротивната страна од националните и државните интереси. Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за нарушени односи со Бугарија е потенцирање на нивните политики за создавање тензии, конфликти и провокации. Наспроти тоа Владата предводена од СДСМ, гради добри односи... Прочитај повеќе...

СДСМ: Нови 100 милиони евра од ЕУ, почетокот на преговорите носи резултати

Соопштение на СДСМ: Почетокот на преговорите со ЕУ носи видливи и конкретни резултати. Европската комисија даде предлог за макрофинансиска помош до 100 милиони евра за Северна Македонија, односно поддршка за економијата за следните две години. Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија поддржувајќи ја и... Прочитај повеќе...

83 санкционирани возачи во Скопје: девет без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло) Изречени се две мерки... Прочитај повеќе...

Поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 06.02.2023 до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Ф.(20) од Скопје, заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје... Прочитај повеќе...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ работи на тензии и нарушување на односите со Бугарија за попречување на европскиот пат

Соопштение на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, заложниците на ДИмитар Апасиев и Левица остануваат на спротивната страна од националните и државните интереси. Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за нарушени односи со Бугарија е потенцирање на нивните политики за создавање тензии, конфликти и провокации. Наспроти тоа Владата предводена од СДСМ, гради добри односи... Прочитај повеќе...

СДСМ: Нови 100 милиони евра од ЕУ, почетокот на преговорите носи резултати

Соопштение на СДСМ: Почетокот на преговорите со ЕУ носи видливи и конкретни резултати. Европската комисија даде предлог за макрофинансиска помош до 100 милиони евра за Северна Македонија, односно поддршка за економијата за следните две години. Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија поддржувајќи ја и... Прочитај повеќе...

83 санкционирани возачи во Скопје: девет без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло) Изречени се две мерки... Прочитај повеќе...

Бајден: Односите меѓу САД и Кина не се ослабени по рушењето на балонот

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден (Џо Бајден) истакна дека односите меѓу Вашингтон и Пекинг не се нарушени по падот на кинескиот балон. Бајден рече дека верува оти балонот треба да се издува веднаш штом тоа е соодветно, истакнувајќи дека Вашингтон јасно му ставил до знаење на Пекинг што... Прочитај повеќе...

Повторно големо поевтинување на горивата – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67% во однос на одлуката од 3.2.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за […] The post Повторно големо поевтинување на горивата – ова се новите цени appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Лукаревска: Воведуваме „е-фактура“ во борбата против сивата економија

Во поглед на сивата економија имаме предизвици, што значи дека ќе имаме и нови проекти во оваа насока, рече директорката на УЈП Сања Лукаревска за време на годишната конференција „Година на нови можности“. -Еден од најголемите проект е „е-фактура“, што е ризик фактор кај најголемите даночни обврзинии. Тоа ќе значи намалување на фиктивните фактури и […] The post Лукаревска: Воведуваме „е-фактура“ во борбата против сивата економија appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Бежовска: Инфлацијата почна да се намалува, очекувам да биде едноцифрена

Инфлацијата не доведе до класичен ценовен шок, но таа резултираше со покачување на каматните стапки, рече гувернерката на Народната банка, Анита Бежовска. Таа посочи дека минатиов период на светско ниво се случил најсинхронизиран циклус на затегнување на монетарните политики. -Ние одговоривме преку стабилен девизен курс на домашната валута, рече Бежовска. Таа додаде дека клучни аспекти […] The post Бежовска: Инфлацијата почна да се намалува, очекувам да биде едноцифрена appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Бишев: Буџетот е стабилен, капиталната сила ги апсорбираше ризиците

Бакарството е циклична индустрија, вели владиниот советник Глигор Бишев за време на годишната конференција „Година на нови можности“. Тј кажа дека во добри периоди на економијата има и добри профити кај банките и тоа ја јакне капиталната сила, додека пак во лоши времиња се апсорбираат ризиците токму преку капиталната сила. -Од тој аспект македонската банкарска […] The post Бишев: Буџетот е стабилен, капиталната сила ги апсорбираше ризиците appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

МТСП: Во тек е етапната исплата на јануарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на 30.1.2023 година (понеделник) почнува етапната исплата на пензиите за јануари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите што не користат картички ќе се реализира во четири групи, и тоа според висината на пензијата: – за пензии […] The post МТСП: Во тек е етапната исплата на јануарските пензии appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy