Монструм од Сибир: Го полил своето куче со вода на -32 степени и го оставил да замрзне

Суров сопственик на куче старо година дена од Јакутск во Русија го полил својот миленик со вода и го оставил надвор на минус 32 степени, пренесе The Siberian Times.

Соседите слушнале како кучето се мачи пред својата куќичка и веднаш повикале активисти за заштита на животните. Иако волонтерите успеале да го ослободат животното оковано во лед и да го однесат кај ветеринар, веќе било доцна, па му ги скратиле маките со инјекција.

– Никогаш нема да ги заборавам неговите очи. Дали некогаш сте виделе човек кој сака да живее, а веќе умира? Кучето изгледаше токму така, како да знаеше што го чека, а не знае зошто, се присетува една од активистките.