На Американците да им кажеш f*ck off од чиста суета, треба да си глуп или некој од надвор дебело да те спонзорира

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Американската дипломатија од секогаш била моќна, затоа што зад зборовите стоеле други моќни алатки кои ги поткрепувале дипломатски срочените фрази. Оттаму и дипломатскиот вокабулар што го употребуваат официјалните претставници на американската администрација е најчесто директен, во очи, без завиени флоскули, особено кога ќе почувствуваат дека претходните „пораки“ не допреле до адресираниот.

Индикативно е што ваквиот начин на комуникација следува во ситуации кога „службите“ ќе проценат дека геостратешките интереси на САД на некој начин се загрозени или има тенденција на нивно денунцирање.

Неразумното опирање на македонската опозиција да ги подржи уставните промени со што би се довел во прашање започнатиот процес на преговори за членство во ЕУ, очигледно е сигнал за аларм кај американските сојузници во НАТО кои немаат веќе време да се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ во дипломатски ракавици и затоа ќе добијат ваква пријателска порака:

„Исто така, сакам да бидам јасен за влијанието врз односите со САД ако Северна Македонија избере друг пат – да се реши против уставни измени, да заталка од патот кон ЕУ… Тоа би било загрижувачки за една членка на НАТО, земја за која се обврзавме дека ќе ја браниме врз основа на заедничките вредности, да го заврти грбот на ЕУ. Затоа, ние сме пријатели, нема да прекинеме да бидеме пријатели, но лидерите во САД го набљудуваат изборот што тука ќе се направи во наредните месеци и се надеваме дека вашиот избор да се приклучите безбедносно во НАТО ќе се надополни со слична одлука да и се приклучите на ЕУ.“, изјави Крис Марфи, американски сенатор при скорешната посета на Македонија.

На оваа посета на сенаторот Марфи му претходеше Сослушување во американскиот Сенат за Македонија на кое тој лично се интересираше за состојбите во македонско-бугарските односи и за важноста од уставните измени за продолжување на европскиот пат на земјава.

Дерек Шоле, советникот на Стејт Департментот на сослушување за Западен Балкан во Комитетот за надворешни работи на Сенатот, појасни „дека треба да се донесат тешки одлуки во однос на уставните промени кои од нив се бара да ги направат, но дека САД ја поддржуваат Македонија во тие напори, а тоа ќе помогне да се отклучи следната фаза од нивниот процес за пристапување во ЕУ“

За поддршката на САД за интеграцијата на регионот во ЕУ зборуваше и заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар.

„За да ги продолжи своите аспирации кон ЕУ, Северна Македонија е посветена да донесе уставни промени за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор“, изјави Ескобар.

Ескобар рече дека од опозицијата не се бара да го поддржи премиерот, туку евроатлантскиот пат на Македонија.

На сите овие апели, укажувања и предупредувања нашата опозициска ВМРО-ДПМНЕ одговара дека под овие услови и под бугарски диктат уставните измени не се можни и тие како претставници на граѓаните немаат легитимитет да одлучуваат по ова прашање, дека власта еднострано тера процес без да бидат уважени забелешките и укажувањата од страна на опозицијата.

За на Американците од чиста суета да им кажеш fuck off треба да си или глуп или пак многу моќен. Па дури и тогаш ќе треба да се размислиш малку пред да го сториш тоа.

Друго е прашањето ако некој од надвор те спонзорира за да му бидеш маша во глобалните геостратешки игри за надмоќ, поттикнати уште повеќе со реалната војна што се одвива на европскиот континент во Украина.

Нашата опозициска ВМРО-ДПМНЕ се однесува баш така, како да е поддржана од моќна сила надвор од НАТО алијансата, која ја охрабрува да ја држи Македонија на другата страна од евроатлантскиот блок со кочење на процесот на пристапните преговори со ЕУ.

Американскиот ангажман во Украина е јасен, а ние како НАТО сојузник сме определени на таа страна. Затоа ВМРО-ДПМНЕ не само што со таквиот став си создава моќен непријател од што може да има последици како партија, туку ја става во залог и државата и граѓаните.

САД досега се докажале како наши големи пријатели и во време кога другите сили само се декларирале како такви. Нема потреба од пријател да направиш непријател. Особено моќен.

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Frontline

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Шаховското дерби на Алкалоид и САД со многу заплети до нерешен резултат

Светското екипно првенство за шахисти над 50 годишна возраст во Струга веќе во третото коло го донесе дерби мечот на највисоко рангираната екипа, репрезентацијата на САД, со шахистите на Алкалоид кои се четврти носители на турнирот. Мечот заврши нерешено, 2:2, но самите партии ни оддалеку не беа мирољубиви. Шахистите на... Прочитај повеќе...

