Национален електронски идентитет- граѓаните со личната карта ќе вршат електронска идентификација и електронско потпишување

Електронскиот пристап, е-процедурите и е-бизнисот наскоро може значително да се поедностават и во Македонија. Имено, Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за внатрешни работи, за потребата од изработување План за воспоставување Национален електронски идентитет за секој граѓанин и го разгледа и прифати Планот, заедно со План за реализација.

Целта е доделување електронски идентитет на граѓаните на Република Северна Македонија, што, според посочувањето од Министерството за внатрешни работи, треба да е носечки столб за дигиталната трансформација на општеството, со тоа што ќе овозможува унифициран пристап за користење на електронските услуги и размената на податоци, како во државата така и надвор од неа (земјите од Западен Балкан и Европската Унија).

Според Уредбата (ЕУ) бр. 910/2014 на Европскиот парламент и на Советот од 23 јули 2014 година за електронска идентификација и доверливи услуги за електронски трансакции на внатрешниот пазар и за укинување на Директивата 1999/93/EC (eIDAS) предвидена е национална правна регулатива за областа на доверливи услуги, каде што уредбата eIDAS (Услуги за електронска идентификација и доверба- која се однесува на низа услуги кои вклучуваат проверка на идентитетот на поединци и бизниси преку интернет и проверка на автентичноста на електронските документи) дозволува или овозможува национални процедури и регулативи.

Довербата во електронските трансакции е клучна за успешна имплементација на електронскиот бизнис, особено прекуграничниот. На 1 јули 2016 година, во сите земји на Европската Унија стапи на сила уредбата eIDAS, која е една од клучните мерки на Европската дигитална агенда, чија цел е да се зајакне довербата во електронските трансакции помеѓу компаниите, граѓаните и јавната администрација на национално и низ внатрешниот пазар на ЕУ и да ги отстранат клучните пречки за нивната прекугранична употреба.

Регулативата eIDAS ја обединува правната основа за употреба на електронски потписи на електронски документи во сите земји-членки на ЕУ и опфаќа два дела: електронска идентификација, каде што уредбата не ги попречува системите за управување со електронски идентитет и поврзаните инфраструктури на земјите-членки, туку само ги поставува условите под кои земјите-членки ги препознаваат средствата за електронска идентификација на физичките и правните лица кои се вклучени во нотифицираната шема за електронска идентификација на друга земја-членка, како и доверителските услуги, каде што уредбата во целост ја регулира областа.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека Националната електронска идентификација (МКеИД) треба да се користи во сите деловни процеси и трансакции кои користат електронски услуги без разлика дали тие се услуги од јавниот сектор, приватниот сектор, интеракции помеѓу поединци или претставуваат склучување договор/и помеѓу неколку физички лица.

-За широко прифаќање и употреба на МКеИД платформата, истата треба да биде едноставна за употреба: целосно прифатена од сите граѓани и во сите јавни и приватни институции; да овозможува користење на услуги од јавниот и приватниот сектор; да се користи во внатрешните процеси во јавниот сектор како и за размена и пренос на информации помеѓу органите на јавниот сектор; да овозможува две основни функционалности: електронска идентификација и електронски потпис, со можност понатаму да бидат проширени; електронска идентификација со МКеИД да биде на високо ниво на сигурност согласно Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги и МКеИД да биде основа за целокупното електронско управување со идентитетот на граѓанинот, велат од МВР.

МкеИД треба да овозможува четири функционалности:

Електронска автентикација (задолжителна)

-Автентикација е електронски процес кој овозможува електронска идентификација на физичкото лице, или кој овозможува потврдување на потеклото и интегритетот на податоците во електронска форма. Функционалноста за електронската автентикација треба лесно да се интегрира во сите деловни процеси, каде се бара идентификација на физичко лице.

Креирање на електронски потпис (задолжителна)

Употребата на напреден електронски потпис (AdES) или квалификуван електронски потпис (QES) утврдени со EIDAS Регулативата. Квалификуваниот електронски потпис има иста правна и доказна сила како и своерачниот потпис. Функционалноста за електронско потпишување треба да се интегрира во сите деловни процеси каде што од лицето се бара потпис за да се потврди неговата/нејзината волја или согласност.

Верификација на електронски потпис (опционална)

Валидација е постапка за проверка и потврдување дека електронскиот потпис е валиден, дека документот е создаден од познат испраќач и дека истиот не бил изменет во пренос. Валидацијата на електронски потпис е интегрален дел од процесот на управување со дигитални потписи.

Криптирање/декриптирање на податоци (опционална)

-Во зависност од избраниот концепт, МКеИД може да овозможи и функционалност за криптирање и декриптирање на документи. За криптирање може да се користи посебен пар клучеви, но за да се намали бројот на ПИН-кодови кои што треба да ги запамети граѓанинот, може да се користи истиот пар клучеви како за идентификација. Од безбедносна гледна точка, нема разлика во нивото на криптографска заштита, велат од МВР.

Според искуствата од другите држави Националниот личниот електронски идентитет ќе може да се евидентира и на биометриските лични карти, конкретно кај нас Планот за воспоставување на Национална електронска идентификација за сите граѓани на лична карта е по примерот на Република Србија и Република Црна Гора.

-Планот за основна имплементација на националниот електронски идентитет за секој граѓанин ќе се заснова на надградба на документот за лична идентификација (личната карта) со функционалности кои ќе овозможат електронска идентификација и електронско потпишување, а како опционална придружна имплементација може да се има во предвид и воведување на мобилна апликација со истите функционалности. Воведувањето и имплементацијата на оваа платформа треба да се гледа како една севкупна општествена корист здобиена од зголемување на ефикасноста на процесите во државата, а не како самостоен профитабилен деловен проект, велат од МВР.

Во пракса, тоа би значело дека корисникот ќе може да се идентификува со дигиталниот сертификат на личната карта кога користи јавни услуги на други земји-членки и на тој начин валидно да потпише правно обврзувачки документ онлајн.

Треба да се напомене дека уредбата eIDAS пропишува меѓусебно признавање на идентитети само за субјектите од јавното право, додека меѓусебното признавање на идентитети не е обврзувачко за економските субјекти.

Извор: 24info.mk

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 06.02.2023 до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Ф.(20) од Скопје, заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје... Прочитај повеќе...

Костадиновска-Стојчевска во официјална посета на Париз

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска е во официјална посета на Париз, Франција, каде што ќе се сретне со директорот на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Лазаре Елоунду Асомо, како и со Ернесто Отоне, помошник-генерален директор на УНЕСКО за култура. На средбата ќе стане збор за активностите во рамките... Прочитај повеќе...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ работи на тензии и нарушување на односите со Бугарија за попречување на европскиот пат

Соопштение на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, заложниците на ДИмитар Апасиев и Левица остануваат на спротивната страна од националните и државните интереси. Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за нарушени односи со Бугарија е потенцирање на нивните политики за создавање тензии, конфликти и провокации. Наспроти тоа Владата предводена од СДСМ, гради добри односи... Прочитај повеќе...

СДСМ: Нови 100 милиони евра од ЕУ, почетокот на преговорите носи резултати

Соопштение на СДСМ: Почетокот на преговорите со ЕУ носи видливи и конкретни резултати. Европската комисија даде предлог за макрофинансиска помош до 100 милиони евра за Северна Македонија, односно поддршка за економијата за следните две години. Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија поддржувајќи ја и... Прочитај повеќе...

83 санкционирани возачи во Скопје: девет без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло) Изречени се две мерки... Прочитај повеќе...

Поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 06.02.2023 до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Ф.(20) од Скопје, заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје... Прочитај повеќе...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ работи на тензии и нарушување на односите со Бугарија за попречување на европскиот пат

Соопштение на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, заложниците на ДИмитар Апасиев и Левица остануваат на спротивната страна од националните и државните интереси. Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за нарушени односи со Бугарија е потенцирање на нивните политики за создавање тензии, конфликти и провокации. Наспроти тоа Владата предводена од СДСМ, гради добри односи... Прочитај повеќе...

СДСМ: Нови 100 милиони евра од ЕУ, почетокот на преговорите носи резултати

Соопштение на СДСМ: Почетокот на преговорите со ЕУ носи видливи и конкретни резултати. Европската комисија даде предлог за макрофинансиска помош до 100 милиони евра за Северна Македонија, односно поддршка за економијата за следните две години. Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија поддржувајќи ја и... Прочитај повеќе...

83 санкционирани возачи во Скопје: девет без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло) Изречени се две мерки... Прочитај повеќе...

Бајден: Односите меѓу САД и Кина не се ослабени по рушењето на балонот

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден (Џо Бајден) истакна дека односите меѓу Вашингтон и Пекинг не се нарушени по падот на кинескиот балон. Бајден рече дека верува оти балонот треба да се издува веднаш штом тоа е соодветно, истакнувајќи дека Вашингтон јасно му ставил до знаење на Пекинг што... Прочитај повеќе...

Повторно големо поевтинување на горивата – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67% во однос на одлуката од 3.2.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за […] The post Повторно големо поевтинување на горивата – ова се новите цени appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Лукаревска: Воведуваме „е-фактура“ во борбата против сивата економија

Во поглед на сивата економија имаме предизвици, што значи дека ќе имаме и нови проекти во оваа насока, рече директорката на УЈП Сања Лукаревска за време на годишната конференција „Година на нови можности“. -Еден од најголемите проект е „е-фактура“, што е ризик фактор кај најголемите даночни обврзинии. Тоа ќе значи намалување на фиктивните фактури и […] The post Лукаревска: Воведуваме „е-фактура“ во борбата против сивата економија appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Бежовска: Инфлацијата почна да се намалува, очекувам да биде едноцифрена

Инфлацијата не доведе до класичен ценовен шок, но таа резултираше со покачување на каматните стапки, рече гувернерката на Народната банка, Анита Бежовска. Таа посочи дека минатиов период на светско ниво се случил најсинхронизиран циклус на затегнување на монетарните политики. -Ние одговоривме преку стабилен девизен курс на домашната валута, рече Бежовска. Таа додаде дека клучни аспекти […] The post Бежовска: Инфлацијата почна да се намалува, очекувам да биде едноцифрена appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Бишев: Буџетот е стабилен, капиталната сила ги апсорбираше ризиците

Бакарството е циклична индустрија, вели владиниот советник Глигор Бишев за време на годишната конференција „Година на нови можности“. Тј кажа дека во добри периоди на економијата има и добри профити кај банките и тоа ја јакне капиталната сила, додека пак во лоши времиња се апсорбираат ризиците токму преку капиталната сила. -Од тој аспект македонската банкарска […] The post Бишев: Буџетот е стабилен, капиталната сила ги апсорбираше ризиците appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

МТСП: Во тек е етапната исплата на јануарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на 30.1.2023 година (понеделник) почнува етапната исплата на пензиите за јануари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите што не користат картички ќе се реализира во четири групи, и тоа според висината на пензијата: – за пензии […] The post МТСП: Во тек е етапната исплата на јануарските пензии appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy