На 6-годишно болно момче никој не му дошол на роденден, полицијата го решила проблемот! (Фото)

Глен Бурати од Флорида го славел 6-тиот роденден. Неговата мајка на прославата поканила 16 деца. Меѓутоа, никој не дошол, а потоа забавата ја „спасиле“ полицајци, пожарникари и локални жители.

Глен боледува од епилепсија и има аутизам. Неговите родители Ешли и Џон Бурати на 8. февруари на неговиот роденден ги повикале децата на пријателите, но никој не се појавил. Момчето било многу тажно, а мајката своето разочарување го искажала на Фејсбук.

– Од моментот кога се разбуди сакаше само да знае кога ќе му дојдат пријателите. Кога никој не дојде, Глен се расплака, напишала мајката на локална Фејсбук група со околу 10.000 членови.

Кога останатите членови ја прочитале таа порака, почнале да ја прашуваат Ешли дали може да ги донесат своите деца на роденденската прослава. Пораката дошла и до шерифот кој испратил хеликоптер да прелета преку куќата на Глен. Пилотот летал доволно ниско за Глен да види како го поздравува. На крајот на прославата дошле 15 деца и 25 возрасни. Донеле куп подароци.

Прославата не завршила бидејќи три дена подоцна се појавиле и пожарникарите кои го повозиле во својот камион. Дошле и неколку полицајци со мотоцикли и автомобили кои исто така му честитале роденден, пишува Дејли мејл.