Момче бездомник пришло до автомобил да побара пари, но кога погледнало внатре почнало да плаче

Малиот Џон Туо е еден од многуте бездомници кои живеат во Најроби во Кенија. Децата од улица често се гледаат со презир и потсмев. Останатите често ги нарекуваат крадци, но Џон докажал дека иако е просјак, со најнизок социјален статус, има срце од злато.

Еден ден, додека Џон просел пари од возачи, запознал жена по име Гледси Каманде. Гледис патела од болест на белите дробови која предизвикува проблеми со дишењето. Постојано зависи од кислород во боци, а потребна и е справа за дишење, а сè тоа мора непрекинато да го носи со себе.

Но тоа не е се, 32-годишната жена имала вкупно 12 операции, а една од нив предизвикала да го изгуби видот.

Како љубопитно момче, Џон ја прашал жената за што и се тие справи. Како што му објаснувала, така очите му се полнеле со солзи.

Почнал да плаче, сфаќајќи дека, колку и да е тежок животот на улица, судбината на Гледис е многу полоша од неговата. Почнал да плаче кога видел дека не може ништо да направи за да и помогне.

Џон ја фатил Гледис за рака и го молел Бог да и подари сè што е потребно за лекување. Потоа, од својот џеб извадил малку пари кои ги имал.

Еден минувач, кој бил зачуден од емоциите на ова момче, ја направил приложената фотографија и ја споделил на социјалните мрежи. Приказната брзо стекнала популарност.

Откако приказната се проширила, велокодушни странци собрале 3 милиони шилинзи за Гледис во само четири дена. Собраните пари покриваат речиси половина од 7-те милиони шилинзи кои и се потребни за лечење во Индија.

Но, тоа не е единствената добра вест.

Гледис му помогнала на Џон да се тргне од улица, па моментално расправаат за враќањето на Џон во училиште. Рекол дека е среќен поради тоа… само ако не мора премногу да се оддалечува од Гледис – жената која ја смета за своја мајка.