Спасовски за Фронтлајн и Цивил Медиа: СДСМ е стожер на проевропскиот фронт, за мене е важно тој проевропски фронт да ја добие довербата на граѓаните

Во интервјуто за Фронтлајн и Цивил медиа, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски запрашан за приклучувањето на СДСМ на проевропскиот фронт, рече: „Еднаш и засекогаш мора да се одвојат прогресивните сили во државата визави сите оние кои што ја влечат државата назад, оние ретроградни сили, оние сили коишто не ѝ... Прочитај повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Власта со таканаречениот „солидарен данок“, сака да ги одере фирмите

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: „Наместо да се бори против сивата економија, владата со новиот данок ќе земе арач од лојалните фирми на државата, кои си ги плаќаат редовно даноците, а со тоа дополнително ќе ја стимулира сивата економија. Ваквата мерка не е солидарност туку арамилук. Со новиот данок, каде е... Прочитај повеќе...

Каква е состојбата на патиштата?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува: НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец Кавадарци – Прилеп е нормализиран. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање) на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско до 23.09.2023 г. ќе биде затворена за сообраќај во период од 08:00 – 18:00 часот. СОСТОЈБА: Сообраќајот... Прочитај повеќе...

Времето се менува – Синоптичарите ја објавија најновата прогноза

Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со умерен југоисточен ветер. Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во... Прочитај повеќе...

Шаховското дерби на Алкалоид и САД со многу заплети до нерешен резултат

Светското екипно првенство за шахисти над 50 годишна возраст во Струга веќе во третото коло го донесе дерби мечот на највисоко рангираната екипа, репрезентацијата на САД, со шахистите на Алкалоид кои се четврти носители на турнирот. Мечот заврши нерешено, 2:2, но самите партии ни оддалеку не беа мирољубиви. Шахистите на Алкалоид влегоа во мечот со […] Прочитај повеќе...

БОНУС ОД МИЛИОН И ПОЛ ДЕНАРИ ВО СПОРТ ЛАЈФ

  Нов милионски тикет во „Sport Life” – Струмица, со помош на големиот Фибоначи бонус на добивката од 610% . Ова шесткратно зголемување на добивката, редовниот играч на „Sport Life“ го остварил со уплатени 50 денари, а освоил неверојатни 1.795.145 денари. Дури 1,5 милион денари се од бонусот на добивката, која инаку би изнесувала 300.000 […] Прочитај повеќе...

Спасовски за Фронтлајн и Цивил Медиа: СДСМ е стожер на проевропскиот фронт, за мене е важно тој проевропски фронт да ја добие довербата на граѓаните

Во интервјуто за Фронтлајн и Цивил медиа, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски запрашан за приклучувањето на СДСМ на проевропскиот фронт, рече: „Еднаш и засекогаш мора да се одвојат прогресивните сили во државата визави сите оние кои што ја влечат државата назад, оние ретроградни сили, оние сили коишто не ѝ помагаат на државата да напредува. […] Прочитај повеќе...

Возило со дипломатски таблички се запали во движење во Кисела Вода

Возило со италијански дипломатски таблички настрада во пожар вечерва во скопска Кисела Вода. 41-годишен скопјанец возел со возилото марка „џип“ одел кон Сопиште, но забележал чад од хаубата, по што застанал и побарал помош од локалците. -Вечерва во 19.29 час. во СВР Скопје од страна БППЗ пријавено е дека на место викано Теферич -К.Вода гори […] Прочитај повеќе...

Времето се менува – Синоптичарите ја објавија најновата прогноза

Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со умерен југоисточен ветер. Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Пороен дожд […] Прочитај повеќе...

Мексико ја престигна Кина

Кина повеќе не е најважниот надворешно трговски партнер на Америка, туку Мексико е, според американските статистичари. Трговската размена меѓу двете земји достигна 263 милијарди долари во првите четири месеци од оваа година, што претставува 15,4 отсто од надворешната трговија на САД. Кога Кина се приклучи на Светската трговска организација во... The post Мексико ја престигна Кина appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Ново значително поскапување на дел од горивата и денеска во Македонија – Цената на нафтата на светските берзи “беснее” и е на највисока точка оваа година

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 92,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР... The post Ново значително поскапување на дел од горивата и денеска во Македонија – Цената на нафтата на светските берзи “беснее” и е на највисока точка оваа година appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска се во пораст и суровата нафта „брент“ првпат од почетокот на годинава достигна цена од 93 долари за барел. Меѓународната агенција за енергија (МААЕ) објави дека доброволното продолжување на дневните ограничувања за производство на нафта од страна на Саудиска Арабија и Русија ќе... The post Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Го преплавија српскиот пазар: Русите основаа околу 7.000 компании

Руските граѓани имаат основано 6.976 компании во Србија од почетокот на војната во Украина. И покрај оваа бројка, под знак прашалник е дали сите овие компании ќе придонесат за растот на српската економија или се само начин руските граѓани да добијат дозвола за постојан престој во Србија со која дополнително... The post Го преплавија српскиот пазар: Русите основаа околу 7.000 компании appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Борба против инфлацијата: Европската централна банка по 10-ти пат ја зголеми каматната стапка

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ја зголеми каматната стапка 10-ти пат по ред во борбата против постојаната и висока инфлација која ги мачи потрошувачите, иако расте стравот дека повисоките трошоци за задолжување можат да придонесат економијата да влезе во рецесија . Зголемувањето на стапката за четврт процентен поен доаѓа додека... The post Борба против инфлацијата: Европската централна банка по 10-ти пат ја зголеми каматната стапка appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy